Marionka_z
Omnia mea mecum porto
- Член од
- 16 јануари 2009
- Мислења
- 208
- Поени од реакции
- 29
О, свашта...и новинари и медиуми и уредници и сопственици и се е одамна одвеано кај нас, туку ај...Немам зборови.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Дневник: Скандалозен упад во независноста на медиумите
Владата ги „ажурира“ новинарите
Досега не се случило некоја институција да побара список на сите новинари на „Дневник“ (со телефонски броеви), како што тоа вчера го направи Владата
Да испратите до Владата список со сите новинари на „Дневник“. Со вакво скандалозно барање вчера, околу 15 часот, во нашата редакција во повеќе наврати се јавија неколку службенички од Владата. Тие не знаеја да објаснат зошто нивните претпоставени бараат список на нашите новинари. На нашиот предлог да испратат официјално барање потпишано од надлежно лице, тие прво одговорија дека тоа не е можно, бидејќи списокот е потребен многу итно.
Со цел да дознаеме зошто на Владата и' е потребен список на новинарите од „Дневник“, се јавивме кај владиниот портпарол Шефик Дураку. Еве како течеше разговорот:
„Дневник“: Владата барала список на новинарите од „Дневник“. Ќе ви испратиме, но освен имиња, кои други податоци ги барате? Телефон, матичен број...
Дураку: Не мора матичен број. Да се напише во која рубрика е новинарот и неговиот мобилен телефон.
„Дневник“: А за што ви е потребен таков список?
Дураку: Не знам. Мартин Протоѓер го бараше. Мислам дека му треба за некакви брифинзи.
„Дневник“: Зарем за тоа е потребен список на сите новинари?
Дураку: Да, ама мислам дека е најважно да бидат наведени сите новинари од политичката и економската рубрика.
„Дневник“: А новинарите од спортската рубрика?
Дураку: Не, тие не ни требаат.
„Дневник“: До кога да ви го испратиме списокот?
Дураку: Па, најдоцна за половина час. Многу е итно.
Откако го пробивме „рокот“ за испраќање на списокот, владините службенички повторно се јавија со истото барање, а поради итноста, на крајот барањето го испратија и во електронска форма. Во него се вели: „Почитувани, во рамките на редовното ажурирање на списоците на новинари вработени во печатените и електронските медиуми, Ве молиме, да ни доставите список со име и презиме на новинари кои се вработени во вашиот дневен весник. Благодариме на соработката“.
Потоа телефонски ни беше соопштено дека сите медиуми испратиле податоци, се чекало само на „Дневник“ за да се комплетира списокот. Досега не се случило некоја институција на ваков начин да бара податоци за вработените во „Дневник“. Нашите новинари не се тајни или изолирани од јавноста за да мора некој, а најмалку Владата, да ги „ажурира“ на ваков начин. Патем, за тоа кој новинар ќе оди на брифинг не решава Владата, туку уредничкиот колегиум. Колку за потсетување, редакцијата „Дневник“ секој ден објавува импресум во кој се наведени имињата на уредниците и редакциските телефони.
Вака почна и кога дојдоа нацистите.
"Дајте листа од сите новинари, ќе ги посети чичо Менгеле!"Следен чекор гледаш педери и луѓе со дипломи топат железо и чекаат да бидат “туширани“.
Колку да не се иде до збунка, ова погоре не е колумната на Никола Гелевски (како што напишал SuicideMessiah), туку мое мислење во контекст на колумната од Гелевски на следнава тема.Po se izglea Gruevski bara telefon najmnogu od Gelevski poradi edna malku pozastarena kolumna :
Авторот на колумната пукал директно во центарот на лагите.
Браво Гелевски.
Во времето кога некое пишлиме се двоумеше дал да стане боксер актер или економист, некој успеа без никаков конфликт да ја осамостои државата, да направи функционален устав, да оформи државни институции, да направи функционална дипломатија, да отвори амбасади и дипломатски претставништва во голем број држави, да создава пријатели низ светот, да оформи армија, да создаде денар наместо динар, да се избори со инфлација од 700%, да се соочи со двегодишно ембарго, и уште многу многу потешкотии со кои Македонија како држава се соочуваше се до крајот на конфликтот од 2001-ва....за да во 2006-та дојде Грујо и рече:
Нека биде светлина! Покорете се на Вашиот создавател!
Јас сум најдобриот економист, и ќе ве препородам!
И блесна портокалова светлина.
Ама нешто тоа економијата слабо ја учел во Прилепа града.
Невработеноста се зголемува, сиромаштијата расте, странски инвестиции нема, трговски дефицит најголем до сега.....
Виде дека тешко некако ќе му помине приказната со економскиот експерт, па реши да се стори патриот.
И би патриот.
Па сеуште ние не препородени, на пола препород не батали, и реши да ги препородува нашите во Поранешна Отоманска Покраина Грцијаи Бугарија.
И ги препороди.
На една страна фрчат писма, поштари......гулаби насекаде, ради бољи рејтинг.
А на друга Станишев го дупи у здрав мозок среде Скопје, а овој само глава му клима.
На една прес конференција вика дека името не го давал.
На друга дека идентитетот му бил најважен.
Ништо и од патриотизмот.
Сврти на Милошов и јака надворешна политика.
Тука сме јаки. Тука Грујо е цар.
Тука сме најдобри од сите пред нас.
Нема веќе дудлање на педофилите од ЕУ и НАТО.
Македонија без нив.....чекори кон подобра иднина.....велеа Кајганџиите.
Аха. Чекори.
Ама во кој правец ?
И пак ништо.
Рикверц по стариот пат.
Експериментот...неуспешен.
На ред дојде земјоделската препородба.
И тука би голем препород!
У секој град, у секое село.....Грујо стави по еден Sинго.
За да полесно им оди породувањето.
Браво царе.
Sинговците низ Македонија...ептен ги препороди.
И тоа со по два/триста хектари земја по Sинго.
Ама Sинго да е само во Кратово убаво ќе да е.
Sинго има и во Струмица, и во Велес, и во Неготино, и во Куманово, и во Долнени......
По еден Sинго во секое населено место.
Преродбата продолжува.
Море чек....чек.
Чееекај малку !
А борбата против корупцијата и криминалот бе...а ? А Бајруш?
Е да де. Бајруш.
А полицајците од царина ?
А Докиќ ?
А Змиско око ?
А Танески ?
А Југ.
А Хисен Џемаили ?
А продажба на оружје ?
А Бачило ?
А украден предмет за осомничени платени убијци ?
Борба против корупција и криминал со 90% паднати предмети...а!?
А 5,5 милиони евра за патриотски фискални?
А 3 милиончета у џеб на брачедот, а остали за избори ?
А фамили бизнис кој се занимава со енергетика ?
А Окта бе ? Шо бидна со Окта?
Окта уште чади, ама вас изгледа к.. ве боли.
Ви лупнаа розеви наочари и по некое евро за да не ви се гледа тоа чадот......а?
Миленко каде e? Или он чади само пред избори ?
А олигархот Штерјо што нели ја украде пола Македонија.....каде е? Демек ќе го апсевте?
А Механџиски ? Колку е сега побогат за разлика од пред три години...сте пресметале ?
А Sинго ? Колку денес тежи Sинго ?
А остали олигарси кои пред 2006-та не ги вадевте од уста?
Борба против корупција, борба против организиран криминал, борба против олигархија....дрн дрн јариња !?
Кого лажете бе...а ?
Мислите дека сите носат розеви наочари ?
Ни членовите во партија не ви веруваат веќе.
Каде е преродбата ?
Освен во устата на новокомпонираните сељачишта од интелектуалци, кои демек го креираат јавното мислење во државава.
Јадибурековци, Томиќи, Латасовци, Миленковиќи, перимозоковци бумбари, крави што летаат, реклами....што уште нема да измислите.
И од кога жестоките подржувачи на преродувањето увидоа дека нема веќе со што да го фалат преродбеникот, измислиа нова финта.
Немало поспособен моментално во државата, кој ќе ја води Македонија.
Туф туф туф.
Абе ова после седум/осум години да му го кажете на некој, има да се утепа од смеење.
Али тоа и не е толку битно.
Најбитно е дека:
Преродбата продолжува а Грујо е Цар!
Барем уште некоја година.