прво реклами во весници, сега кампањи до 2 март. . . . . мора де се признае дека си ги одработуваат платените домашните задачи
Македонското зачленување во Европската унија е загрозено со политиката на актуелната власт. Ова е главната порака на Граѓанскиот манифест за Европска Македонија, поддржан од четириесетина невладини организации и индивидуи.
„Ние сме тука само да укажеме дека бродот наместо кон Европа, плови кон Индија и Пакистан и поминува низ Островите на сирените каде се слуша еротскиот глас на сирените, за жал тоа може да биде многу трагично за нашите граѓани“, рече Мерсел Биљали, професор на ФОН.
Во екот на предизборната кампања за претстојните локални и претседателски избори, креаторите на Манифестот ќе разговараат со граѓаните низ цела Македонија.
Тие велат дека со критиките кон власта нема да бидат политички инструмент на опозицијата.
„Ќе поминат овие избори, ќе дојдат други, ние пак ќе мораме да се бориме за истите вредности. Според тоа, немаме никакви посебни секирации, ни некое посебно чувство на грижа на совест, па поради тоа што нашата кампања, а ова е кампања за вредности, доаѓа во еден предизборен период“, изјави Бранко Геровски, новинар.
Кампањата на учесниците на граѓанскиот Манифест ќе трае до 2 март, кога ќе се почекаат резултатите од претседателските избори, по што активностите за промоција на демократските и граѓанските вредности ќе продолжат.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=104063