Коце Трајановски за градоначалник на Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.535
Поени од реакции
8.300
Веб-сајт
www.flickr.com
Ја отварам оваа тема за да дискутираме за според многумина најсериозниот кандидат за градоначалник на град Скопје, актуелниот градоначалник на скопската општина Гази Баба, Коце Трајановски.

Како надополнување ќе постирам две превземени статии од дневните весници.

Трајановски е задоволен од сработеното во Гази Баба

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Коце Трајановски, задоволен е од тоа што го сработил во четиригодишниот мандат, бидејќи, како што вели, ги реализирал сите замислени проекти. Веројатно токму тоа му претставува основа на која ја темели својата кандидатура за градоначалник на Скопје. Го прифаќа предизвикот што му го нуди неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и влегува во битката за освојување на главниот град, оставајќи му ја градоначалничката фотелја во Гази Баба на некој друг.

„Би сакал да и' се заблагодарам на партијата за довербата за кандидатурата. Сметам дека е природен процес од градоначалник на една скопска општина да се кандидирам за градоначалник на Скопје и да ја побарам довербата од граѓаните. Градот Скопје е голем предизвик“, вели Трајановски.

Тој потсетува дека кога дошол на чело на Гази Баба, во почетокот на децентрализацијата, затекол...

Остатокот од статијата, ТУКА
Превземено од Утрински Весник


Коце Трајановски на терен ќе ја пишува својата кандидатура

Актуелниот градоначалник на Општина Гази Баба и кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски ќе ги посети сите 10 скопски општини со цел да изготви детална и квалитетна програма со која ќе настапи на претстојните локални избори. Вчера, тој беше во официјална посета на Општина Бутел.

Од разговорот со неговиот домаќин Петре Латиновски, тој имаше можност да се запознае со потребите и проблемите на Општина Бутел.
- Мојата намера е во следните седум дена да ги посетам сите скопски општини, да се запознаам со нивните проблеми, со приоритетите, да ги слушнам желбите на граѓаните.

Остатокот од статијата, ТУКА
Превземено од Вечер
 
Коце Трајановски, актуелен градоначалник на скопската општина Гази Баба, Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, и млад бизнисмен од СДСМ се кандидатурите што ги потврдија партиите за градоначалник на Скопје.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, викендов им соопштил на членовите на Извршниот комитет (ИК) дека Трајановски е кандидат за прв човек на Скопје. Партиски извори велат дека со кандидатурата на Трајановски, Груевски го погазил принципот дека партијата ќе ги избира кандидатите за градоначалници според резултатите од партиските анкети. Последните неколку анкети покажале дека Трајановски е трет по рејтинг кај гласачите, зад претседателката на Советот на Скопје Ирена Мишева и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.


ова се докажува, Груевски си мести свои кукли за да може после лесно да управува со нив.Полошо од ова решение неможеше да биде.
 
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, викендов им соопштил на членовите на Извршниот комитет (ИК) дека Трајановски е кандидат за прв човек на Скопје. Партиски извори велат дека со кандидатурата на Трајановски, Груевски го погазил принципот дека партијата ќе ги избира кандидатите за градоначалници според резултатите од партиските анкети. Последните неколку анкети покажале дека Трајановски е трет по рејтинг кај гласачите, зад претседателката на Советот на Скопје Ирена Мишева и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
И текстот продолжува:
- Природно е градоначалник на скопска општина, кој има искуство со помали проблеми на граѓаните, да се кандидира и за градоначалник на Скопје, каде што се проблемите с? поголеми и поуспешно да ги решава - изјави вчера Трајановски.

Целиот го има тука.

Мислам дека сум сосема јасен со пасусот што го издвоив.
 
Добар е Коцето бе ,а како и не би бил добар ко е од ВМРО...Него за оној ``непартискиот`` Сокол Митревски од Ѓорче кај што не штрајкуваа просветните работници има некој нешто пишувано за новата кандидатура за градоначалник ?
 
Nema faca za gradonacalnik, za tatko na gradot. :toe:
 
Не треба да има фаца,треба да е умен и послушен!
 
Jas sum za LJUBCO GEORGIEVSKI ,iako nemam loso mislenje za koce trajanovski , i iskreno da ne stoese grujo pozadi nego a bogami i da ne se kandidirase vojvodata ke go glasav KOCE , vaka nisto .Tuku da prasam pocna li da se sobiraat potpisi za gradonacalnik ili seuste ne pocnale.Ako znae nekoj neka pise .fala odnapred.SO DUSA I SRCE ZA VOJVODATA.
 
тие што се од гази баба се фалат од коце
за мене тоа е доволен аргумент

е има и некои што не се фалат, ама не можеш на сите да им угодиш
а и друга важна работа, од трифун сигурно ќе биде поарен, што и не е многу тешко оти трифун меше многу неарен
 
Јеботе Коце бе??

Ова како да Гвујо му мести слободен пат на Љубчо за враќање на политичката сцена, макар и како градоначалник на Скопје.

Ми мириса така?
 
Јеботе Коце бе??

Ова како да Гвујо му мести слободен пат на Љубчо за враќање на политичката сцена, макар и како градоначалник на Скопје.

Ми мириса така?

Не бе, грешка си. Коце е обична марионета која ќе ја изгласа партиската машинерија од ДПМНЕ. А дека Георгиевски е милијарда пати подобар од него, е!
 
Не бе, грешка си. Коце е обична марионета која ќе ја изгласа партиската машинерија од ДПМНЕ. А дека Георгиевски е милијарда пати подобар од него, е!
Абе македон да ти кажам подобро коце отколку тој бугарин.Да,поискусен е ама народот не го сака.
:salut:
 
И подобар е, не само поискусен (ме мрзи сеа да пишувам за успесите на Љубчо како премиер и како пионер во демократските процеси во Македонија). Ама не може никој против народот, тоа што ќе одлучат скопјани, тоа нека биде. Само да не се жалат и да не го плукаат како и сите досегашни што ги исплукаа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom