- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.219
- Поени од реакции
- 1.477
Владата продолжува со провокативното користење на античките теми, што е еден од елементите за дејствување на Владата што беше подготвен кога во Букурешт се решаваше за македонското членство во НАТО.
„Јавнете го Букефал“...Таква беше пораката што пред повеќе од една и пол деценија секоја вечер ја слушавме на каналот на државната телевизија. Оваа порака беше наменета пред се' на децата, а во нејзина заднина одеше обична наградна игра за исполнување на еден албум со сликички што ги печатеше едно детско списание. Коњот го нарекоа Букефал според коњот на славниот војсководец Александар Велики. Никој тогаш сериозно не се занимаваше со оваа забава, освен, се разбира, децата кои, ако собереа доволен број парчиња од „Букефал“ и ако одговореа на прашањата кои се печатеа во едно детско списание, можеа да отпатуваат во Дизниленд во Париз.
Денеска Букефал е повторно актуелен, но не како забава за децата туку како многу сериозна забава. Овојапт, за возрасните. За Букефал се зборува на улиците, во кафеаните, во политичките кругови, во партиските штабови. Сликата на Букефал, токму како во детската наградна игра, се пополнува парче по парче. Деловите од мозаикот се појавуваат секоја вечер од телевизиите што се под контрола на Владата или, пак, излегуваат сегмент по сегмент од премиерскиот и од министерските кабинети, во вид на имиња на автопати, стадиони, плоштади, аеродроми.
Денес Букефал е се'. Тој е парадигма на современите политички случувања во она што требаше да биде модерна Македонија. Букефал е синоним за неуспешноста на една цела владина гарнитура, име на постбукурешка Македонија. Нешто како утешна награда за неуспехот да се заокружи дводецениската политика за зачленување на земјата во НАТО и во ЕУ.
Современата приказна за Букефал започна пред точна една година кога во критичните мигови на калкулации дали Грција ќе ги оствари заканите за вето или Македонија ќе успее да се провлече низ блокадите на својот јужен сосед, неколку медиуми блиски до Владата излегоа со наводен план Б кој премиерот Никола Груевски и неговите министри го подготвувале во случај евроатланските интеграции да доживеат фијаско. Веста за таквиот план тогаш помина речиси незабележано, но сегашните потези на Владата се' повеќе го потврдуваат неговото постоење.
ПЛАН Овој план се состоеше од неколку точки. Првата точка беше за официјално прекинување на Привремената спогодба со Грција и за прекинување на сите понатамошни разговори со Атина околу спорот за името на нашата земја. Точката 2, пак, предвидуваше да се упати официјално барање до Обединетите нации за признавање на Македонија под уставното име. Дури беше опишана и процедурата чиј прв чекор ќе биде обраќање до Советот за безбедност на ОН или пак до Генералното собрание, или и до двете овие организации доколку е тоа потребно.
Точка 3, понатаму, велеше дека ќе биде организиран референдум за задржување на уставното име на која сите граѓани би излегле да гласаат со цел „на кој било сегашен и иден политичар на висока функција да му биде оневозможено да се согласи на промена на уставното име“. Во планот постоеше и точка 4 која вели дека ќе започне процедура за враќање на старото знаме „имајќи предвид дека промената на знамето не придонела за намалување на проблемот со името“.
Започнување на процедура за враќање на уставните амандмани што беа укинати во почетокот на деведесетитте со цел Македонија да манифестира добра волја кон Грција-беше точката 5 во планот Б. Точка 6 предвидуваше започнување на правна постапка за малцинското прашање за Македонците во Грција како и за имотните прашања на Македонците што некогаш живееле во егејскиот дел на поранешна Македонија.
Многу интересна е точката 6 која вели дека целокупната пошта што ќе биде испратена во Македонија со крајна дестинација ФИРОМ ќе му биде враќана на испраќачот со назнака дека таква земја не постои и дека поштата се зигубила во држава со име Република Македонија. Понатаму, точката 8 вели дека „стотици улици, патишта, згради, стадиони, спортски сали и плоштади ќе бидат преименувани и ќе ги носат имињата на големите македонски личности од античкиот период“, а исто така ќе им бидат подигнати споменици на овие личности во голем број градови низ државава.
Има и точка 9 која предвидува автопатот од коридорот 10 на трасата меѓу граничните премини Табановце и Богородица да се преименува во автопат „Александар-Македонски“. На новиот аеродром во Штип (што допрва треба да се гради), се пофалија тогаш медиумите, ќе му биде дадено името Филип Втори, но, во меѓувреме, тоа име се пресели во Скопје за Градскиот фудбалски стадион.
Планот Б исто така предвидуваше да се подигне нивото на комуникација и да се воспостават поблиски релации со Северен Кипар, како и да продолжи и да се зацврсти сојузништвото со САД и со Турција, со можност за нов воен сојуз со овие две земји. И најпосле, последната 12- точка велеше дека на дресовите на македонските спортски репрезентативци ќе има обележја од македонската антика.
ИСПОЛНУВАЊЕ. Денеска за поголем дел од овие претходно споменати точки може да се каже дека се или исполнети или се во фаза на исполнување. Привремената спогодба меѓу Македонија и Грција функционира само во делот на границата која се уште е формално отворена но фреквенцијата на размена на гости од двете страни е значително намалена. Денес, да патуваш од Македонија кон Грција безмалку се смета за велепредавство на националните интереси, а таквиот дух излегува токму од Илинденска бб.
Старото македонско знаме или шеснаесеткракото сонце кое што по барање на Грција и во знак на добрососедство беше укинато од страна на македонските власти и беше заменето со денешното државно знаме, повторно се враќа на спортските терени, во емисијата на државната телевизија „Гласот на народот“ и во музичките манифестации посветени на јакнењето на националното чувство на Македонците. Иако, формално, тоа знаме не е вратено во официјалниот државен симбол на нашата земја, неговата се' почеста употреба кажува дека се исполнува и овој дел од планот Б на Владата.
Споменикот на Александар Велики во Штип
Референдумот за зачувување на уставното име е се' поизвесно дека ќе се случи, но не со такво прашање, туку според она што се анализира во политичките кругови . Имено, Владата е подготвена да ги даде на референдумско изјаснување некој од идните предлози на Нимиц, најверојатно, Северна Македонија. За ова име, патем, пред десетина денови шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани упати безмалку јавен повик до Владата во Скопје, нарекувајќи го прифатливо решение за надминување на спорот.
Прашањата за македонското малцинство во Грција и имотите на Македонците што биле протерани од Егејска Македонија веќе подолго време е на маса не само дома кај нас, туку Владата се погрижи да ги покрене во својата машинерија и европските институции како и медијаторот Метју Нимиц.
n ПРАВЦИ И масовното преименување на објекти во имиња од античкото време веќе подолго време е во тек, како и подигањето на споменици од кој најважен секако ќе биде споменикот на Александар Велики, кој, според планот на Владата ќе го краси центарот на Скопје и тоа во огромни димензии. Да се гледа дури и од космосот. Бидна и автопатот Александар Македонски.
Клучната „стратегиска“ точка од планот Б се однесува(ше) на надворешната политика. Според овој план, Македонија треба да ги јакне односите со непризнаената територија на кипарските Турци кои тие ја нарекуваат Турска Република Северен Кипар. Оваа земја е целосно изолирана и е признаена само од Република Турција. Владата досега не покажа знаци на зближување со Северен Кипар со кои единствена точка на спојување може да ни биде само непријателството кон Грција. Но, затоа,односите со Турција кои досега беа многу добри, сега може да се каже дека бележат нагорна линија.
Турција е голем пријател и силен поддржувач на Македонија речиси од почетокот на осамостојувањето и тоа пријателство трае без оглед која влада е на власт вол Скопје. Меѓутоа, од ноември минатата година со Турција односите се подигнати на уште повисоко ниво преку склучувањето на Договор за стратегиска соработка. Да потсетиме, таков договор досега нашата земја има склучено само со Америка откако се случи неуспехот во Букурешт да добиеме покана од НАТО.
Она што беше видливо во изминатиот период а и сега, е свртеноста на нашата надворешна политика кон Русија. Последниве неколку месеци Русија и државите што произлегоа од поранешниот комунистички СССР станаа топ политичка дестинација за Владата. Неодамна руската амбасада во Македонија организираше дури и голема прослава по повод 15-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со нашата земја, чија цел првенствено беше ширењето на духот на затоплените односи меѓу двете земји.
Меѓу гостите што дојдоа да го потврдат новостекнатото пријателство беа министрите за надворешни работи Антонио Милошоски и за одбрана Зоран Коњановски, но и личности како Тодор Петров, Зоран Тодоровски од Државниот архив, академик Блаже Ристевски, поранешниот амбасадор во Москва Димитар Димитров, што остава владин печат врз изборот на гостите. Познавачи на македонско-руските релации велат дека и покрај нагласеното пријателство со Москва, не се оптимисти во однос на клириншкиот долг на Русија спрема Македонија во износ од 50 милиони долари.
БУКЕФАЛИЗАЦИЈА. Веста за букефализацијата на Македонија веќе ги помина границите и одамна се прошири во регионов а и подалеку. Како најсилен сигнал дека работите одат во тој правец се доживува и кандидатурата на професорот Ѓорге Иванов за претседател на Македонија зад која застана владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Тој заедно со професорот Светомир Шкариќ се автори на книгата за античкото минато на Македонија и се најголеми поддржувачи на владината определба за јакнење на националното чувство кај Македонците преку редовно потсетување на нивните антички корени.
По два месеци ќе се наврши цела година од самитот на НАТО во Букурешт кога македонските граѓани го доживејаа најголемото разочарување. Шокот што уследи по неуспехот за влез во НАТО Владата умешно го реши во своја корист бескрупулозно манипулирајќи со националните чувства на граѓаните. Манипулацијата се' уште трае.
Минатиот викенд премиерот Никола Груевски го помина во Минхен каде учествуваа заедно со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски на Меѓународната конференција за безбедност. Таму се зборуваше и за проблемите кои го тресат Западен Балкан-новата „референца“ со која не' нарекуваат во меѓународните политички кругови. Главната поента на расправата што се водеше е дека без решение за спорот околу името Македонија не може да очекува напредок во процесите на зачленувањето во ЕУ и НАТО. Иако се слушнаа гласови на осуда кон притисоците што ги трпи нашата земја околу името и идентитетот, Грција и таму го наметна својот триумфалистички пристап.
Премиерот Груевски по оваа конференција несомнено ќе има уште еден мотив за размислување дали да продолжи со планот Б или пак да се врати на подзаборавениот план А. Новиот политички правец изумен од сегашната Влада а наречен букефализација на Македонија, не е дел од овој план. Букефал и онака е забава за деца, а со Македонија управуваат возрасни луѓе.
http://www.globusmagazin.com.mk/default.asp?ItemID=8AF7277DA2F8B24987A2DE9EBF30F2CF