Се губи трагата од донацијата вредна 750.000 долари
Ганка Самоилова-Цветановска
Иван Бојаџиски
ШТИП - На што се потрошија 750.000 долари кои пред повеќе од четири години тогашната министерка за култура, Ганка Самоилова-Цветановска, им ги одобри на десетина невладини организации од Берово, Пехчево и од Делчево во рамките на проектот „Развој на општините преку културата"? Денес само може да се констатира дека ниту еден од тогаш мошне извиканите проекти не доживеа своја реализација, а за тоа колку пари се потрошени, кој ги доби и зошто нема отчет - никој досега не кажал ништо.
Тогаш седумдесетина невладини организации од трите града ја обвинија Цветановска дека прифатила десетина проекти, одобрила 750.000 долари на мал број невладини организации. На распишаниот конкурс за проекти се јавиле вкупно 120 невладини организации од Берово, Пехчево и од Делчево кои учествувале со 250 проекти. Со првата селекција кругот се свел на 211 проекти, а со втората само на педесетина. Невладините организации чии проекти не поминаа тогаш обвинија дека министерката ги прифатила проектите на невладини организации кои биле набрзина формирани водени од потребата доларите да останат во кругови блиски до ВМРО-ДПМНЕ . Меѓу добитниците била и невладина организација, при што еден од основачите била сопругата на тогашниот градоначалник на Делчево, Илчо Илиев, на која ч бил одобрен проект вреден 20.000 долари.
„Работата уште во почетокот личеше на фарса, на мотив да се исперат пари, а не да се направи нешто. Прифатени се проекти за кои не постои основа во ова подрачје да се реализираат, како што е проектот за производство на пијанечки ошав, или изградба на шумска зграда за одгледување коњи, или оградување резерват за срни", обвинија тогаш незадоволните невладини организации.
Актуелниот градоначалник на Делчево, Мирко Иванов, тврди дека нема ништо од спомнатите проекти. Ниту е изработен бренд на пијанечки ошав ниту кога било некој работел на тоа. Резерват за срни не можело да се прави бидејќи на ова подрачје нема срни. Идејата за шумска зграда за одгледување коњи никогаш на овие простори не профункционирала, а и коњите не се обележје на овој регион. Тие имаа проект за зголемување на стадата овци, но во тоа време бројот на овците драстично се намали. Знам само за еден случај во кој на член на ВМРО-ДПМНЕ од селото Истевник му беа дадени пари за некаков проект, а тој си ја дотера фасадата на куќата и замина во странство", вели Иванов.
И по четири години никој во овие краишта не знае што стана со парите од проектот „Развој на општините преку културата". Молкот сж уште трае, а во државата никој ниту барал ниту бара одговори за толкава сума пари ангажирана за смешни проекти кои никогаш и не биле реализирани.
Е ова најверојатно и се случило. повелеле!!!
Вечер СПЕЦ
Ганка чека бебе?
Ганка Самоиловска-Цветанова по неформалното “раздружување” со партискиот врв, ја снема од политичката сцена. Но во последно време ја нема и во јавноста. Меѓутоа, бидејќи се работи за една од нашите најатрактивни политичарки, таа иста јавност и натаму не останува имуна на неа. Најновиот муабет кој на големо се шири е дека Ганка е во благословена состојба и дека затоа ја нема никаде. Но исто така, дека наскоро ќе се потпишува само со едно презиме, она моминското - Цветанова. Блиски извори на семејството Самоиловски - Цветанови велат дека тие се разведуваат, дури и дека разводот бил и завршена работа. И нормално, главниот муабет е кој е таткото на бебето кое е на пат. Па така, додека едни типуваат на еден нејзин партиски колега, кој исто така се раздружува од брачната заедница, други велат дека тоа нема врска - дека таткото е некој сосема друг. Како и да е, Ганка по втор пат ќе стане мајка.
Веста е прочитана 1630 пати.