Пошто се прашуваш, јас ќе ти одговорам... На некој тим му е можеби потребна победа на еден натпревар, меѓутоа во 89 минута губи со резултат 1:0, па своите амбиции ќе ги сведе на бркање нерешен резултат... Тој тренд на битка за нашето уставно име што се случуваше до 2006 година, доколку продолжеше со исто темпо, денес веќе ќе имавме извојувано победа...
За жал, нашата меѓународна позиција во меѓувреме драстично се влоши, па денес наместо ЕУ и НАТО, наша цел стана Движењето на неврзаните на чие чело е другарот Раул Кастро...
Наместо битка за уставното име, наша цел стана да ја задржиме референцата FYROM...
Наместо да се бориме за подобар живот на граѓаните во државата, наша цел е да ја уништиме опозицијата на чело со лицето Б.Ц.
Наместо горди Македонци, преку ноќ станавме овци на пастирот...
Систем на искривени вредности се нарекува тоа!