И Официјално!
Репрезентативецот на Мали, довчерашниот играч на Ливерпул, Мохамед Сисоко потпиша петгодишен договор со Јувентус. 11 милиони евра е сумата што Старата дама ја плати за 23-годишниот деструктивец.
Јувентус веќе неколку месеци искажуваше интерес за Сисоко, кој не уживаше довербата кај тренерот на Ливерпул Рафаел Бенитез. Два дена пред истекот на зимскиот преоден рок, постигнат е договор на обострано задоволство.
„Среќен сум што станав дел од толку голем клуб како Јувентус. Одвај чекам да настапам заедно со Дел Пјеро и Буфон, а драго ми што повторно ќе работам со Клаудио Раниери, кој ми беше тренер и во Валенсија. Ова е чекор напред во мојата кариера“, изјави Сисоко.
Јувентус ќе го плаќа трансферот на три рати, и тоа првата година ќе плати 4.4 милиони евра, потоа 3.3, а третата (исто така од 3.3) за две години.
Сисоко кој моментално игра за својата репрезентација на Африканскиот Куп на Нации, дојде во Ливерпул од Валенсија за сума од 5,6 милиони фунти.
23-годишниот фудбалер треба да биде освежување во средниот ред на Јувентус, откако португалецот Тиаго не се снајде најдобро во тимот.
Ексклузивно --->>