За да им докаже дека не е тоа што мислат, дека не е дух, дека е кожа и коски, а дух нема кожа и коски, дух е битие кое нема потреба од Храна, и е слободно од телото, нема повеке кожа и коски, ова го кажа и Св. Павле , го кажа и самиот Исус дека после секое воскресение секое тело ќе биде, дух, ќе биде како ангелите, па заради ваквото нивно мислење Исус им вели Видете ги рацете Мои и нозете Мои: Јас сум Истиот; допрете се до Мене , зашто им вели вака ?
За да ги убеди дека не е тоа што оние мислат, дека е истиот тој Исус, им напоменува дури и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, Јас имам.“ Секој збор од Исус е да им докаже дека Не е она што тие мислат, дух.
Следниов цитат од Библијата, исто така потврдува дека Исус беше жив , а не воскреснат:
Ним по Своето страдање им се претстави жив, со многу верни докази, јавувајќи им се четириесет дни и зборувајќи им за царството Божјо. дела на апостолите 1 ред 3 Уште еден доказ повеќе каде се вели дека Исус им се појави жив , а не воскреснат!
Но тие, кога чуја дека е Тој жив и дека таа Го видела, не поверуваа.(се зборува за Марија Магдалена дека го видела жив на Исус, па им посведочила а тие не поверувале) Евангелие според Марко 16 ред 11 А и некои жени од нашите нé запрепастија; тие биле рано на гробот, и не го нашле телото Негово; и кога се вратија, рекоа дека им се јавиле ангели и дека им кажале дека е Тој жив. Евангелие според Лука 24 -22
И додека се чудеа на тоа, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во светли облеки; 5 тие се уплашија од страв и ги наведнаа лицата кон земјата, а овие им рекоа: „Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите? Евангелие според Лука 24. -4
Секое сведоштво од Библијата потврдува дека Исус бил жив, а не воскреснат, но ете нашите Христијански браќа милуваат да кажат дека Исус воскреснал, повикуваеќисе на цитатот од Библијата :
Тој не е овде, а воскресна... Евангелие според Лука 24. -5
Ако за овој цитат тврдиме дека е вистинит, тогаш сме во контрадикторност со Лука 20 ред 27-36 и Коринтијаните 15 ред 43-44 каде се вели дека секое тело после неговата смрт ќе биде духовно тело, а не телесно, нема да има кожа крв коски, туку Исус вели во Лука 20ред 27-36 ...но оние што ќе бидат удостоени да го добијат оној свет и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат; всушност, тие веќе не можат да умрат, затоа што се еднакви со ангелите... Што занчи дека воскреснатото тело не е повеќе телесно току духовно, па според ова судиме дека цитатот кој продолжува -Тој не е овде, а воскресна... Евангелие според Лука 24. -5 е невистинит, контардикторен или придодаден во светите записи од некој недостоен.
Секоја Верзија на Библијата сведочи дека Исус бил жив, Библијата на Јеховините сведоци вика дека Исус бил жив, Римокатоличкта Библија вика дека Исус бил жив, Протестантската те. Џејмс Кинг верзијата на Библија исто така, РСВ верзијата исто така, Било која Библија да ја читате ќе ви каже дека Исус бил жив , а не Воскреснат!
Нејсе, за увид на аргументи ќе продолжиме со анализирање на Библијата во врска со „воскресението на Исус“ Нај чист цитат од Библијата кој на нај јасен начин објаснува дека Исус небил фатен, распнат и убиен на Крстот, е : Евангелие според Матеј 12 . ред 38-40
Тогаш некои од книжниците и фарисеите одговорија и рекоа: „Учителе, сакаме да видиме знак од Тебе!“ А Тој им одговори и рече: „Лукав и прељуботворен род бара знак; но нема да му се даде знак освен знакот на пророкот Јона; зашто, како што Јона беше во утробата на китот три дни и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи. Евангелие според Матеј 12 . ред 38-40
Евреите, навикнати на чудата кои постојано ги гледаа од Исус, па и овој пат не му поверуваа и повторно од него бараат некакво чудо, за да поверуваат дека е тој Исус, човекот за кој слушнале дека бил фатен од римските војници, распнат на крстот и убиен, па потоа воскреснал.
Исус на сето тоа им одговара: „Лукав и прељуботворен род бара знак; но нема да му се даде знак освен знакот на пророкот Јона; 40 зашто, како што Јона беше во утробата на китот три дни и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи.
