Стивен Харпер, гостин на 50. роденден на United Macedonians

Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
TORONTO — Prime Minister Stephen Harper says he hopes the year of the ox will also be the year of the return of the bull market.
Harper was speaking to a largely Chinese-Canadian business audience at a Chinese New Year gala in Markham, northeast of Toronto on Saturday night.
Later, he attended the 50th anniversary celebration of the United Macedonian Organization of Canada at a dinner in Toronto.

http://toronto.ctv.ca/servlet/an/local/CTVNews/20090207/harper_gta_090207/20090207/?site_codename=toronto

Прегледај го приврзокот 9930 Прегледај го приврзокот 9931Прегледај го приврзокот 9932

Прегледај го приврзокот 9933
Plaketa od Prime Ministerot na Canada Stephen Harper za Obedinetite MAKEDONCI

Прегледај го приврзокот 9934
Podarok, hokearski dres od Makedonski LAVOVI: HARPER 9
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Ванчев,поздрав за темата и многу ми е мило што има вакви традиционални собири на Македонците и што има многу почесни гости меѓу нив...

Но,прашање е:колку истите лобираат за Македонија?Претставуваат ли некакво лоби-движење или само е просто традиционален собир,кој не обележува нешто друго,освен добар маркетинг?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Споредено со сите дијаспорци, Канадските ограноци според моето лично видување се најактивни во лобирањето и ред други работи како промовирање на земјава и вистината.

Секоја им чест!
 
H

HITCH

Гостин
Браво, браво убав гостин имале. Инаку и МПЦ во Канада многу им помага на нашите навистина се добор организирани :back::back:
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
ВЕСТ НА ДЕНОТ



Традиционален Илинденски пикник на организацијата „Обединети Македонци“ во Торонто
Торонто, 3 август (МИА)
- Најстарата македонска иселеничка организација во Канада „Обединети Македонци" на традиционалниот Илинденски пикник што го приреди вчера по 51-ви пат во Торонто, по повод одбележување на двојниот македонски национален и духовен празник Илинден, повикува на одговорност за зачувување на името на македонската држава и народ.

На пикникот присуствуваа повеќе илјади Македонци од Канада, но и од САД. Паркот каде се одржа пикникот беше богато украсен со 120-тина знамиња на земјите што ја признаа Република Македонија под нејзиното уставно име и со повеќе пароли на англиски и македонски јазик за поддршка на државното раководство на Република Македонија за непромена на името на нашата држава. Илинденскиот пикник на Обединети Македонци започна со емитувањето на химните на Канада и Македонија, а го благослови митрополит Методиј, надлежен архиереј на Северно-американската епархија на МПЦ. За значењето на двата Илиндена 1903 и 1944 беседа одржа претседателот на „Обединети Македонци“, Методија-Мендо Бакаловски, a говореше и генералниот конзул на Република Македонија во Торонто Мартин Треневски.

Поздравната телеграма од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов пред присутните ја прочита вршителот на должност амбасадор на Република Македонија во Отава Славица Димоска. На присутните им се обратија и неколку локални политичари, меѓу кои и советничката за економски прашања на канадскиот премиер Стивен Харпер од македонско потекло Јасмина Игнески.

Во свечениот дел на манифестацијата беше прочитана и Резолуцијата на организацијата „Обединети Македонци“ во која се повикува на одговорноста на денешните Македонци, вклучувајќи ги и ислениците ширум светот како нераскинлив и составен дел од македонското национално ткиво, пред идните поколенија за неменување на вековно име во, како што се наведува, измислениот спор со Грција чија единствена цел е исчезнување на македонскиот народ со сите негови обележја.

Во документот воедно, повикувајќи се на акти на ООН, и оценувајќи ги како срамни преговорите за името на македонската држава и народот, се апелира до претседателот на државата, до премиерот и до претседателот на Собранието да ги преземат сите мерки за започнување постапка за преиспитување на законитоста на Резолуцијата на Генералното собрание на Светската органзиација од 1993 година со која Република Македонија е примена во членство, пред се во делот за привремената референца и обврската за преговори со друга држава за уставното име.

- Одговорно тврдиме дека во спротивно, сите што размислуваат или ќе дозволат промена на државното име Република Македонија го погазуваат Уставот на државата и засекогаш ќе ги сметаме за велепредавници. Ја охрабруваме Владата паралелно додека бара прием во НАТО и ЕУ, да бара прием во сите други регионални и глобални организации и здруженија (неврзаните), како и двострана билатерална соработка со секоја држава што е спремна на соработка без диктат, се вели во резолуцијата.

Иселениците во документот се обврзуваат и дека, како свој дел од одговорноста, ќе продолжат да лобираат во интерес на Македонија и македонскиот народ во своите средини, за што бараат соработка од владините служи за институционално и усогласено да ја вржат својата должност како „бесплатни амбасадори“ на својот народ и држава. мт/ва/18:26
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Се е тоа убаво...но колку пари се дадени за Македонија?? Тоа што и Демиан праша...
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Се е тоа убаво...но колку пари се дадени за Македонија?? Тоа што и Демиан праша...
Ne sum chlen na organizacijata pa nemozan da ti dam podatoci. No imashe edna rabota koja mi ostavi vpechatok. Organizatorot vo parkot gi postavil na jarboli znaminjata na site drzavi koi ja priznale Makedonija pod ustavno ime, mnogu ubava gledka, sto dvaeset i kusur jarboli so znaminja.

Македонската дијаспора повика на зачувување на името на државата


Од прославата во Торонто
Традиционална 38. Светска македонска средба во битолското село Трново
Македонските иселеници во Канада, САД, Австралија, Бугарија, Србија, Хрватска, Албанија....
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CF65DA61AA9BAD49A2A0CDAAF1536A3C
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Премиерот Груевски во Канада

Претседателот на Владата, Никола Груевски, придружуван од владина делегација, во чиј состав е и министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, на покана на премиерот на Канада, Стивен Харпер, вчера замина во работна посета на Канада.
При посетата ќе бидат разменети мислења околу можностите за унапредување на севкупните односи меѓу Република Македонија и Канада, за напорите што ги прави Република Македонија во евроатлантските интегративни процеси, при што посебен акцент ќе се стави на зајакнување на соработката во полето на економијата, трговската размена, размената на искуства во областа на културата, како и во привлекувањето канадски инвестиции во Република Македонија.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=90F2543806E7274D94F8E99B4E42602C
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Канадските пензии ќе се примаат и во Македонија



Канада ја призна Македонија под уставното име токму за време на мандатот на традиционалниот конзервативец Стивен Харпер. Посетата на премиерот Груевски ја крена на нозе многубројната грчка заедница во оваа земја, која очигледно не е среќна и со овој последен потег на нивниот премиер. Како и тогаш, така и сега, владата на Харпер главно ги игнорира ваквите грчки реакции


Правото на повеќе од 200 илјади Македонци-канадски државјани за да можат да примаат канадски пензии и во Македонија, поддршка за Канада во кандидатурата за непостојана членка на Советот за безбедност и претставувањето на Македонија како добра бизнис-дестинација за канадските бизнисмени беа главните теми на вчерашната прва средба на премиерите на двете земји Стивен Харпер и Никола Груевски во Отава.

Во изјавата по работната средба, Груевски рече дека со неговиот канадски колега заклучиле дека односите помеѓу двете земји, и политички и економски, се одлични и дека Канада ќе продолжи со силната поддршка за членството на Македонија во НАТО и во спорот за името со Грција. Канада пред две години ја призна Македонија под уставното име.

Груевски изјави дека од неговиот канадски колега побарал разгледување на можноста за укинување на канадските визи за македонските граѓани, за што добил ветување дека ова прашање ќе било сериозно разгледано од неговата администрација.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8269181278&id=9&prilog=0&setIzdanie=21774
 

Kajgana Shop

На врв Bottom