Политиката околу спорот за името: стратегија, незнаење или терање инает ?

  • Креатор на темата Креатор на темата realen_07
  • Време на започнување Време на започнување
Погледнете како Александар Николовски (ДПМНЕ) од Брисел си тера дневна политика во функција на претстојните претседателски избори.

##################################################

Македонија ги губи лобистите во Европарламентот

Извештајот за Македонија на Eвропарламентот, односно на известувачот Ерик Меjер, влегува во тешка фаза. Се поднесуваат амандмани кои директно ја поткопуваат македонската позиција.

И не само тоа, се губат лобисти, како социјалистот Свобода, кој е потписник за најголемата пречка - да се избрише делот каде што билатералниот спор не треба да биде услов за евроинтеграциите, но и Грција да не стави вето.

Маринела Тушевска од СДСМ и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ се лобистите кои го образложуваат овој потег на Свобода и на Пениорш, поднесувачите на амандманот.

Прашањето е зошто го изгубивме Свобода кој беше лобист за Македонија?

„За жал, веројатно со некои чекори коишто ги преземаме во нашата внатрешна политика, се рефлектира и на меѓународната сцена, односно на положбата којашто ние ја имаме на патот кон нашата евроинтеграција, со тоа што некои луѓе кои не поддржувале многу, се на некој начин макотрпно стекнати пријатели, денес ја губиме нивната поддршка“, изјави Маринела Тушевска.

Од друга страна Николовски од ВМРО-ДПМНЕ го обвинува директно Фрчкоски дека е причина за ваквиот извештај.

„Може да се слушне низ круговите дека после посетата на Фрчкоски, пред две недели на Брисел, многу од расположението кај социјалистите се сменило во насока обратна за Македонија“, вели Николовски.

Вие го обвинувате СДСМ, но јас го имам документот каде што Заев бара од претседателот на социјалистите Македонија да добие датум за преговори.

„Не, видете, ние заедно со колегите од социјалдемократскиот сојуз, заедно тука лобираме за овие амандмани да не поминат“, изјави Николовски.

Вие го обвинивте Фрчкоски, значи ли тоа дека само Фрчкоски не сака датум за преговори? Може ли да кажете некои име , кој тоа ви го кажал, заради тоа што зборување по ходниците и кулоарите не може да биде релевантен доказ?

„Видете, релевантен доказ е извештајот, којшто јас ви кажав, без разлика на сето она што го имаме, е исклучително позитивен. Генерално имаме одличен извештај“, рече Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку се усвои и најпозитивната верзија за Македонија да биде препорачан датум за преговори, нема да биде првпат ваков вид став на европарламентот, но се разбира, печатот на европското досие на Македонија, го става европската комисија.

Извор l Видео

Погледнете го видеото, и видете како Билјана Секуловска ги демаскира дневнополитичките изјави на лобистот Николовски.....кој после нејзините прашања, едноставно остана без одговор.

Кој дебилизам!
 
Требало едноставно да каже дека Мирка имала такви “индиции“.:pos2:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom