ИТАЛИЈАНСКИТЕ НОВИНАРИ СЕ ПРАШУВААТ ДАЛИ ИНТЕР МУ ГО ПРЕФРЛИ ПРОКЛЕТСТВОТО НА ЈУВЕНТУС
"Старата дама" го наследи малерот на "нероазурите"
Главното прашање кое деновиве се врти во италијанските фудбалски кругови е дали Интер му го префрли проклетството на Јувентус. "Старата дама" минатата сезона по враќањето од Серија Б лигата успеа да се најде во врвот на италијанскиот фудбал, но не успеа набрзина да ја врати титулата. Дали оваа година момците од Торино ќе имаат сила за брзо враќање до Скудетото или и за нив почна еден долг период до враќањето на фудбалските височини?
Кога до првиот трофеј?
Нема сомнеж дека екипата на Јувентус следнава сезона ќе ја гледаме и во рамките од натпреварите во Лигата на шампионите. По првите дуели од 3. коло во квалификациите за Лигата на шампионите, "Старата дама" оствари победа од 4:0 во дуелот со Артмедија и е на чекор до остварување на планот. Прашање е кога "црно-белите" ќе го освојат првиот трофеј?
Нема сомнеж дека аферата "Калчополо" и исфрлувањето на Јувентус во понизок ранг на натпреварување поради местење на резултати остави, но и понатаму ќе остава длабоки траги во клупското работење. Не само поради губењето на големиот број квалитетни играчи во летото во очи на стартот на Серија Б лигата (2006/07) туку и поради нарушениот имиџ, "чистката" во структурите во клубот, па зошто и не, и неможноста во иднина да останат без досега "сигурните" бодови во дуелите со своите фудбалски филијали ширум Италија. Во страв да не им се повтори судбината, Јувентус и лани, па и во иднина, веќе немаше средби и ривали против кои одеше само за да ги "земе" трите бода...
Слабо пазарење
Владејачката сила во Италија, Интер од Милано, сопственик на трикратна едноподруго титула во Калчото, полека како да ја презема улогата која "Старата дама" ја имаше во годините до големата афера. Пред оваа серија "нероаѕурите" немаа освоено титула од далечната 1989 година. Во 2006 година го "скршија проклетството" и по службен пат (поради аферата со Јувентус) станаа шампиони.
Уште една работа стои врз глава на клупската судбина на "Старата дама". Јувентус веќе две години се соочува со огромниот проблем, во Јуве не сака да дојде ниту една екстра фудбалска ѕвезда. Иако менаџментот се труди со месеци да обезбеди едно врвно име од типот на Диего, Хунтелар, Ето, Станковиќ, Јуве остана со оној тим од кој и реално не може да се извлече една мега-ѕвезда.
Затоа и се поставува прашањето во фудбалските клубови колку на Јувентус ќе му биде потребно за да го врати својот шампионски состав и сјај.
Каморанези: 10 години за нова титула
Дел од сегашните големи имиња на Јувентус, од типот на Недвед, Дел Пиеро или Каморанези, искрено, не можат да поверуваат во брзо враќање на торинскиот тим на врвот на италијанската Серија А. Особено Каморанези, 31-годишниот репрезентативец на "азурите", кој и самиот изјави дека на оваа генерација ќе & биде потребен период од 10 години за да го освои првиот трофеј и да ја врати доминантната улога во Серија А. Мауро не верува дека овој Јувентус не може да биде ни приближно оној кој го водеше Фабио Капело меѓу 2004 и 2006 година. Иако овие стравувања на Каморанези се оправдани, сепак, аналитичарите сметаат дека нема место за паника, особено поради подмладокот кој Јувентус го има како традиција.
Според мене само глупа сторија од нашите новинари!!
па што сакаат одма право да ја земеме титулата и лигата на шампионите? да ги купиме џон тери , кристијано роналдо , роналдињо меси?
па сите знаеме дека имавме проблеми со парите порано и неможеме да бидеме многу активни на пазарот...
Какво проклетство титулата ако не годинава догодина е наша!!!
Интер 90-ти = Јуве денеска
Новинарите во Италија кои најмалку го "симпатизираат" Јувентус во италијанскиот печат, најчесто се наклонети кон екипите на Интер и Рома. Тимовите кои најмногу "страдаа" од Јуве во изминатиот период, според овие новинари, ќе бидат италијански фудбалски владетели во наредните десеттина години. Вечните "лузери" од Милано како да урнаа проклетството од деведесеттите, па сега истото, оди кон Торино.
Една работа која е врзана за Јувентус потсетува на "стариот" Интер., а тоа се очајните засилувања. Само ако малку се размисли, во Интер дојдоа и пропаднаа близу триесеттина дотогаш големи европски потенцијали. Оние кои заминаа навреме успеаја да ја спасат својата кариера. Јувентус сега како да ја фати "традицијата" на лош фудбалски пазар која до "вчера" ја имаа "миланезите". Ги купија "лошите инвестиции" како Мендеш, Алмирон, Јакинта, Андраде, Маркиони... Многумина ќе речат, ништо подобри од интеровото "сивило": Коко, Бурук, Емре, Шукур, Јоргатос, Грешко, Карагунис, Вентола, Вампета...
Ако на целата оваа анализа се дополни и "демолирањето" од "Сан Сиро" во неделата на "Трофеј Берлускони", јасно е дека "црвеното светло" во Торино треба да се запали и пред почетокот на новата сезона. Тифозите од Торино најмалку што сакаат е за новото Скудето да чекаат 17 годин