Најголем проблем во врска со спорот со името е националното неединство кај политичкиот врв! Можам само да замислам како им звучиме на меѓународните претставници кога едните тврдат едно, другите друго! Сигурно ништо не им е јасно, освен тоа дека сме недоквакани.
Најважно е СИТЕ политички субјекти да сфатат дека МОРА да има национален консензус за прашањата од национален интерес, и дека ефтините финти што ги продаваат на домашниот политички панаѓур не врват надвор.
Оние политичари кои мислат (каков егоизам) дека имаат мандат да прават компромиси со највисоките национални интереси или се будали или предавници, во секој случај не се квалификувани да не застапуваат!
Ќе ја продлабочам темава со обид да видам каква ќе биде ситуацијата по претседателските избори, по изборот на Иванов за претседател. Сигурно дека ќе биде значително подобра, но не доволно. Зошто?
Затоа што ќе биде пласирано дека тоа сеуште е само едната страна од медалот, а дека голем дел од јавноста во Македонија (тука ќе се повикуваат на бројката добиени гласови на избориве) мисли поинаку!
Значи, клучен момент, без финти и други курварлаци е СИТЕ политички субјекти, како еден да застанат на линијата на бескомпромисна одбрана на националниот идентитет!
Би било доблесно и полезно ако Груевски мисијата на преговарач му ја довери на некој национално совесен кадар на СДС во овој контекст, оти не сите кои се во СДС сметаат дека треба да го продадеме името за ветар и магла, барем се надевам дека е така.
Постов е предолг, но да појаснам уште зошто „ветар и магла“. Тврдам дека е така бидејќи и НАТО и ЕУ се формирани не толку одамна, како резултат на потребите на даден политички момент, и најверојатно, кога ќе се надраснат самите себе, ќе згаснат, ќе бидат заменети со некакви поинакви сојузи од една страна. Од друга страна, колкави и да се бенефитите од членството во ЕУ и НАТО, не се доволно големи за да ги платиме толку скапо, со националниот идентитет и со самата нација којашто така обезличена практично ќе биде уништена!