МЛЕКАРИ идете у пм

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Владата да им помогне со забрзана постапка пред суд на сточарите да го тужат и Велија и Баум за неисплатените пари.Едниот што не го плаќа млекото,другиот што превзел обврски дека ќе го плати.При тоа да води сметка за бесплатна правна помош на млекопроизводителите кој си ги бараат парите со надомест на штета предизвикана од каснење на исплатата.Значи Велија и Баум да им купат крави,да им ги исплатат доспеаните камати за кредитите на сточарите.Барем тоа го може “капетанот на бродот што тоне“,да им обезбеди “чамец за спас“ на своите патници.Во спротивно тој треба да ја превземе вината за неуспешноста на програмата со “портокалова фарба“.:toe:
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Колку тежи Моше Баум?




Дали Моше Баум, сопственикот на „Сведмилк“, е најнова верзија на глумецот Марк Гуд, кој пред неколку години во времето на Љубчо Георгиевски парадираше околу рудникот „Бучим“ и ги лажеше локалните жени дека ќе отворел и ресторан „Мекдоналдс“ или е сериозен бизнисмен? Во „Сведмилк“ засега одбиваат да зборуваат премногу на оваа тема, поради тоа што Баум упорно инсистирал на тоа дека не се снаоѓа многу во игрите што се водат околу млекарницата.

Но она што се знае е дека Баум во Македонија дошол да бара земјиште на кое би изградил оранжерии за производи што потоа би ги извезувал според сите западноевропски стандарди. Наместо тоа, му било понудено да ја купи „Сведмилк“ од лице што изминативе денови искина добар пар чевли за да докаже дека тој нема никаква врска ниту со „Сведмилк“, ниту пак со Моше Баум.

- Кога првпат дојде до фабриката, Баум затекна хаос. Немаше дури ни гориво за работа. Иако сè уште не беше сопственик, од некаде донесе цистерна и горивото го плати од сопствен џеб. Оскарсон тогаш веќе беше заминат. Во тие две-три недели, Баум со свои пари овозможи фабриката да не запре со работа. Денес „Сведмилк“, по литар млеко, одново работи со профит - велат нашите извори.

Има ли Моше Баум пари и дали е подготвен да вложи во „Сведмилк“? Едно писмо од некоја финансиска компанија од Беверли Хилс, потпишано од извесен Исак Санфир, потврдува дека „Феникс енерџи“ е во добра кондиција и дека поради тоа има на располагање кредитна линија од 20 милиони долари. Но засега тоа е единствениот документ што упатува на финансиските можности на Баум.

Проблемот е што документот не е банкарски. Сепак останува дилемата колку е финансиски моќна „Феникс енерџи“ за да го изнесе товарот што го презеде со „Сведмилк“?

Од друга страна, во овој момент, кога дури и заменик-министерот за земјоделство Кристијан Делев јавно посочува дека стечајот е најдобра опција за „Сведмилк“ (дури беше сигурен дека судот ќе донесе решение за некаковси активен стечај што ја става Владата на Груевски во позиција да се меша во туѓа работа, што барем до вчера не се случи), се чини, нема шанси Баум да „загризе“ повеќе. Кој е тој што при вакви пораки би сакал да извади од џебот пари, да почне да им ги дели на фармерите, а потоа, веќе утре, главните доверители на „Сведмилк“ да му ја земат фабриката носејќи ја во стечај?




Баум: Ќе се исплатат фармерите и нема да се дозволи стечај

Приватна компанија што ја ангажира „Феникс енерџи“ од денеска ќе почне да врши ревизија во „Сведмилк“. Доколку се утврдат малверзации, новиот менаџерски тим ќе поднесе кривични пријави против претходното раководство, соопшти вчера на прес-конференција Моше Баум, сопственикот на млекарницата.
Баум напомена дека ќе се потруди фабриката да не оди под стечај зашто од тоа никој не би имал корист, туку напротив, сите би загубиле, особено фармерите.

- Имаме адвокат што ќе ја тера процедурата. Стечајната постапка не трае ден или два, тоа е процес во кој треба да се докаже дека компанијата не е во состојба да ги врати парите. А ние, ако се има трпение и ако нè остават да работиме, за една недела или пократко можеме да го намириме долгот - истакна Баум.

Тој апелира надлежните институции да ја продолжат истрагата и да откријат како е направен долгот на млекарницата од 37,5 милиони евра. Баум ги повика и фармерите да потпишат нови договори со „Сведмилк“.

- Релацијата на фармерите и „Сведмилк“ е приватна работа и нема никаква врска со Владата. Ги повикувам производителите да дојдат и да потпишат нови договори. Млекарницата има капацитет од 250 тони дневно, количество што не може да се продаде во Македонија и на Балканот, туку ќе го извезуваме, за што се веќе склучени договори. Токму тоа е нашиот интерес - посочи Баум.

Откако новиот менаџерски тим ја презел млекарницата, додаде новиот сопственик, секој ден откривал нови долгови и добивал нови тужби.

- „Сведмилк“ има проблеми што ние не ги направивме. Досега плативме над еден милион евра наши пари, од кои дел отидоа кај фармерите, а дел кај доставувачите - рече Баум.

Според него, Велија Рамковски, кој деновиве понуди предлог-мерки за решавање на ситуацијата, должи над 300.000 евра и практично си игра со фармерите.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Македонија

Што содржи милионската тужба на Моше Баум против Рамковски?

Автор: Дарко Јаневски


Превирањата околу Сведмилк продолжуваат. Тужбата што млекарницата ја поднесе против друштвото за промет, трговија и услуги „Хедис“ на Велија Рамковски веројатно ќе доведе до еден од поинтересните судски процеси во Македонија.

Според фактографијата содржана во тужбата што адвокатите на „Сведмилк“, односно Моше Баум ја поднесоа, Велија Рамковски склучил договор со претходното раководство на млекарницата (Роџер Оскарсон) за преземање по еден милион литри млеко месечно, односно шест милиони литри во периодот од 14 август 2008 до 24 февруари 2009 година.

Во тужбата се тврди дека „Хедис“ за цело време не се придржувал до склучениот договор и подигал помали количества на млеко и млечни производи од договореното. За периодот од речиси шест месеци, Рамковски подигнал само 2.473.352 литри млеко и млечни производи или вкупно 3.526.648 литри помалку од тоа на што се обврзал.

Истовремено, во тужбата се истакнува дека наспроти тоа, „Сведмилк“ откупил и преработил толку млеко колку што било договорено. Бидејќи тоа не било преземено од „Хедис“, „Сведмилк“ претрпел штета за што во тужбата се вели:

„Поради непридржување кон одредбите од договорот, тужителот („Сведмилк“, н.з.), за целиот временски период од склучувањето на договорот до денес, претрпува значителна материјална штета од причини што договорените количества на млеко и млечни производи биле произведени, а за таа цел било откупено млеко од млекопроизводителите, била набавена амбалажа во која се пакувале производите, биле ангажирани машини, опрема и луѓе кои работеле во процесот на производството“.

Поаѓајќи од ова „Сведмилк“ пресметал штета од 91.950.000 денари што изнесува безмалку 1,5 милион евра што млекарницата преку суд ќе се обиде да ги добие од Велија Рамковски (плус законска затезна камата од денот на поднесувањето на тужбата, до конечната исплата).

Прашање е колку време ќе трае овој процес со оглед на тоа што кај нас ваквите судски процедури обично се поврзани со барања за вештачења кои потоа траат со месеци, како и со многу адвокатски штосови од практиката кои судиите обично ги прифаќаат, а кои често одат до бесконечност. Сепак, самата тужба, упатува на две други работи: првата, дека Моше Баум нема намера да си замине и да потклекне пред хајката од медиумите на Рамковски и втората, дека овој процес можеби ќе даде одговор за милионите литри млеко кои по бегството на Роџерсон беа пронајдени во разни магацини.

Патем, кога ќе се пресметаат парите што „Сведмилк“ ги побарува од Велија Рамковски, кога ќе се додадат и оние 300.000 евра за кои тој самиот изјавува дека ги чува на сметка и дека се резервирани за млекарите, излегува дека повеќе од половина од оние 3,5 милиони евра долг кон фармерите се токму на сметка на Рамковски.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Шо биде бе овоа , па нели Велија беше спасителот на млекарите им правеше советнички кампањи како да се заврши процесот бесзболно!!!

