Лингвалните фиксни протези, поточно, фиксните протези кои се ставаат од внатрешната страна на забните лаци, од страната на јазикот.
Предности на лингвалните протези
Како прво, лингвалните протези се ставаат од внатрешната страна, така да другите од прв поглед не можат да забележат дека носите фиксни протези. Лингвалните протези ги исправуваат забите скоро во исто време како и обичните (букални), но сето тоа зависи и од видот на аномалијата која ја има пациентот.
Лингвалните протези се особено добри за вработени, деловни луѓе кои имаат контакт со странки и на некој начин би сакале да избегнат нивни реакции во врска со ортодонтскиот третман, актери, луѓе вработени во телевизијата, како и спортисти, поготово оние кои имаат меѓусебен контакт со противникот.
Негативности на лингвалните протези
И кога мислиме дека се` е совршено, секогаш постои едно „ама“. Малку е потешко човек да се навикне на овие протези отколку на класичните. Има неколку причини за тоа.
Една од нив е загризот. Многу е важно каков загриз има пациентот. Нормално ќе биде како што ќе изминува времето вашиот загриз да се менува, што е случај со сите протези, па додека не се намести како што треба, ќе треба да внимавате кога јадете и да гризете пополека, да не откачите некоја брикета (тие желевцата што ви се залепени на заб), поготово затоа што некои од ортодонтите во земјава наплаќаат такви работи, но исто така да не ги скршите долните заби.
Втората лоша работа е самото место каде што се наоѓаат протезите. Тука е јазикот. Можете само да претпоставите какви рани ќе ви прави протезата на јазикот за тоа време додека ја носите. И миењето заби нема да биде толку многу лесно. Голтањето и џвакањето ќе бидат ограничени.
Третата, и можеби најлоша работа е што ќе зборувате како тригодишно дете првите недели, а можеби и во текот на целиот третман. За да имате некоја претстава во главата како би збореле со внатрешна фиксна, позиционирајте го јазикот меѓу забниот лак на долната вилица, не го мрдајте и пробајте да изговорите неколку зборови. Тука е најголемиот минус на овие протези, затоа што создава повеќе потешкотии во зборувањето отколку сите други видови на протези.
Цена
Ќе кажам за Скопје, затоа што отприлика тука знам колку е цената, иако на прсти се бројат ортодонтите кои се решаваат кај своите пациенти да вградат вакви протези. Една внатрешна фиксна протеза чини 1000 евра, 700 евра повеќе отколку класичната фиксна протеза.
Сега ќе кажам и мое видување за оваа нова мода.
Имам јас од класичните фиксни протези и секоја вечер, поготово ако сум јадела телешко, маста ми се вади додека ја исчистам, храната помеѓу брикетите со помош на интрадентална четка и конец за заби. Не ни сакам да претпоставам како би им било на тие со лингвална фиксна ако им се заглави нешто
Друго, јазикот е проблем. Кога ќе станам од спиење, имам осет дека по образите некој ме бодел со игла, поготово првата недела откако ми ги ставија, потоа се навикнав, можам да замислам јазикот како ќе боли Па и зборувањето.. Па и цената. А исти брикети, прстени и сајли се употребуваат, само тоа што треба да се монтираат одвнатре крева цена :uvo:
Единствена позитивна работа според мене е што не се гледаат. Кога го прочитав другово, не зажалив што имам вакви протези.
Темава ја отворив воглавно за некои членови што прашуваа какви се тие протези, па еве им детално објаснување