Не се замарајте со Фрле тој е избран од Бранко како кловн на овие избори за да знае сигурно дека нема да победи.
Треба да победи вмровски кандидат за да одговорност за случувањата понатаму во Македонија бидат исклучиво на ВМРО-ДПМНЕ.
А Бране во моментов повеќе се занимава со подземна политика одколку со избориве.
Има многу вистина во горенаведеното. Истото сценарио како за 2001, со тоа што тогаш успеаа да ги натераат и они да се потпишат на Охридскиот договор... Со тоа што и овојпат сметките на пазар и дома нема да им испаднат исти...
СДСМ ВО Кавадарци
„Фамилијата која владее со нас прави хотели и трговски центри во Чешка и Словачка, кај што мисли да побегне кога ќе ги урнеме од власт. Но, ќе ни ги оставам ВМРО-вчињата овдека кој сега ни се закануваат, тие нека му се мислат сега бидејќи ние нема да му ја мислиме после“, рече Фрчкоски.
:salut::salut::salut:
Овој почна и да прети!!!
ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАНДИДАТ НА СДСМ БЕЗ ПОДДРШКА И ОД СОПАРТИЈЦИТЕ
Рада, Илинка, Спасов и Бучко не го есапат Фрчко?!
Фрчковски кој уживаше во пури, скапи часовници, коњи, како и во поделбата на луѓето на екологисти (сељачана) и елитисти (градски мангупи), одеднаш наместо да продолжи да вози велосипед со штипка, станува загрижен за фармерите, сточарите, млекото и за други "дреболии", вели Спасов во една од своите колумни. Бучковски и Шекеринска пак своето отсуство досега го оправдуваа со службени патувања во странство
Претседателскиот кандидат на СДСМ Љубомир Фрчковски барем во првиот дел од предизборната кампања не може да се надева на поддршка од дел од истакнатите сопартијци. Поранешниот Претседател на партијата Владо Бучковски, отсуството од митинзите го оправда со обврските кои ги имал како пратеник во Собраниската делегација на Конференција на НАТО во САД. Сепак и по враќањето, на ниту еден митинг на социјалдемократите немавме прилика како порано да го видиме во првите редови. Медиумите регистрираа само една средба на Бучковски со Фрчковски во штабот на Претседателскиот кандидат. Со службени обврски во Словенија, отсуството го оправда и екс-лидерката Радмила Шекеринска. Рече дека потвда за нејзиниот ангажман за партијата на чие чело беше повеќе од една година било присуството на промоцијата на партискиот кандидат за градоначалник на Центар, Мирослав Вујиќ, кој воедно е нејзин правен застапник.
Меѓу оние од старата гарда кои или не го есапат Фрчковски како вистински кандидат на СДСМ за Претседател на државата или пак од чии услуги барем на кратко се откажала партијата се професорот Ѓорѓи Спасов, поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева и екс-министерот за финансии Никола Поповски. Ако изминатите изборни циклуси беа ударната тупаница на "Бихаќка" за освојување на гласачкото тело, за овие избори никаде ги нема. Сегашната гарнитура на СДСМ не смета на нивниот авторитет и углед кај граѓаните
Сепак Спасов не штеди зборови за јавно да го искаже својот став за Фрчковски и начинот на кој тој и СДСМ ја водат предизборната кампања. Во колумна во "Утрински Весник" од понеделникот, вели дека кампањата на СДСМ наместо да го продава како светски човек, професор и интелектуалец упорно го турка во друштво со земјоделците со кои тој не се чувствува во природен амбиент и затоа, смета Спасов, нема да биде чудо доколку до крајот на кампањата да игра оро и да пее турбо фолк.
-Фрчковски кој уживаше во пури, скапи часовници, коњи, како и во поделбата на луѓето на екологисти (сељачана) и елитисти (градски мангупи), одеднаш наместо да продолжи да вози велосипед со штипка, станува загрижен за фармерите, сточарите, млекото и за други "дреболии". Неговата порака е дека доколку Македонија брзо не влезе во ЕУ и НАТО, ќе пукне однатре. Следниот чекор на Албанците ќе биде барање за основање на кантони, а тоа може да води до распаѓање и исчезнување на Македонија. Затоа иако физички не изгледа како Тарзан, бара да им се скрши ногата на противниците на 22 март како да се тие некоја жена во паркот што му го земала паркингот, вели Спасов.