Скопје и скопјани наспроти останатиот дел од Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Оди, види златен. Не не, не е за срамота, нека си биде така. Ти реков, во споритвно твоите немаше да има кај да работат. Скопје е направен вештачки да биде центар, како што во Југославија вештачки акцентот се ставаше на Белгард и на Србија воопшто. Затоа на Словенците им прекурчи, зошто со нивната територија и население, финансираа 30 посто. Направи ја паралелата со тоа што ти го кажав прееска за Источна Македонија денес.
Да не се разбереме погрешно, јас сум родена во Скопје и таму пораснав. Поголемиот дел од пријателите ми се од таму, семејството ми е таму, дечко ми е таму... И никогаш, ама баш никогаш друг град не сум чувствувала како дома, дури ни сега кога технички живеам на 1000 и кусур километри. Ама муабети дека секој кој не е три генерации наназад со тапија скопјанец не е добродојден во градот, прават да сакам да го повратам и онака одвратното суши што го јадев прееска.




Мора КИМ да се затвори зашто не учам јас на него... А од Скопје се водам. Тих, како не сфатив до сега!
Повеќе од јасна ми е приказната за Југославија, а која е причината за Скопје да биде главен или незнам каков град не ми е јасно од каде потекнува. Само знам дека она скопје што пред земјотресот беше умре! Потоа Скопје прерасна во село.
Само едно не ми е јасно зашто би студирал во странство кога и тука имаме факултети? Освен ако не е некој факс за медицина па да немаме некои си смерови кои ги има таму.
 
Ништо не значи тоа, може мојот дедо инвестирал за тоа... туку чек... сите сме инвестирале за тоа, и сега? Да ми ги вратиш парите.[/QUOTE]

Ти ги вратив јас одамна...ама ти пак ги даде назад...:helou:
 
Повеќе од јасна ми е приказната за Југославија, а која е причината за Скопје да биде главен или незнам каков град не ми е јасно од каде потекнува. Само знам дека она скопје што пред земјотресот беше умре! Потоа Скопје прерасна во село.
Само едно не ми е јасно зашто би студирал во странство кога и тука имаме факултети? Освен ако не е некој факс за медицина па да немаме некои си смерови кои ги има таму.
Едноставно мисли дека таму има подобри услови.Ти еве да речеме дека си од карпош и сега оди на факултет во карпош не смееш во центар дедо му на некој го градел тој факултет....
 
А од каде знаеш на кој факултет е запишана.Во Прилеп и Битола ги има сите факултети???

Ај ти пошто многу знаеш кажи ми на кој е запишана па да проверам дали има или нема
 
Грешка си напраила бедејки не си се запишала во родниот град...плаќаме за отварање на факултети по градовите кој подоцна пропаѓаат од вакви како тебе



Дедо ми го правел нацрт планот за изградба на О.У. 11 Октомври во Скопје ко за информација
Јас кога се запишав немаше факултет во мојот град, факултет во мојот град се отвори оваа студиска година. И?
 
А што не те нервират тебе?
Еве јас сум од Струга, овде има фон. Ко прво не ни сакам на приватен( си кажа сам и зошто), ко второ го нема тоа што јас го учам сега во Скопје. И што требеше, да не одам на факс и да си работам келнерка?
А што е со 40% од битолчаните и 20% од штипјаните кои студираат на мојот факултет а истиот го имаат до гзот?
 
Па колку што се разбирам јас од географија...прилеп битола охрид се поблиску од скопје

Го нема ни таму тоа што го учам. И? И плус, си имам место овде каде да живеам.
Пробуваш само некако да се извлечеш со некои глупави аргументи, и јас сеа засеа ќе се повлечам од темава, пошто нема некоја поента дискусијава со тебе, се исто та исто!
Аха, и намали лакомост и омраза, нечовек се прајш. пис!
 
Повеќе од јасна ми е приказната за Југославија, а која е причината за Скопје да биде главен или незнам каков град не ми е јасно од каде потекнува. Само знам дека она скопје што пред земјотресот беше умре! Потоа Скопје прерасна во село.
Само едно не ми е јасно зашто би студирал во странство кога и тука имаме факултети? Освен ако не е некој факс за медицина па да немаме некои си смерови кои ги има таму.
Дали ти се свесен/а колку луѓе студираат политички науки надвор од земјава, и тоа смерови кои кај нас постојат. Ти збори си вака. Али ќе те видев ако беше од неСкопје шо ќе збореше.
Кажав јас на почеток, дете од кај мене од клас од Кратово е дојдено и се запиша гимназија тука. Па имаат гимназија и во Кратово. Ама ако тоа дете планира да живее како што сака, многу нормално ќе дојде во Скопје каде има се што му треба...
Џабе збориш за факултети ваму, факултети таму... Не се врти се околу факултетите...
Некој гледа да си обезбеди иднина во град каде се ќе му биде при рака. Зашто најголемите развитоци во светов се случуваат токму во главните градови?!
Хммм...Чекај да подразмислам. Ваљда затоа што таму има буквално се...
Па ајде прекинете да се водите од егоизмот и себичноста.
 
А и не е само мојот град, сигурно нема да отворат факултет во Радовш или Валандово или Дојран и сл. и шо треба да направат тие деца. Еве мене никогаш не би ми пречело ако ги гледам по Струмица, баш напротив ми е интересно кога има од страна дојдено.
 
Повеќе од јасна ми е приказната за Југославија, а која е причината за Скопје да биде главен или незнам каков град не ми е јасно од каде потекнува. Само знам дека она скопје што пред земјотресот беше умре! Потоа Скопје прерасна во село.
Само едно не ми е јасно зашто би студирал во странство кога и тука имаме факултети? Освен ако не е некој факс за медицина па да немаме некои си смерови кои ги има таму.

Вештачки е направено тоа. Скопје бил многу мал град и освеМ што е на Вардар нема никаква друга геогравска предност која што би го направила главен град. Добро, порано патот само кон Србија не водел а блиску е до границата, ама иначе, ако ме прашуваш мене (што не го правиш но сепак ќе си кажам) да не бевме во куп срања и да не беше се на просториве ненормално во последните 100 години, Битола би требало да е многу побитен град - близината до море, Пелагонија... Малку битно, не е сега тоа темата на муабет.

Во странство студирам за подобро образование од она кое би го добила во Скопје. Тоа е истата причина поради која некој од Прилеп би дошол на економски во Скопје (добро, прилепчани го имаат и најуспешниот економист од кај нив - Гвујо, за да ги мотивира да бараат друг економски, но сепак..). Не е тоа јасно?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom