Единствен став не се гради со кокетирање, туку со искрени намери.
Искрена намера е јасно и гласно застанување позади неменливоста на името.
Ајде бе машко, чим ти игра многу опашот.
Искрени намери :tv:
Па кој отворено, т.е. ИСКРЕНО се залага за смена на името?
Груевски кокетира со ставовите, исто како и со чувствата на граѓаните.
Тој Македонија ја разединува....не ја соединува.
Аууф ти многу загрижено делуваш за чувствата на “граѓаните“, ебате беља. Дај не употребувај лигави фрази ти се молам.
Единствениот интерес кој го застапуваш овде е оној тесно партискиот,а најсмешно е што вината која си ја носите како предавничка гарнитура се обидувате по секоја цена да ја “споделите“ со оние кои немаат никаков удел или поточно да ја претставите како “платформа“ околу сите треба да се согласиме за да не бидете изолирани како партија и означени за историски предавници на овој народ.
Сакаш да кажеш дека грчките антимакедонски резолуции до пред две години не поминуваа во сенатот поради тоа што тогаш ние повеќе сме плаќале од грците ?
Па ти забораваш колку битки доби Грција и нивното лоби за време на СДСМ, аман бе. Кратка меморија.
Ти изгледа не ни си слушнал за сите резолуции покренати од про-грчките сенатори, па удараш муда на тамбура.
Благодарејќи на тоа лоби, беше потпишан еден Лисабонски ултиматум.
А за другите и да не спомнувам, успехот на Грчката дипломатија и лоби е ЕВИДЕНТЕН во периодот на Киро и Бранко.
Немој со грчкото лоби да ја покриваш катастрофалната надворешна политика на ова влада, со која наместо да ги подобрува нашите позиции низ свеотот, ги губи и оние кои се макотрпно градени во изминатиот временски период.
Не го обвинувам ја Грчкото лоби, тоа си работи константно со ист интензитет.
Велиш МАКОТРПНО градени позиции во изминатиов временски период?
Аууу мајстореее.. ја утна песнава.
Грчкото лоби постоеше и пред пет години.
Грчките пари финансираа и кампањи на други претседатели, но тогаш македонската позиција во Америка бележеше угорна линија.
Ајде море, а во меѓу време 30 претседатели на САД се сменија?
Македонската позиција? :nesvest:
Доволна е мала ретроспектива во однос на не толку далечен период, каде Македонија ја доби и најголемата директна поддршка од САД.
Значи... пак ја утна бачко.
Еве сега како рифреш, на тоа кој ги урнал МАКОТРПНО градените македонски позиции во однос на името... ( а замисли не се грци

)
Бидејќи и во цитатот успеа лешперски да го изоставиш овој дел и да дефокусираш муабет:
А ја би рекол, секоја изјава на Бранко, Заев, Шеќеринска итн. остали “експерти“, директно ја ослабнуваат позицијата на Македонија и не овозможуваат цврсто водење на политиката на државата.
Мислам дека нема потреба повторно да ги репостирам нивните изјави “пред-потоа“ и саботирање на македонските позиции.
Во практика тоа вака изгледа:
1. 2005 Бранко вели: ДВОЈНАТА ФОРМУЛА е единствениот компромис прифатлив за нас.
Предлогот на Грчкиот претседател за “Р. Македонија - Скопје“ го отфрла децидно.
Илинка Митрева вели: Секоја промена на името на Македонија ќе резултира со промена на идентитетот на народот.
Фрчковски вели: Македонија не треба да ги толерира домашните КВИНСЛИЗИ кои заговараат промена на името.
Не смееме да отстапиме.
2. Груевски доаѓа на власт, неговиот став во однос на името е исто така двојната формула.
3. Б.Ц сега 2007/08 вели: Македонија треба да се соочи со реалноста, да прифатиме додавка или придавка.
Фрчко: Северна или Горна Македонија е ОДЛИЧНО решение.
“Експертите“: Македонија не смее да ја испушти оваа СУПЕР прилика и веднаш да прифати Р.М.-СК.
Б.Ц. : Македонското Собрание да изгласа веднаш промена на името уште пред да се изјасни и Грција по истиот.
(Грција го одбива)
4. 2008/09
Владата: Двојната формула е најдоброто компромисно решение, секој предлог кој ќе биде разумен и нема да го загрозува Македонскиот идентитет ќе биде ставен на Референдум.
5. СДСМ и “Експерти“ : Груевски е НАЦИОНАЛИСТ, Груевски води тоталитаризам, Груевски не сака во НАТО и ЕУ.
.......................и така натака.
Фалачаопријатно :tv: