Зошто луѓето се толку злобни?

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Според мене злобни се оти сакаат да бидат над другите луѓе.Пример еден човек кога ќе убие друг тој се чувствува како надмоќон како никој да не му може ништо, и кога еднаш ќе го има тоа чувство после тоа мислам дека ќе сака пак да го доживее и затоа ќе продолжи да убива. Потоа да ги земеме за пример платените убијци. Они тоа го работата за пари, ама зарем немаат совест за сите тие убиства што ги направиле на луѓе кои што воопшто не ги ни познавале??? Зарем стварно не ги гризе совеста никогаш и воопшто не се грижат. Ама заклучок според мене е дека луѓето се злобни само поради тоа што сакаат да се чувствуваат надмоќни над другите.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
54
Поени од реакции
1
Да има многу злобни луѓе...наша среќа е ако навреме ги препознаеме.Незнам од каде им доаѓа таа злоба...љубоморни на туѓиот успех,самобендисани,и прават се за да ти наштетат а ти не си ни свесен за тоа .Ееее сешто има денес:pipi:
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
па, не знам. не верувам дека има луѓе што се родиле целосно злобни или целосно добри, само може да има луѓе кај кои лошите особини се повидливи. зашто сите сме повеќе или помалку, добри и лоши. маани, и доблести. верувам дека тие што се маркирани како 'лоши', ако ги запознаеме подобро, ќе ги видиме и нивните добри страни. ништо не е црно бело, речиси се е сиво.

а на форуми, не знам зашто некој што се претставува под псевдоним, одбира да биде лош, ама не верувам дека тоа е се што знае. за мене барем, се трудам да бидам што можам поприродна на место кај што никој не ме знае, па на некој ако му се свиѓам, да му се свиѓам ради тоа што сум, не ради маска.
 
A

Antigona

Гостин
Убаво сте ја поставиле темата Зошто се злобни , но како да направеме да не бидат ? Може ли да се промени тоа ???

Штета што такви времиња дошле , па се на полошо иде :(
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Oduvek losite luge (skartot) bile mnozonstvo i taka bilo use koga eden od sedumte mudreci Bijant napisal Poveketo luge se losi, a gleame i sega e taka i tie posto se mnogu se jaki bidejki se mnozinstvo inaku slabi se ko edinki se 0 ko licnosti se 0 nego deka se dzgan i zatoa se jaki i sea zasto se losi zatoa sto se losi.
 
T

theTinule

Гостин
Искрено, малце се насмеав кога го прочитав насловов на темава, ама има смисла...
Дали сте се запрашале некогаш, зошто сме ние злобни? А не тие(луѓето).
Во секој од нас се крие некој вид на „злоба“. Лошотилук. Поквареност. Како сакате наречете го.
Ганди рекол дека ако сакаш нешто да се смени, треба да почнеш од самиот себе.
Јас имам одговор на прашањево, од религиска гледна точка и ми држи вода.
Ама џабе, форумов е преполн со скептици и атеисти.
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Искрено, малце се насмеав кога го прочитав насловов на темава, ама има смисла...
Дали сте се запрашале некогаш, зошто сме ние злобни? А не тие(луѓето).
Во секој од нас се крие некој вид на „злоба“. Лошотилук. Поквареност. Како сакате наречете го.
Ганди рекол дека ако сакаш нешто да се смени, треба да почнеш од самиот себе.
Јас имам одговор на прашањево, од религиска гледна точка и ми држи вода.
Ама џабе, форумов е преполн со скептици и атеисти.
Чим ти држи вода, кажи си го да видиме сите, има и верници и атеисти што секогаш имаат интереси од повисок вид :pipi:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
dali moze kako zlo da se protolkuva ( na primer) branenjeto na nekoja zena od siluvanje? Ne moze, zatoa dur sekoj pocne od sebe da se menuva a pritoa veke napaga, drugiot ima pravo da se brani i toa pravo na samoodbrana ne e zlo nitu onoj covek ili zena koj se brani e los!
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Егото е осудено да биде злобно , спротивно на него (ама не у дијалектичка смисла) свесноста(медитативната состојба) е ултимативна љубов -DAYA( http://en.wikipedia.org/wiki/Daya ) - suffering in the suffering of all others.
Проблемот со злобата неможе да се лечи кај егото туку треба да се лечи самото его, што значи лек е медитација.
Ако пробаш да го лечиш егото само си ствараш мултипл персоналити или мулти его проблем.
Самото прашање за егото и неговата злоба е од таа причина не битно и нема лек за жал. :)
Ама затоа има лек за егото .
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Нема човек што се родил добар , нема човек што се родил злобен . Во текот на својот живот тие мора да изберат еден од можните два избори ,при изборот влијаат повеќе фактори , родителите , друштвото , околината...

Заменете ги Јин и Јанг со добрината и злобата, во кратки црти...

-Во секоја добрина има и мала злоба (добрината сте вие т.е. вие сте Јин , злобата т.е. Јанг се факторите. Факторот ,Јанг или може да се зголеми или може да го снема.


-Се надевам бев јасен.
 
Член од
3 мај 2010
Мислења
163
Поени од реакции
17
Јас па не ги мразам луѓево, никогаш не им посакувам зло, ама имам една лоша навика секогаш да се потсмевам на сметка на нивниот изглед. Не знам дали тоа е злоба xD
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
злобност или незгодност-има нешто во луѓето
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Не се луѓето злобни, само можеби ние имаме лоша претстава за поимот злоба. А ако веќе мислите дека се злобни.... Другите ги стремат кон тоа :)

--- надополнето ---

Јас па не ги мразам луѓево, никогаш не им посакувам зло, ама имам една лоша навика секогаш да се потсмевам на сметка на нивниот изглед. Не знам дали тоа е злоба xD
Тоа е Глупост хД
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Според мене и моја одредена теорија, луѓето не се злобни. Злобните постапки што ќе ги направат, се најчесто производ на затруена душа, на недостаток од топлина и љубов. Некогаш и заслепеноста и себичноста улетуваат како можност. Не е дека толку мислат на другите и на штетата што ќе им ја нанесат ним, него повеќе мислат на добивките за себе.
Што знам, наречете ме идеалист, ама верувам дека и во најсуровиот човек - има добрина, има топлина и љубов, само што премногу му е болна душата, што едноставно тие не можат да излезат на површина.

Ние самите бираме колку топлина, љубов и добрина ќе дадеме на овој свет. А онолку колку ќе дадеме, толку и ќе добиеме. Ок, можеби не толку, можеби ќе добиеме помалку или повеќе, но не е тоа битно....

Душата не смее да се остави да затруе, ние не смееме да се затруеме со негативност и со лоши постапки. Со тоа што ќе се тргнеме настрана од таквите постапки, ситуации... кога ќе се тргне човештвото од замарање со туѓите животи и карактери и кога секој човек би се фокусирал да се унапреди себе во човек полн со добрина, љубов и топлина, а не да гледа во туѓиот двор - тогаш човештвото ќе почне да се издигнува од пепелта во која моментално се наоѓа.

Хаос и конфузија има во душата на луѓето што прават злобни постапки, затоа што тоа се всушност несреќни луѓе, луѓе на кои им фали некоја позитивна емоција во нивниот живот, им фали љубов, им фали некој да им покаже дека и со добрина и топлина може да се живее и да се биде среќен.
Искрено, тоа се несреќни души. Тие имаат потреба другите да ги прават несреќни, затоа што не сакаат да се чувствуваат осамено во нивната несреќа. Сакаат да страда некој со нив. Иако тоа не го знаат свесно најчесто, но според мене така е... Не ги прави нив туѓата несреќа - среќни, туку ги прави спокојни, знаат дека не се сами во нивната мизерија. А мизеријата обожава добро друштво.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Јас па не ги мразам луѓево, никогаш не им посакувам зло, ама имам една лоша навика секогаш да се потсмевам на сметка на нивниот изглед. Не знам дали тоа е злоба xD
Da golema zloba e taka mu se potsmevas na Gospod koj go sozdal takviot ili takvata so takov i takov izgled.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom