ne edinstvoto e nasata najslaba strana....da bevme resitelni i edinstveni dosega ce imavme izgradeno stav koj ne ce mozese nikoj da go napaga ili koristi protiv nas.
Единствен став не се гради со кокетирање, туку со искрени намери.
Искрена намера е јасно и гласно застанување позади неменливоста на името.
Груевски кокетира со ставовите, исто како и со чувствата на граѓаните.
Тој Македонија ја разединува....не ја соединува.
Realen, конгресмените не се базираат на никакви аргументи и не гласаат поради нивното чувство на праведност туку поради сопствените интереси - финансиски.
Сакаш да кажеш дека грчките антимакедонски резолуции до пред две години не поминуваа во сенатот поради тоа што тогаш ние повеќе сме плаќале од грците ?
Грчкото лоби само за кампањата на Обама потроши околу 4 милијарди долари, а за возврат очекува поддршка на таквите про-грчки резолуции.
Немој со грчкото лоби да ја покриваш катастрофалната надворешна политика на ова влада, со која наместо да ги подобрува нашите позиции низ свеотот, ги губи и оние кои се макотрпно градени во изминатиот временски период.
Грчкото лоби постоеше и пред пет години.
Грчките пари финансираа и кампањи на други претседатели, но тогаш македонската позиција во Америка бележеше угорна линија.
А ја би рекол, секоја изјава на Бранко, Заев, Шеќеринска итн. остали “експерти“, директно ја ослабнуваат позицијата на Македонија и не овозможуваат цврсто водење на политиката на државата.
Просветли ме, и обелодени ни ја позицијата на Груевски и ова влада.
воведниот пост на темава изобилува со спомнување на груевски.
ирелевантно е да се збори за човек кој за 2 години ќе падне во заборав т.е. ќе се памти како еден од најнеспособните политичари од осамостојувањето на македонија
Тоа и според мене е несомнено. Но прашањето е што ќе остави позади него ?
Според кои мерила, она што е дозволено на Грција, не и е дозволено на Македонија?
Според оние мерила поради кои денес сме надвор од НАТО и далеку од ЕУ.
Сеуште не ти е јасно ?
Таа попусливост и тенденција да не "провоцираме" не донесе до тоа да го дадеме знамето, да си закачиме референца, и конечно да не збришат од еу графите.
Време е да престанеме со истата.
Затоа уште еднаш те прашувам ШТО ДОБИВМЕ СО ЌУТЕЊЕ????????
Која е логиката на ова како што ја викаш "непопустлива" политика (која оди во корист на грците), доколку секојдневно ги губиме позициите на меѓународно ниво ?
Објаснете ми ја целта на ова политика.
Во секој случај што и да прави владата некој ја избрал еднаш , двапати...така да народот стои позади тоа...а бидејки во моментот сеуште имат околу 38% рејтинг мислам дека е јасна желбата на мнозинството...
Супер. Ти велиш дека владава има голема подршка во секоја одлука која ќе ја донесе.
Доколку е така а владата е толку патриотска и по никоја цена не сака да го промени името,
зошто едноставно не ги прекине преговорите ?
Не можат тие да не убијат онака ко што самите се убиваме со вакви демоларизаторски ставови кои од грција прават недопирлива бабарога.
Што апсолутно не е така.
Истото прашање важи и за тебе.
Владава има голема подршка кај народот.
Зошто не ги прекине преговорите.
Уште повеќе што нашите позиции на меѓународно ниво од ден на ден се се' послаби, што ќе значи дека се' послаби се и шансите за решение на спорот во наша полза.
Но, еве преполни сме со луѓе кои сејат лажен страв и апокалиптични сценарија.
Не знам кон што целат со тоа...
Или уште подобро.
Наместо Груевски да распишува референдум за промена на името за да тој се огради од одговорноста, нека распише референдум за прекинување на преговорите и замрзнување на нашите Евроатлански аспирации, сe' додека грција опстојува на истите позиции.
Така во иднина и не би постоела дилема за менување/неменување на името, а воедно и ти и твоите пријатели овде на форумов, би биле ослободени од обврската секојдневно да пронаоѓате по некој предавник или непријател на Македонската кауза.