Кралот Марко
Не прилепчанецот, ами Јас
- Член од
- 6 ноември 2008
- Мислења
- 3.969
- Поени од реакции
- 278
Беа бе, не само зборете лошо за "петдоларките"
Иселениците на средба со Нимиц за спорот со името
04.02.2009 11:35
Обединетата македонска дијаспора се противи на каква било промена на името на Република Македонија, а спорот меѓу Скопје и Атина го смета за билатерално прашање.
Тоа е ставот што Бордот на директори на оваа македонска иселеничка организација во САД му го пренеле на специјалниот пратеник на ОН за спорот со името Метју Нимиц на средбата одржана во понеделникот во Њујорк.
Претставниците на ОМД изразиле загриженост и за континуираните напори на Грција да го отстрани терминот македонски за именување на јазикот и на народот на Македонија во ОН и во ЕУ.
„Обединетата македонска дијаспора смета дека спорот за името е билатерално прашање и тоа не смее да ја попречува интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО, а земјата треба да биде оценувана според резултатите во реформите“, го пренесува МИА соопштението од ОМД чие седиште се наоѓа во Вашингтон.
Само нив изгледа Нимиц не им помагал со совети, или не знеле да му побараат (со ставање рака в џеб - врти сучи тоа е )...
Си треба една стратегија за настап, а не само „радиреда“ за да извлечат констатација и да „пишат решка“ еве ние бевме. Парите се разбира треба некаде да влезат во стратегијата.:smir: