Научниците ја открија тајната зошто на луѓето им се допаѓа вкусот на пржениот компир, па ако во моментов јадете помфрит специфичната арома која баш и не можете да ја идентификувате е мирис на - даска за пеглање.
Експертите сметаат дека примамливиот мирис на пржениот компир меѓу другото е комбинација на арома на кромид, еден вид на карамела и даска за пеглање.
Ова се резултатите до кои дошле научниците од Универзитетот во Лидс, по "човечката" и лабораториската анализа на мирисот на помфрит.
Тие мирисот го поделиле во компоненти, притоа користејќи процес наречен "gas chromatography mass spectrometry." Резултатите покажале дека во мирисот освен што учествуваат претходните три ароми, има и "жичка" на какао, цвеќе и сирење.
"Недоволно зготвениот помфрит, содржи три едноставни ароми, вклучувајќи и какао. Малку препржениот компир создава покомплексна арома која може да има и до 9 различни вкуса," објаснува претседателот на Советот за компир.
извор