Да ја заживееме темава.
Handball Challenge 12 е излезена одамна, а 13 е на пат да излезе.
Играва е колку толку добра за прва верзија.Има Светско првенство, Германска и Шпанска лига.Шутирањето е добро направено, голманите исто така, единствено лош е системот на фаулирање.
Исто така има некои не-ракометни работи кои треба да се средат, пример шутираш со играч од 9 метри, голманот брани, топката си останува во 6-те метри, играчот застанува на нозе и во доскокот ја шутира со нога топката во гол и судиите го признаваат.
Нема можност за тајм-аути, клупата е празна, нема судии на терен, нема никаква персонална статистика-голови, одбрани итн...
Се на се, доколку продолжат да излегуваат верзии за 3-4 години би требало да добиеме одлична ракометна игра со сите детали.
Оценка 6/10