дел од интервју на фрчко за а1 2004
„Влезот на Македонија во ЕУ зависи, навистина, од реформите. Грција не е во политичка позиција да го блокира тоа, ако ние ги исполниме реформите, тоа нема никакви шанси и ние со таа мамка сега, со таа емотивна замка, не треба да се бавиме“, изјави во интервјуто за А1, Љубомир Фрчковски, поранешен министер за надворешни работи.
Грчката хистерија, ќе престане ли или можеме да очекуваме поголема експлозија?
Па, не знам. Ние со тоа не треба да се бавиме, ние имаме други работи во оваа прва етапа после признавањето на нашето уставно име. Нашата дипломатија, по мое мислење, треба да направи озбилен напор, не да се бави со тоа, дали Грците ќе стават вето или не. Тоа е многу далеку, таква опасност не постои. Ние, едноставно, таа магла треба да ја оставиме настрана.
Зошто сте толку самоуверен дека нема шанси за вето?
Па, прво, тоа не е прашање на денот. Има време за тоа, колку, 10 години? Второ, тоа нема да се случи, бидејќи влезот на Македонија во ЕУ зависи, навистина, од реформите. Грција не е во политичка позиција да го блокира тоа, ако ние ги исполниме реформите, тоа нема никакви шанси и ние со таа мамка сега, со таа емотивна замка, не треба да се бавиме.
Што правиме со преговорите, Вие имате некоја теза, која ја форсирате во јавноста, дека треба да ги прекинеме. Има ли воопшто шанси за тоа?
Преговорите мораме да ги завршиме. Не знам технички како тоа ќе го изведат. Тоа не значи прекин, станување од стол, одење, туку има извесна процедура, но ние не смееме суштински да преговараме понатака, бидејќи што е пораката од преговорите? Тоа значи дека ние, ова што не признаваат САД е темпорално, преку преговорите можеме и да се договориме со Грците нешто и тогаш да им речеме на Американците: Ние се зафркававме, всушност, еве ние се договориме со Грците за друго име. Тоа е пораката од сериозното преговарање. Таа порака, ние не смееме да ја пратиме и нормално, треба да ги угасиме преговорите и да тргнеме со притисок на ЕУ.
ама визија имал....не била грција во состојба вето да даде )))))))0
канал5 (18.03.2008)
И Малески и неговиот колега Фрчковски се согласуваат дека вреди да се размислува за предлогот Република Македонија (Скопје). Овој предлог бил актуелен уште во 1993 година, начелно бил прифатен во македонскиот парламент, но го одбила грчката страна.
- Тој предлог треба да се држи во фокусот, тој веќе е апсолвиран предлог така што политичките елити би се лишиле од чувството дека прават нешто ново и дека одговорноста е само на нив – вели Фрчковски.
нова македонија 27.08.2008
Професорот и поранешен министер за внатрешни и за надворешни работи Љубомир Фрчкоски, во интервју објавено во понеделникот, лицитира со имињата Северна и Горна Македонија како термини што имаат историска референца и не прават проблеми за оние Македонци што себеси се гледаат како микс на етничките стари Македонци, а не како Словени. За „Нова Македонија“ Фрчкоски изјави дека го видел планот за решавање на спорот за името и смета дека тој содржи делови што се доста реални и остварливи.
Во однос на спорот со името тој смета дека гарантирањето на идентитетот на македонската нација и јазик е 70 отсто од проблемот, а тоа ќе се овозможи со слободната употреба на поимот „македонски“, не само за јазик туку и за националност, за државјанство и за народ. Како Миловановиќ и Црвенковски, и Фрчкоски предупредува на лоша иднина ако не се направи компромис.
и конечно `дневник`` 26.08.08
Зошто мислите дека домашната јавност е спремна
на разрешница?
- Мислам дека на една расправа или анкета што би била спроведена врз основа на пакетот што ќе се отвори пред нас во септември, најголемиот дел од граѓаните, ако нема идеолошки или манипулативни притисоци, би сметале дека е тоа фер пакет со кој треба да се затвори кризата. Тој се состои од гарантирање на нашиот идентитет, кој според моја проценка е 70 отсто од проблемот, преку слобода на употребата на поимот „македонски“ не само за јазик туку и за националност и за државјанство и за народ. Целиот опсег на слободата на користењето на поимот или на придавката мислам дека нема да биде во „документот“ што ќе го потпишуваме со Грција, туку веројатно ќе биде во резолуцијата што ќе ја замени Резолуцијата 817 во ОН. И мислам дека Грците се спремни сега тоа да го завршат.
Втора работа е што името е 25 отсто од проблемот и не го загрозува ова претходното. Тоа е Република Македонија со географска одредница. Јас сум склон кон почисти решенија, без загради и без црти, значи Северна Македонија или Горна Македонија. Термините имаат историска референца и не прават проблеми за оние Македонци што себеси се гледаат како микс на етничките стари Македонци, а не како Словени. Тоа им го решава проблемот, не е против нив, бидејќи Горна или Слободна Македонија е терминот за оваа Македонија, употребен од Римјаните за последниот судир со фалангите, во Битола во 1 век пред н.е. Од друга страна, никако не го загрозува идентитетот, бидејќи со овој пакет ние можеме да бидеме, на пример, Македонци од Северна Македонија, а не северномакедонци. Тоа е драстична разлика. Тој пакет е толку добар што мислам дека и вмровското гласачко тело ќе почне да се двоуми ако не биде целосно манипулирано од нивното водство, како досега.