Како да се собере храброст?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Како да се собере храброст да се раскине една врска? Значи не зборам како да се раскине, има теми за тоа како да се стави точка на врската.

Ете сте ја донеле одлуката, знаете дека така е направилно, ама едноставно ја немате храброста.

Како да се соочи човек со тој некој страв и недостаток на храброст?

Сте биле ли во таква ситуација? Како сте ја решиле?

Дали недостатокот на храброст е причината шо голем број врски завршуваат преку телефон, што според мене е глупост?
 
Ај понуди одговори за „собирање храброст„
За соочување со страв не постои друг начин освен да се соочиш.
 
Ај понуди одговори за „собирање храброст„
За соочување со страв не постои друг начин освен да се соочиш.

Е па прашањето е како да се соочиш? Како да собереш храброст? Знаеш дека тоа е правилната одлука како ќе постапиш? Ќе одложиш раскинување затоа што немаш храброст, ќе направиш некои радикални мерки, што ти ја знам, преку гулаб писмоносец?:icon_lol:
 
секој вреди барем тоа да му се каже очи во очи. затоа и јас еве собирам храброст, никако да соберам.
а колку лесно изгледа од страна..
сепак тоа не е мала работа и понекогаш стварно мислам дека е подобро преку телефон да се каже, за да не се подпадне на погледот на особата, што јас лично не успевам да успеам.
 
Пораки и телефон заборави. Мсн, скајп мајп све.
Мора непосредно. Изедеш една чоколада милка алпине милк цела, и една чаша вода.

И почињаш : Не е до тебе....:icon_lol:
 
Да ме прашаше за храброст за било што друго имав спремано одговор :icon_lol:.Ама за ова најтешко е.Храброста не се собира, не се добива туку е чувство на самодоверба.Стравот од соочување со тој/таа што треба да му/и ја соопштиш таа одлука е најчесто резултат што тие работи завршуваат преку телефон или уште полесно преку e-mail.

Ај понуди одговори за „собирање храброст„
За соочување со страв не постои друг начин освен да се соочиш.
Ако можиш да се соочиш со едно нешто тогаш ти немаш страв од тоа нешто.
 
Ако можиш да се соочиш со едно нешто тогаш ти немаш страв од тоа нешто.

Епа за да го победиш мораш да се соочиш, или одбери втора алтернатива, пичкосувај се цел живот.
 
Пораки и телефон заборави. Мсн, скајп мајп све.
Мора непосредно. Изедеш една чоколада милка алпине милк цела, и една чаша вода.

И почињаш : Не е до тебе....:icon_lol:

Со болдираното се согласувам дефинитивно, ете и во воведниот пост поставив такво прашање, дали недостатокот на храброст предизвикува такви “бош“ раскинувања по телефон. И јас мислам дека да.:)

Но, како и да е, потребна е храброст, секако, и ако некој има рецепт како да се собере таа храброст, нека биде благороден и нека го сподели.:pipi:
 
Е па прашањето е како да се соочиш? Како да собереш храброст? Знаеш дека тоа е правилната одлука како ќе постапиш? Ќе одложиш раскинување затоа што немаш храброст, ќе направиш некои радикални мерки, што ти ја знам, преку гулаб писмоносец?:icon_lol:
Ако си сигурна дека врската треба да се раскине,тогаш зошто повеќе да оддолговлекуваш?
Мислам,ако веќе си размислила и си донела заклучок дека треба да биде крај,бидејќи веќе не функционирате како пар,тогаш направи го тоа.
Чуму храброст?
Се плашиш од нешто,па мораш да собираш храброст?
Раскин си е раскин,happens all the time.
Најобична ствар,верувам дека и партнерот треба да го свати тоа.
Е сеа,ако знаеш дека со тоа ќе ги повредиш неговите чувства,тогаш ситуацијата е покомплицирана.
Во ситуација си да бираш:
-Дали ти да се подложиш на врска од која не си задоволна,и насила да останеш во неа,само за да не го повредиш партнерот?
-Дали да завршиш со тоа,и да продолжиш со својот живот,и покрај тоа што знаеш дека ќе го повредиш?
Мислам дека второто решение е многу подобро,бидејќи ако останеш насила во врската,партнерот ќе го забележи тоа,ќе забележи дека не го сакаш,туку си со него само од сожалување и секако ќе биде повреден.
Ако му раскинеш,тој навреме ќе знае на што е,ќе знае дека нема шанси со тебе и барем ќе има време да се среди и да си продолжи со животот,што е далеку подобро од тоа да се измачува во врска од која не добива никаква љубов.
 
Потврда дека нешто не е во ред (ако праша другиот). Не треба голема храброст за потврдување на вистината. Проблематично е ако другиот не ни насетува дека има некој проблем...
 
Пораки и телефон заборави. Мсн, скајп мајп све.
Мора непосредно. Изедеш една чоколада милка алпине милк цела, и една чаша вода.

И почињаш : Не е до тебе....:icon_lol:

Не, не.
Ова повеќе ми се допаѓа: Моментално се наоѓам во фаза во која школото/кариерата ми е побитно/а, така да...

Храброст како да се собере? Просто. Потсети се на сите лоши работи што таа личност ги направила, за да ја доведе врската ваша до таа состојба.
 
Епа за да го победиш мораш да се соочиш, или одбери втора алтернатива, пичкосувај се цел живот.
Ама ти не можиш да се соочиш со тоа што се плашиш.Пример има луѓе се плашат од мачки и бегаат од нив не застануваат да се соочат.Или се плашат од височини па избегнуваат да стојат на високи или стрмни места.
 
Храброст како да се собере? Просто. Потсети се на сите лоши работи што таа личност ги направила, за да ја доведе врската ваша до таа состојба.

А што кога не направила личноста ништо лошо, туку ете по игра на случајност нешто не “кликнало“?:toe:
 
Кога сама со себе ќе се договориш дека е крај ќе мора истото да и` го соопштиш и на другата страна. Прво ради тебе и чувството на човечност и фер игра. Второ, знаеш дека ќе мора да се соочиш кога тогаш и дека секое одолговлекување само ќе ти биде измачување. Колку порано прекинеш, тоа подобро за тебе (егоизам де :)). Значи, се форсираш сама, замижуваш и тргнуваш. :smir: Кога нешто мора да се деси нека биде порано.
 
Ама ти не можиш да се соочиш со тоа што се плашиш.Пример има луѓе се плашат од мачки и бегаат од нив не застануваат да се соочат.Или се плашат од височини па избегнуваат да стојат на високи или стрмни места.
Епа цел живот ке се плашиш и нема да го надминеш никогаш стаавот.
А ако со некој друг ја земеш мачката в раце и ќе видиш дека ништо не е страшно, и ке ја подржиш малце и ќе го надминеш така стравот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom