"СТАРАТА ДАМА" КУПУВА ВО ШПАНИЈА
Забалета од следната сезона во Јуве?
Според последните информации од Италија, Јувентус во следната сезона во своите редови ќе го доведе аргентинскиот фудбалер од средината на теренот, Пабло Забалета.
Станува збор за еден од најимпресивните млади фудбалери во Шпанија, а 23-годишниот фудбалер на Еспањол веќе подолго време е на радарот на многу европски клубови, вклучувајќи ги и калчо-лигашите Фиорентина, Палермо, Џенова и Наполи. Неговата откупна клаузула изнесува само осум милиони евра, а има и шпански пасош со што само го зголемува интересот на клубовите од Стариот континент.
Поранешниот фудбалер на Сан Лоренцо, досега има пет настапи за сениорската репрезентација на Аргентина, а во моментов е дел од олимписката експедиција на "гаучосите" која во полуфиналето во Пекинг Ќе се сретне со Бразил.
Go znae nekoj igracov ?
Jas go nemam gledano neznam kako igra pa pisete ako imate informacii za nego dali e za u juve ili ne e ?