Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.855
За другите јас знам и еве ти кажувам дека постојат такви.
Не потенцирав зашто сметам дека тоа е така.
Тие не само скопјани, лично знам многу од други градови, а скопјанец не сум сретнал ни еден не дека лажам или нешто се фолирам. Немам видено такви, незнам може немам сеуште сретнато. А и да има се сомневам колку се тие баш прави "скопјани"
Е па ти знаеш што ти се шета по Скопје, јас знам што ми се шета по Струга. Има, и тоа како има скопјанки по шанкови од кафичи или плажи. Значи и мене треба тоа да ме нервира. Им ја земаат работата на другите девојки кои се тука тоа време од годината и наместо да се вработаат за да си спечалат нешто за наредната учебна година, дремат по дома или се враќаат во Скопје да работаат. А има и доста скопјани кои и преку година работаат тука. Во поголеми скопски фирми, кои ваљда имаат алергија на другите граѓани, па си носат и свој персонал.
Туку и друго нешто што очигледно не го знаете. Што кога некој е уценет или да ја напушти својата работа или да се префрли Скопје да работи? Знаеш колку такви зезнати семејства има тука? И што треба да прават тие луѓе? Да дадат отказ само за да не ви дојдат таму да ви сметаат? Потоа, некои од нив живеат под кирија и ви плаќаат пак вас, а некои се снаоѓаат да купат стан и да се преселат таму со цело семејство.
Па драги мои, ако кукате и понатаму, распрашајте се малку и информирајте се под какви се` услови доаѓаат провинцијалците да живеат кај вас. Покрај курвите кои ги има секаде, има и нормални луѓе како вас.