:pos2::pos2::pos2::pos2:

Луда дрзава сме еј!!:toe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.734
Поени од реакции
12.165
Каде ќе се појави Велија како олеснувач, може да се очекува, наместо да се прос*ре работата до крај или како во случајов, да се добие опстипација. Да не беа вакви еден куп олеснувачи, далеку подобро ќе беше и за млекари и за останати.
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Пишува Горан Михајловски

Велија Рамковски одеднаш преку ноќ стана главен критичар на Владата. Што се случи? Разбрал дека ќе му праќаат инспектори, па одеднаш ги користи своите медиуми да се покаже како борец за слобода на говорот? Па како и до сега Владата ќе се исплаши дека во неговите медиуми ќе биде претставена како недемократска и ќе се откаже од инспекциите.
Така е кога Груевски по урнекот на Велија си создаде нова бизнис елита со следнава дефиниција: Ем да должиш пари, ем да не плаќаш, ем да бидеш голем газда, ем власта да те милува, ем опозицијата да ти се упикува.
Велија е македонско економско чудо. Почна со пилешки копани од Америка, а сега сака да заврши со шведско млеко. Нему му успева и невозможното. Од пиле да добие млеко.:pos2:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Пишува Горан Михајловски

Велија Рамковски одеднаш преку ноќ стана главен критичар на Владата. Што се случи? Разбрал дека ќе му праќаат инспектори, па одеднаш ги користи своите медиуми да се покаже како борец за слобода на говорот? Па како и до сега Владата ќе се исплаши дека во неговите медиуми ќе биде претставена како недемократска и ќе се откаже од инспекциите.
Така е кога Груевски по урнекот на Велија си создаде нова бизнис елита со следнава дефиниција: Ем да должиш пари, ем да не плаќаш, ем да бидеш голем газда, ем власта да те милува, ем опозицијата да ти се упикува.
Велија е македонско економско чудо. Почна со пилешки копани од Америка, а сега сака да заврши со шведско млеко. Нему му успева и невозможното. Од пиле да добие млеко.:pos2:
А што бива со Моше Баум...владава и него го заеба или..... ????
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ќе плати во вторник.......:vozbud:
.....само кој....:helou:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Тој сакаше да ја заебе рентакар компанијата ама владата т.е. делот од неа мвр го заеба го фати на граница.
Ќе плати во вторник.......:vozbud:
.....само кој....:helou:
штом видам МНОГУ ЗАЕБАНЦИЈА на исто место......секогаш су сомничав за тоа кој , кого ебе... :) , а кој ќе плати за тоа...на крајот...некој вторник... :)
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
УЈП бара данок за неисплатеното млеко


Фармерите предлагаат државата да си го наплати долгот со цесија од „Сведмилк“ или да и' го компензираат со кравите


Управата за јавни приходи бара во најкус можен рок да платиме данок на добивка за млекото што се' уште не ни е исплатено од „Сведмилк“, се пожалија пелагониските фармери.Рекоа дека финансиски инспектори почнале да им доаѓаат дома со предупредување дека ако не ги исплатат заостанатите давачки кон државата за периодот до декември минатата година, тогаш за пет дена присилно ќе им го наплатат долгот. Има сточари што по основа на данок на добивка и фирмарина должат од 50 до 100 илјади денари. Тие предлагаат долгот да го компензираат со стока, зашто пари немаат.

- Гледаме, УЈП влезе во „Сведмилк“, а не кажаа какви докази внатре најдоа, дали има криминал. А кај нас влезе да ни наплати присилно, да ни ја одземе покуќнината. Ние велиме - да се компензираме со сточниот фонд. Но, не прифаќаат. Ние на што да им дадеме данок кога 9 месеци не сме зеле пари за млекото? Нека побараат од Моше Баум, ние ќе му потпишеме со цесија да ги земат парите од него - изјави Душко Илиевски, фармер од Битолско.

Сточарите, пак, што не го предаваат млекото зашто за тоа не добиваат пари, го истураат по канали. Велат дека селата ќе се смрдат и ќе зовријат од муви. Апелираат в среда протестите да бидат што помасовни и во Битола да им се придружат фармерите од цела држава. Протестот ќе се одржи од 9 до 10 часот на влезот во градот од страната на Прилеп. Фармерите со себе ќе ги понесат механизацијата и добитокот.

- Гледаме бик од тон и пол ставиле во Скопје, а нас ни ги уништија кравите, ги направивме кожа и коски. Ги нудиме во зоолошката градина, не ги земат да ги јадат лавовите. Сега една крава во Битола да стават пред Саатот да рика, а бикот во Скопје да ги јаде парите. Доста со споменици, ни треба работа - изјави иронично фармерот Илиевски.Во меѓувреме, камиони на „Сведмилк“ продолжија да откупуваат млеко во Пелагонија, иако фабриката не работи. Фармерите прашуваат чии џебови се полнат со нивниот род.

- Ние знаеме дека млекарницата ја затворија инспекциите, дека не работи, дека струјата е исклучена. Но, повторно почнаа камионите на „Сведмилк“ да шетаат од куќа на куќа и да купуваат млеко, не знаеме кај оди тоа. Разбравме дека од тие камиони млекото оди на некое друго место, не се преточува за транспорт до млекарницата. Повторно нашето млеко завршува во нечии џебови - изјави Гоце Кантаровски, фармер од Могила.

Според сознанија на фармерите, на сопственикот на млекарницата веќе му е вратен пасошот. Исправата пред еден месец му беше одземена по барање од истражен судија откако Баум беше фатен на граничниот премин Ќафасан во обид да ја напушти државата. Фармерите ставуваат дека сега може слободно да си замине, како што тоа го направи претходниот газда на млекарницата, Роџер Оскарсон, без притоа да одговара каде завршиле парите од продажбата на милиони литри млеко.




Празен буџетот а? Хеееепа удри по сточарите бе! :pos2:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Ги убија луѓево... За некоја сума што не е сериозна за буџетот, еден куп семејства се во тешка криза...
Грижа за секое семејство! Ова треба да е парола на секоја политичка партија.
 
Член од
23 октомври 2008
Мислења
137
Поени од реакции
9
Velija ne e loso malce da go poseti Idrizovo, vo okolina na toa prekrasno selo ima mnogu kravi.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Што би направил со 300 000 евра вреден росфајт плех?Млекара е првиот проект што ќе ти дојде на ум.Сигурно тоа е и најдобрата опција по примерот на Шведмилк барем во Македонија.Но како,се поставува прашањето,зарем тоа не е проект вреден 15 милиони евра?Еве како следи одговорот:
-Најпрвин треба да најдеш странец кој би глумел “инвеститор“ и кого ќе го водиш како теле по лавиринтите на Македонската администрација со обврска на редовни “преговори“ кај владата.Е,одкако ќе ја убедиш владата дека тоа ќе биде примамлива инвестиција и одкако ќе добиеш индустриска парцела каде ќе ја градиш млекарата,ангажираш фирма која за релативно мали пари ќе изгради зграда и ќе ја фарба со живи бои за да биде впечатлива.Со така впечатлива зграда одиш викаш владин повереник кој е сертифициран да изврши проценка на објектот.Владиниот проценител врши “сертифицирана проценка“ на зградата од 6 милиони евра и ти издава документ со чија хипотека можеш да подигнеш кредит од некоја домашна банка која е овластена од владата да издава кредити за стопанството.Земаш кредит од 4 милиони евра и купуваш опрема за 2 милиони евра од Германија на пример,и пак викаш “владин сертифициран повереник“ да ти изврши проценка на капиталот.Овој пат вредноста е зголемена на 10 милиони евра,па лесно можеш од Комерцијална банка со “официјалниот документ“ за вредноста да добиеш кредит од 6 милиони евра.Со дел од тие пари купуваш опрема во камиони,виљушкари,цистерни и слично за да повикаш повторно владини тимови кој ќе дадат и изјава по медиумите дека млечната криза за Македонија е веќе минато време и дека “објектот“ кој го гледаме зад нив е “успешна странска инвестиција“ иако брендот Swedmilk не постои никаде освен во Македонија.Сега многу е полесна работата,нарачуваш пакувања од Tetra-Pack со договор за одложено плаќање и работата преку “амин“ на “пастирот“ започнува да тече.Првата години редовно ги подмируваш давачките кон производителите на млеко,за потоа да прекинеш како да е тоа нормална работа со натрупаните залихи млеко кој ги поседуваш во магацините.Иста финта користиш и за одлагање на другите обврски кон доверителите.Имаш време додека “пукне тиквата“ да накалапиш прилично капитал на приватна сметка продавајќи од залихите спакувано млеко,а кога состојбата ќе се вжешти ги продаваш акциите,за ефтини пари сам себеси,ама со друго име на фирмата која сега само ќе ги поседува твоите првобитни акции од 300 000 евра плех кој си ги вложил во оваа “странска инвестиција“ но сега вредни милиони.
Ете така некако изгледа накратко приказната за Шведмилк Македонија “успешната странска инвестиција“ со која владата на оваа земја се курчеше речиси две години и добиваше поени на избори.А млекарите можат само да си ги молзат своите гладни крави зошто биле глупави да седнат пред комјутер и да напишат www.Swedmilk.com па да видат со кого си имаат работа пред да ги потпишат договорите.Tаму ќе најдат дека такво нешто наскоро ќе дојде но само во Македонија и никаде на друго место.:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom