Која ви е најбрзата, а која најтешката одлука?

  • Креатор на темата Креатор на темата \m/arko
  • Време на започнување Време на започнување

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Возраст
35
Локација
Behind you...
Веб-сајт
www.babati.gov.babala.mk
Се смета дека во рок од еден ден/24 часа човекот врши околу 10 000 одлуки, кои свесно кои подсвесно ама се се сведува на тоа кои одлуки ни се најважни. Некои велат дека тоа се најтешките, не велам не ама се тоа зависи од моменталната ситуација или состојба на персоната.

Моја најбрза одлука би била занемарувајќи ги дневните рутини како станување, миење заби, спремање за школо итн итн, туку нешто друго...Одлуката беше пред 2-3 месеци, дознав дека Мејден доаѓаат во близина кај нас па рапидно се одлучив "Ќе идам и точка!", и еве сега си имам карта, пат средено.

За најтешка одлука незнам не сум размислувал. За човек на мои години би било тоа Каде понатаму? Дали Правен или Филозошки, Дали по мој памет или по паметот на моите? Грижи за тоа што ако се заебам со овој факултет? Се разбира ова е пример само, можно е и други одлуки да се донесуваат... Сепак се работи до самата персона.


Затоа кои би биле вашите најбрзи и најтешки одлуки?
 
најбрза одлука во 8мо одд коа бев коа го спукав еден тип.. ама убоо го истепав... за некоја безвезна причина....

најтешка одлука... кога морав да бирам меѓу две личности... фејк чувство тапа.. месеци и месеци се осеќав тапа :)
 
Најбрза одлука...не знам,ваљда коа се договараме да киднеме од час:):)

Најтешка одлука...кога требаше да раскинам за безвезна причина(и уште ми е тешко)
 
Најбрза одлука... Ако се шишам, се шишам! Кога бирам јадење... Сакам ова и ова! Околу секс...Сакам тука и сега!:)

Најтешка одлука... Како да исфрлам некои луѓе од животов, без да направам огромни последици...:toe:
 
Јас не знам бавно да одлучувам. Ако за нешто се мислам и двоумам, тогаш испаѓа лоша одлука, која може и да не ја донесам. Или во еден момент смислувам и решавам или ништо. Си се водам по тоа што во моментот ми го кажува срцето или мислите. Значи не дека не размислувам постојано за сите работи, но кога треба да се реши што понатаму во еден момент сечам, а не продолжувам посериозно да ковам планови или од почеток да ги разгледувам сите ситуации.
Тешко ми оди и планирањето на последиците и ризиците, затоа не секоја одлука испаднала правилна. Но, зошто да се замарам со тоа, кога некои посебни моменти кои ме креваат до небо вредат за цел живот?:)
 
Кога се запишував на факултет ми беше најбрзата, необмислена, а правилна одлука, тргнав за на еден, дадов документи на друг, ништо не ми фали!

Најтешката??? Кога решив да ги напуштам доктрините на партијата во која верував, сеуште мирно спијам поради тоа, ама тогаш се думав и шестав.
 
Па најбрзи се... што да јадем, што да облечем и сл... а пак најтешка ми е сеа во моментов што се одлучувам... што да правам со животот, каде понатаму, на кој факс...
 
Најлесна одлука ми е кога треба да јадам.Воопшто не му ја мислам.Едноставо земам и јадам.
Најтешка одлука кога треба да бирам меѓу две нешта кои ми значат.
Кој избор и да го направам мислам дека е погрешен:nesum:
 
Нема да кажам што, ама ќе кажам дека се случувало некогаш најтешката, најбрзата и најправилната одлука да ми се поклопат. Како Jacobs. 3 во 1. :jaj:
 
Најбрзата одлука ми беше да го клам.
Најтешката одлука - да го извадам
 
Се смета дека во рок од еден ден/24 часа човекот врши околу 10 000 одлуки, кои свесно кои подсвесно ама се се сведува на тоа кои одлуки ни се најважни. Некои велат дека тоа се најтешките, не велам не ама се тоа зависи од моменталната ситуација или состојба на персоната.

Моја најбрза одлука би била занемарувајќи ги дневните рутини како станување, миење заби, спремање за школо итн итн, туку нешто друго...Одлуката беше пред 2-3 месеци, дознав дека Мејден доаѓаат во близина кај нас па рапидно се одлучив "Ќе идам и точка!", и еве сега си имам карта, пат средено.

За најтешка одлука незнам не сум размислувал. За човек на мои години би било тоа Каде понатаму? Дали Правен или Филозошки, Дали по мој памет или по паметот на моите? Грижи за тоа што ако се заебам со овој факултет? Се разбира ова е пример само, можно е и други одлуки да се донесуваат... Сепак се работи до самата персона.


Затоа кои би биле вашите најбрзи и најтешки одлуки?

Хахаха доста крадеш темиве од бизнис бе море и тука ли ќе повтарам истото. Срамота :pos: Сеа те пријавуам кај нејзе па ќе ти бара копирајт права.

Најбрза одлука ми била да одберам рпедмети за матура полагање, а воедно и потешка малку. Ама во потешките ќе го пишам одбирањето на факултет и смер за понатаму.
 
Најбрза - да јадам и што да јадам
Најтешка - ми беше каде на факс во вториот уписен рок од кога ми скршиа филм на првиот.
 
Хахаха доста крадеш темиве од бизнис бе море и тука ли ќе повтарам истото. Срамота :pos: Сеа те пријавуам кај нејзе па ќе ти бара копирајт права.

Најбрза одлука ми била да одберам рпедмети за матура полагање, а воедно и потешка малку. Ама во потешките ќе го пишам одбирањето на факултет и смер за понатаму.
Абе гајле ми е. Што има везе тоа, таманка е темава, ако е крадена од Павлина.
 
Najbrza odluka mi e od knigata da sednam na kompjuterot:)))) a najteska i najmrzesna da slegnuvam do dolu za cigari u 12ipol
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom