Има две причини за позајмицата на Крисито. Или Андраде ќе се врати порано од очекувањата, или ќе купиме одбранбен играч зимскиов преоден рок, бидејќи доколку се повреди уште некој од одбранава, ќе мора да имаме замена.
Интересно мислење. Ама морам да ти го побијам едниот заклучок.
Андраде не се враќа за брзо. Барем не за помалку од два месеци (март). А и тогаш дали ќе биди фит.
www.juventus.com
Ај сега ќе прам мала анализа на одбраната.
Значи тука ги имаме:
Молинаро
Киелини
Легротаље
Григера
Зебина (можна трампа)
Бириндели (исто како да не е)
Бумсонг (одамна отпишан)
Андраде (не го сметам до крајот на сезоната)
Салихамиџич (ама повеќе е за средина а не за одбрана)
Значи се на се имаме 4-5 играчи на кои можиме да се потприме и да се надеваме дека нема појќе од 1 да е повреден. И последна алтернатива да ни е Бириндели. Горе долу со еден повреден се прават сите комбинации да имаме четворка во одбраната.
Ујфалуши и Мелберг. Двајца на кои му истеква договорот на крајот од сезоната. Значи ако земаме некој нема да го земиме сега туку во јуни.
Иванович. Колку шо сфатив нашите се откажаја дека бил прескап.
Запата. Одамна прекинаја шпекулациите за него.
Лугано. Исто и занего немам прочитано нови вести.
И за крај Барзаљи. Италијанец(пред се). Раниери призна дека грешно го проценил и е еден од најдобрите одбрамбени играчи. Пред некое време пишував пост за можна соработка меѓу палермо и јувентус. па ... го очекувам него.
Ај настрана од одбраната.
Од повредените ќе го спомнам и Каморанези. Наводно се опоравувал брзо и треба да е спремен за околу 2 недели. Значи на почетокот на пролетната полусезона можи да се смета и на него.