На самиот почеток од анализирањетоа на овој Библиски цитат, би сакал да дадеме објаснуање, што значи зборот чудо? и што всушност би било чудото во горецитираните зборови од Исус?
чудо представува чин или случување на невообичаена појава, појава која не е нормална во човековата природа, пр. Исус одел по површината на водата, ова е чудо! бидееќи секој човек кој би се обидел да го направи истото, сигурно би завршил потонат во водата, што значи ако човекот потоне, нема чудо, ако се очекува да потоне, а тој не потоне, е тогаш е чудо!
Па и во следниве Библиски цитати ќе анализираме што всушност е чудото кое им го дава Исус на Евреите: Исус вели: како што Јона беше… - така и Синот Човечки ќе биде…
Ова е првиот дел од Библискиот цитат кој би можел да биде чудо. Бидееќи 3 дена и 3 ноќи да се биде во стомакот на една риба и да се преживее навистина е големо чудо, секој еден кој би се обидел да проживее во стомакот на еден кит 3 дена и 3 ноќи би умрел со сигурнос, па бидееќи Јона останал жив, велиме дека е Чудо!!!
Вториот дел за кој од одредени христијани се нагласува дека е чудо, кој не би можел да биде чудо, е три дни и три ноќи, Зашто нема ништо чудно во 3 дена и 3 ноќи, но за подобар увид ќе го објаниме и тоа „чудо„
Ќе ги анализираме и двата цитати кои би можеле да бидат чудото кое Исус им го дава на Евреите, но за сето тоа, потребно ни е да видиме кое е чудото на Јона во Библијата?
Приказната за Јона во Библијата, од цели 66 книги во Џејм Кинг верзијата 73 во римокатоличката, 79 во Македонската Библија, изнесува само страница и половина, цела книга на еден пророк само страница и половина, нејсе таа книга вели вака:
Бог му наредува на Јона да оди и да проповеда во Ниневија големиот град, но Јона не ја послушал наредбата од Бога, па избегал и потрчал до јафа каде што најде брод за Тарсис, се качил во него, но бидееќи избега од наредбата од Бога, Бог испратил силен ветер над Морето, кое толку се разбранило замалку да го проголта бродот, па сите се запрашале што згрешиле, што од Бога добија ваква казна и кој е виновникот за тоа, па одлучиле да фрлат ждрепка, па паднала на Јона, и го запрашале што направил што Бог е налутен на него, па им кажал за наредбата од Бога која тој неја извршил, и самиот им вели да го фрлат вморе за да се смири морето, и они да се спасат. Така и направиле, одкога го фрлиле вморе, морето се смирило, а Бог му наредува на китит да го проголта на јона… заповеда Господ на една голема риба да го проголта Јона; и Јона остана во утробата на тој кит три дена и три ноќи. Му се помоли Јона на својот Господ Бог од утробата на рибата, па рече: „Кон Господ повикав во мојата неволја и Тој ме чу… Авдиј 2 . 1 - 3
После сето ова Китот го исфрла на копно на Јона, И Јона оди да ја изврши задачата дадена од Бога, да проповеда во Нинавија.
11 Тогаш заповеда Господ на рибата, и таа го исфрли Јона на копното.
После добиеното знаење за чудото на Јона, можеме да анализираме и споредиме со чудото за кое им зборува Исус. Да го разјасниме и чудото на Јона: Значи Јона бил проголтан од големата риба (кит) кој кит го држел во својата утроба 3 дена и 3 ноќи после тоа го исфрлил китот, Јона на копно. чудото е дека никој човек неможе да издржи 3 дена и 3 ноќи во утробата на еден кит и да остане жив, Но Јона останал жив тоа го потврдува и цитатот каде вели дека се молел од утробата на китот, а за да некој се моли услов е да биде жив, мртов човек неможе да се моли, ако Јона умрел, тогаш нема чудо, тоа се очекувало да умре во утробата на китот , но неумрел па тоа е чудото, е сега можеме да споредиме чудото кое го дава Исус, со чудото на Јона.
Првата можност беше како што Јона беше… - така и Синот Човечки ќе биде…
Па каков беше Јона ???
Кога се фрли во море? .................................................ж ив
Кога го стави китот во својата утроба ? .......…………...жив
Каков беше во утробата на китот кога се молеше ?......жив
Каков беше кога китот го исфрли на копно?.................жив
Да споредиме сега каков беше Исус ???
Каков беше кога го фатија римските вијници ?.............. жив
Каков беше кога го распнаа на крстот?.........................жив
Потоа го прободе војникот со копје и тој умре…………..Мртов
Кога го ставија во тајната дупка, според Библијата 3 дена и три ноќи каков беше?........ Мртов
Па после тоа суедеќи според Библијата воскреснал.
Па сега прашувам: дали горенаведеното, е како Јона, или спротивно од Јона ???
Исус вели каков што беше Јона, таков бев и јас, синот човечки! Јона беше во секоја од наведените состојби жив, Но бидееќи се поентира на трите дена во стомакот на рибата, и трите дена во срцето на земјата заклучуваме дека Јона беше ЖИВ а Исус во срцето на земјата беше МРТОВ што пак потврдува дека е спротивно од тврдењето на Исус,
сега се соочуваме со проблем, некој овде лаже, неможе и двата искази да бидат вистинити! Дали Исус лаже или пак нашите браќа Христијани кои тврдат дека Исус беше распнат и воскресна ?
Не доликува на еден Божји гласник да зборува невистина, секако дека Исус ја зборуваше вистината, а некои Христијани кажуваат лага за Исус дека бил распнат и воскреснал, самиот Исус го кажува тоа, им дава чудо, па тоа чудо вика дека беше жив а не мртов!
Но некои Христијани велат дека чудото не е во тоа дали бил жив или мртов, чудото е во деновите, 3 дена и 3 ноќи, Исус поентирал на временскиот фактор, тоа е чудото.
Во ред , иако ова не е чудо, нема ништо чудесно во тоа 3 дена и 3 ноќи, објаснивме погоре што значи чудо, што представува едно чудо,(човек од кој се очекува да умре, доколку не умре, тоа е чудо, ако се очекува да умре, а тој умре тогаш нема ништо чудно во тоа, те. Не е чудо) но за увид на повеке аргументи ќе ја анализираме и оваа можност каде се вели: како што Јона беше во утробата на китот три дни и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи.Ако ги погледнеме изјавите од Библијата каде се зборува за погребувањето на Исус:
Тој ден беше петок, и саботата веќе настапуваше. Евангелие според Лука 23 - 54
А кога се стемни веќе, бидејќи беше петок, односно ден спроти сабота, Ев. според Марко 15 – 42
Може да увидеме дека Исус според Библијата бил распнат Петок навечер, сабота веќе настапувала, па потоа доаѓа Јосиф кој го симнува телото го овиткува и го става во Гробот.
52 Па така тој отиде кај Пилат и го измоли телото Исусово; па Го симна и обви во платно, Го положи во гроб издлабен во камен, во кој уште никој не беше положен. Тој ден беше петок, и саботата веќе настапуваше. Ев. според Лука 23 ред 52
Па сега да споредиме со чудото на Јона, ако поентираме на временскиот фактор, каде се вели како Јона 3 дена и 3 ноќи, така и Јас 3 дена и 3 ноќи...Според Библијата Исус бил распнат петок навечер, те. Петок вечер прва ноќ - 1 Ноќ Следниот ден сабота ден - 1 Ден Сабота Ноќ - 2 Ноќ Недела изутрина кога Марија магдалена се упатила кај Гробот го нашла празен.
Па сега прашувам: дали е исто 3 дена и 3 ноќи - со 1 ден и 2 ноќи ???
Алберт ајнштајн да би го довеле неможе ова да го изедначи, што пак се соочуваме повторно со проблем, со контрадикторност, Исус вели 3 дена и 3 ноќи, но според Библијата добиваме 1 ден и 2 ноќи, што е сосем различно од тврдењето на Исус. Па сега кој овде лаже Исус , Библијата или Христијаните ???
Од сето ова се заклучува дека Изјавата на Исус во Библијата е вистинита, недоликува на Исус да би лажел, а некој подоцна ја искривил вистината, исто така Куранот е во подполно право, Исус небеше нити распнат нити убиен , туку тоа само им се причини, Аллах вели:
И заради изјавата нивна : „Да ние, навистина, го убивме Месих (преведено Христос)," Иса, синот на Мерјем, Аллаховиот пратеник. Не го убија и не го распнаа! Туку тоа им се причини. А оние кои, навистина, не се согласија во тоа, во сомневање се: ништо не знаеја за него, само се сомневаа... Не го убија сигурно, Туку Аллах го дигна кон Себе. Аллах е Силен и Мудар! Сурах 4 ред 157
Браќа и Сестри, Повелете сега коментирајте во врска со темата....:salut: