Mlekarite treba da odat kaj MOSE da protestiraat a ne pred vladata, neka se ebat so MOSE
Наздравувајќи со чаша јогурт, кој по млекото е новиот производ, премиерот Груевски го одбележа официјалниот старт на производството на шведската млекарница.
„На задоволство на многу производители на млеко, коишто во минатите години доживуваа речиси секоја година млечна криза, истурајќи ги вишоците на млеко по улиците, денеска со задоволство да го отвориме овој капацитет во којшто се вложени 18 милиони евра, над 50% шведски капитал во најмодерна млекарница со производство на млеко коешто е шведско, а наше“, изјави Никола Груевски, претседател на Владата.
Премиерот Никола Груевски на свеченото отворање на млекарницата истакна дека „Сведмилк“ ќе отвори нови работни места и ќе овозможи нови перспективи во млечната индустрија кај нас. „Оваа и другите инвестиции што влегоа во последните 15 месеци најдобро го илустрираат трендот странските компании да ја избираат Македонија како бизнис-дестинација“, рече премиерот Груевски.