Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Па мислам ни дека твојот лидер не бил ништо поарен со сојата бивша жена, извори од државна болница, се надевам дека новата сопруга на хер хирер нема слични проблеми.

Така да мислам дека дискусијава ве и е:drk:
Во голема заблуда си ако мислиш дека јас имам лидер... Главни генератори на ренесансата на МАКЕДОНИЗМОТ се неопределените кои успеале да го надминат вакумот во кој беа бутнати со децении и конечно да се себеосознаат... А за вас кои се уште живеете во бунило, искрено ве жалам, не е лесно да живееш и да не знаеш и кој си и што си, а посебно да чекаш друг тоа да ти го каже... Од неутрална гледна точка, споредбите со некакви хирери се само показател за агонијата во која се наоѓа одредена група луѓе во недостаток на аргументи за нормална дебата и размена на мислења... Уживајте во агонијата и мизеријата!!!
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Патриоти,Националисти и војводи,нема ништо комитско ако војводата е Аспарух!А и не верувам дека Иванов е некој фактор на Македонската политика а не пак во надворешната.Се што може да очекуваме од него е инает и тешки шлаканици и бруки.
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Ветуваат автопат, а 18 години не шуткале по козји патеки


Автор: Мирка Велиновска

Академикот Иван Катарџиев не сака да ги коментира наводите што ги изнесов во текстот за планот Македонија да се преобрази во сложена, кантонална унија на народи. Не дека не би имал што да каже на таа тема, но само зошто јас сум деструктивен новинар тој не се впушта во коментар. Демек, конструктивниот академик ме множи со нула.

Кога по некоја случајност јас не би била новинар во Македонија, а Катарџиев академик во неа, ваков однос и кон темата и кон обврската јавноста да слушне јасен одговор на прецизно прашање, би било скандал од прва категорија - тема за себе. Тоа повторно на многу болен начин го активира прашањето за состојбите во македонското општество, кое никако не успева да излезе од идеолошката шема за добри и лоши, оние што се секогаш во право и оние што се предодредени да грешат.

Во случајов мене не ме интересира Иван Катарџиев, зашто е составен дел на нашата историја на болест. Во крајна линија, тој би бил одличен експонат во некој иден музеј на восочни фигури во кој неговата восочна верзија ќе симболизира партиска наука, кариера што се заснова на партиска книшка. Тој е синоним за научник што прифатил титула академик во момент додека „новата реалност“ му ги урнала сите, ама баш сите, научни тези. Научник без дело, кој не е заинтересиран, додека е жив, да си одбрани макар една од своите научни тези за да си го оправда привилегираниот живот. Но живо ме интересира изворот на неговата антинаучна, антиинтелектуална и догматска ароганција на партиски војник со која ги покрива сите неодговорени прашања на кои е обврзан со професионалната чест да дава исцрпни одговори.

На пример, јас излегувам со одредени тврдења, а господинот, наместо да се спротивстави со контратеза или да ме растури со контрааргументација, вели: „Немам коментар, а особава е дебела и мајка и е плавуша“. И после се чудат некои зошто во Македонија немало дебати, не се отворале теми, немало соочувања и натпревар на идеи, немало завршница на ниту еден скандал - афера!?

Значи, кој го прашува господинот Катарџиев што тој мисли за мене како автор на текстот. Слободен е да мисли и да кажува што сака ако темата сум јас. Она што го прашуваме, или барем јас сакам да знам, е кој и зошто го предложил Исак Адижас за титулата академик во академија што се именува како Македонска? Зошто формалноправно како предлагач се јавува Одделението за општествени науки? Додека не добиеме прецизен одговор, имаме право да шпекулираме дека се работи за партиска задача, за багателизација на Академијата, за злоупотреба на институцијата...

Истото се однесува и за другите институции и за сите општествени делови што ги избираат комоцијата, опортунизмот, стравот и молкот наместо борбата за транспарентност, одговорност и отчетност. Катарџиев, барем како научник-историчар, би требало да знае дека мојата евентуална деструктивност, во крајна линија, е неважна за иднината на државата. Но деструкцијата што би ја произвела илегална политичка активност за трансформирање на државата од унитарна во конфедерална би имала и тоа како далекосежни последици. Со тие последици како евентуална нова реалност ќе треба да живеат идните генерации на овој простор. Е, за тоа, богами, нужно мора да се дебатира. Овде, сега, пред сите нас. Тоа е европски начин, тоа е демократски начин. Ние мораме да знаеме што работат политичарите. Тие мора да одговараат пред нас за она што мислат да го работат. Тоа е еден од двата можни начина како можат да ги оживотворат своите визии. Избори или револуции. Но обата се неизводливи без народ. Едното решение го бара мојот глас на избори, другото мојот живот за идејата. Значи, ако Македонија врие од демократи во душа и срце, тогаш, бујрум со проектот на јавна дебата! Зошто да не, може ќе прифатиме ново уставно преуредување, па и наше деноминирање, ако ни се изнесат добро фундирани издржани аргументи. Ама притоа мора да расчистиме кој каква улога одиграл во претходните децении. Нема повеќе да може за вакви теми СДСМ да ја скандализира јавноста и да се декласираат луѓето на партиска основа како што беше случај кога Васил Тупурковски „го продавал името за три милијарди долари“ со Љубчо Георгиевски, кој одамна тврдеше дека Македонија нема автентична историја, а па ни народ и се залага за промена на името, за размена на територии, или Доста Димовска, која јавно се залагаше за регионализација на државата со воведување нови институции. Ако таа програма ја презема и оживотворува токму македонската номинална левица, таа е должна тоа да го соопшти. Не е одржливо една политичка групација да се појавува и како егзекутор-диференцијатор и како реализатор на она што еднаш го осудил. Во тој миг секако ќе мора да си ја понесе одговорноста за претходните политики со кои нè замајувале. Оние што произведувале погрешна политика, устав со фабричка маана за кој претходно се колнеле дека е без никаква маана, оние што нè убедувале дека со нив сме на правиот и единствениот можен пат, оние што до вчера нè убедуваа дека со рамковниот устав е обезбеден унитарниот карактер на Македонија и со него биле исцрпени и најрадикалните албански барања, мораат конечно да се отчетат јавно пред нас, граѓаните на Македонија, што сме ги следеле верувајќи во нивната „визија“. Едноставно, не е здраво тие да очекуваат да им веруваме на жими мајка дека сега конечно знаат како да нè изведат на автопат, ако 18 години не шуткале по козји патеки.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Гест за поздравување:

Претседателска пица со бибер

Кандидатите за претседател на Република Македонија претпладнево се на заеднички појадок во ресторанот „Дал мет фу“ во Скопје.

На појадокот инициран од претседателскиот кандидат на ЛДП Нано Ружин, присуствуваат Ѓорге Иванов кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубомир Фрчкоски на СДСМ, Имер Селмани на Нова демократија, независниот кандидат Љубе Бошкоски и Агрон Буџаку од ДУИ кој прв пристигна на средбата.

Мируше Хоџа, единствената жена кандидат за претседател, синоќа го откажала присуството, без образложение.

„Кандидатите за претседатели дојдоа, а тоа значи дека испраќаме позитивна порака и до граѓаните и до меѓународната заедница дека не ни се потребни посредници за да се договориме за најбитните прашања во државата и оти можеби воспоставуваме традиција во нашиот политички живот и на идните избори заеднички така да се среќаваат лутите политички противници“, изјави пред почетокот на појадокот Ружин.

Тој видно задоволен од одѕивот на противкандидатите очекува од разговорите да произлезе договор за достоинствено настапување во натамошниот тек на кампањата и да се утврди праг под кој не смее да се оди во текот на нивните дебати и разговори.

Инаку, на денешното мени е т.н. претседателска пица зачинета со бибер, а ќе биде послужена и македонска овошна салата. Иванов бидејќи постел ќе биде послужен со макарони.

Извор
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Во голема заблуда си ако мислиш дека јас имам лидер... Главни генератори на ренесансата на МАКЕДОНИЗМОТ се неопределените кои успеале да го надминат вакумот во кој беа бутнати со децении и конечно да се себеосознаат... А за вас кои се уште живеете во бунило, искрено ве жалам, не е лесно да живееш и да не знаеш и кој си и што си, а посебно да чекаш друг тоа да ти го каже... Од неутрална гледна точка, споредбите со некакви хирери се само показател за агонијата во која се наоѓа одредена група луѓе во недостаток на аргументи за нормална дебата и размена на мислења... Уживајте во агонијата и мизеријата!!!
Извини ама небеше текстот наменет за тебе, а тоа што си се препознал во текстот твој проблем, обаче:toe:
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
23
ВНИМАНИИИИИИИЕЕЕЕЕЕЕ.... СЕ ПОЈАВИ НЕВИДЛИВИОТ советник на председателот БОРИС ТРАЈКОВСКИ....
ЧОВЕКОТ СТАНА ВИДЛИВ,,,, И тоа веднаш како кандидат за председател,,,,
 
Член од
5 март 2009
Мислења
13
Поени од реакции
0
сите кандидати се тотален промашок, Во МК не постои персона која ги задоволува претседателските перформанси, ниту пак лидер на партија.

Земете ги како пример Обама или Путин, совршени лидери ај кажете нешто што им недостасува, можеби имаат некоја маана но сепак тоа неможе да се забележи затоа самите знаат како тоа да го прикријат.Кај нас е сосема спротивно, овде своите недостатоци самите политичари ги преудицираат и најнеобразованите можат да ги забележат.
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Pobedata na VMRO DPMNE e zagarantirana.

Од кај сте толку сигурни таму во ДПМНЕ?Да не се снајдовте со телефоните и сликањето на гласачките лифчиња?Гарант ви има текнато пак некоја глупост шом сте вака убедени.
 
Член од
5 март 2009
Мислења
13
Поени од реакции
0
Овде најдобри се екипата на еднооки зашто самите тие знаат во вистинско светло да ги прикажат нашиве таканаречени лидери.

Ахмети премиер, Селмани претседател, гарант за 6 месеци ке влеземе и во Нато и во ЕУ и ке патуваме без визи, можеби се албанци ама барем знаат да се борат и да ги бранат своите идеали, а не како овие нашиве разедините лажни патриоти со бугарски пасоши.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
сите кандидати се тотален промашок, Во МК не постои персона која ги задоволува претседателските перформанси, ниту пак лидер на партија.

Земете ги како пример Обама или Путин, совршени лидери ај кажете нешто што им недостасува, можеби имаат некоја маана но сепак тоа неможе да се забележи затоа самите знаат како тоа да го прикријат.Кај нас е сосема спротивно, овде своите недостатоци самите политичари ги преудицираат и најнеобразованите можат да ги забележат.
Obama e malku crnomurest!
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Што е ова се шират муабети дека СДС не се надевале на победа на претседателските избори, заради што се тргале од одговорност за претстојното решавање на името.
 
M

MKEUpatriot

Гостин
Зошто Фрч бега од емисијата на Миленко од што тилку се плаши па не сака да гостува.
 
Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
Зошто Фрч бега од емисијата на Миленко од што тилку се плаши па не сака да гостува.
Ами шо да прај чоеко, ако го прашаат за економија, за името, за ова за она шо ќе му речи :pos2:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Зошто Фрч бега од емисијата на Миленко од што тилку се плаши па не сака да гостува.
бега ко ненормален
знае оти ќе незнае што да му врати на школскиот од основно
знае дека Миленко ќе го отепа а овој че нема еден контра аргумент

www.myspace.com/frckozapretsedatel

btw видете го профилов закон е
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom