Рам меморија

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Пред некоја недела си се почастив со нов ПЦ: CORE 2 QUAD 2.83 12MB 1333MHz; ATI PCX HD 4670 1GB; 8gb ram DDR2 ( 4x2 ) и како шлаг на све тоа монитор samsung t240HD на резолуција 1920x1200 ( знам...знам, садо-мазо сум али ми треба :vozbud:). На оваа машина-ѕвер инсталирав виста ултимејт 64 битна со СП1.
Но приметив дека рам меморијата не ми е целосно искористена, кога стартувам некој ѕвер програм како на пример 3д макс ( 64 битен ) и му мавам рендер приметувам дека не ми ја искористува целата рам меморија иде некој си 24-8% то ес 2гига.
Има некои подесувања во вистата за ова или тоа јалнаш сум. Реално би требало барем уште малце да ми се забрза рендерот споредено со преходниот трактор-ПЦ.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.845
Поени од реакции
5.148
Најверојатно програмата си искористува толку колку што и треба во даден момент.Мислам дека вистата нема никаква врска со алокација на меморија на одредена програма.Пробај со најнова верзија на 3d Max.
 

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Немогуче да користи само ебани два гига, ова се случува и кај други програми ( 64 битни ) додека сите 4 јадра од процесорот ми се 100% искористеност, викендот ќе се заебавам малце со физичката и виртуелната меморија, али не знам што да чепкам таму.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.845
Поени од реакции
5.148
Пробај намести виртуелна меморија на 0, со тоа све ќе оди во РАМ, или пак ако имаш повеќе искуство и знаење, земи некое програмче за РАМ драјв.
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Имаш 8 GB RAM и Core2Quad процесор, што те чуди???

Процесорот пребрзо ги обработува податоците што се во рамот и одма бара други, значи не дозволува рамот да се наполни а и рам имаш премногу (повеќе од доволно)
 
Член од
8 јуни 2005
Мислења
90
Поени од реакции
0
Колку што јас разбирам,искористеноста на RAM-от зависи од комплексноста на сцената т.е. што повеќе полигони толку повеќе рам ќе користи.Штом гледаш дека MAX-от ти ги користи сите 4 јадра свиркај си и одмарај.За да го убрзаш рендерот треба да знаеш да оверклокуваш процесор и да знаеш како да оптимизираш рендер.
 

Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.543
Поени од реакции
167
во таск менаџерот ти покажува колку меморија се користи вкупно,а не мора да значи дека се користи 100 проценти целата кога работиш некој програм.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
384
Поени од реакции
17
нема програм Што ке земе повеќе од 2 гига рам меморија барем за сега !
 

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Хммм... сакате да кажете дека плафонот е 2гига??? нема веќе нагоре???
Сепак ке треба да размислувам за мац или повеќе пц-ја во мрежа за рендер
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.845
Поени од реакции
5.148
Хммм... сакате да кажете дека плафонот е 2гига??? нема веќе нагоре???
Сепак ке треба да размислувам за мац или повеќе пц-ја во мрежа за рендер

Размисли за Core i7, ако си професионалец.
 
Член од
3 мај 2008
Мислења
601
Поени од реакции
7
еј а како се проверува колку ти е искористен рамот ??:kesa:
 

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
еј а како се проверува колку ти е искористен рамот ??:kesa:
Можеш преку таск или ресурс монитор во виста

Размисли за Core i7, ако си професионалец.
Да падната малце дд3-ката и процесорите и сигурно зимам и7 па во мрежа ќе рендам.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
А тебе тоа ти смета? Што не ти се цеди рам меморијата додека работиш нешто? Седни на некоја хард кор апликација за 3D и пукни да рендаш 15 минутен клип на fullHD :)
Незнам со што точно се занимаваш, али ќе дојде моментот кога ќе ти "пукне" рамот :)

И тргај вистата :wink:
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
И тргај вистата :wink:
Не тргај, остај вистата.

инаку кај пишува, во кој правилник, дека ти ако си бапнал 8 гига рам, програмот МОРА да ги искористи сите????? Програмот си зима онолку колку што му треба. У моментот за рендање не му требале поише, па не си зел. Инаку ако е стварно 64 битен програмот, ке си земе колку сака, а ако е 32 битен, може максимум да земе 2гб.

Ако стварно сакаш да видиш како ти се пуни рамот, бапни 10тина виртуелни машини на Vmware со по 512 рам, па чуди се како ти се заглавува господската машина:pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom