Средношколска љубов!

  • Креатор на темата Креатор на темата Pravnice
  • Време на започнување Време на започнување

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Деновиве неколку пати низ муабет со другари ми падна у очи едно прашање за кое испадна дека е дискутабилна тема. Средношколска љубов , поточно, најголемиот дел од сериозните врски кои започнале уште во средношкоските денови се раскинуваат!И во изминатиов период во моето опкружувње пукнаа многу врски од 5,6 години , започнати токму во средно . Вие дали се согласувате со констатацијава и ако се согласувате што мислите кои се причините???
 
Кај мене не раскинаа љубовите од средношколските денови туку баш напротив сите завршија со брак, па си викам што не си фатив и јас тогаш дечко сега ке си бев мажена можеби:???:pipi:
дали беа тогаш други времињата или лугево се менуваат , а?
 
А незнам дали се важи од средно да сте...ама да сте се фатиле од коа завршивте средно ? :Р
 
А незнам дали се важи од средно да сте...ама да сте се фатиле од коа завршивте средно ? :Р


не не мојава тема се однесува на сите оние кои почнале врскан на 16-17 години. Врска која си ја почнал додека сеуште си бил средно школо.
Инаку штосе однесува до темата, јас лично мислам дека констатацијата е точна. Од мое средно школо , сите оние парови кои мислевме дека ќе се земат не се веќе заедно. Мислам дека едноставно доаѓатедо фаза 22-23 години кога следниот логичен чекор во врска е заеднички живот или брак. А ретко кој сака да се зима на тие години. Или пак размислувајќи башза тоа каде води врскава сепојавуваат луди бубачки од типот ан = ЛЕЛЕ ЦЕЛ ЖИВОТ СО ЕДЕН ЧОВЕК па се јавува желба да се издувате до даска, да надополните она што сте пропуштиле во средно.
Мојата врска лично пропадна од монотонија меѓѓутоа решавачки фактор мислам дека беа објективни околности кои не можеада се избегнат. Едноставно немавме среќа.
 
Деновиве неколку пати низ муабет со другари ми падна у очи едно прашање за кое испадна дека е дискутабилна тема. Средношколска љубов , поточно, најголемиот дел од сериозните врски кои започнале уште во средношкоските денови се раскинуваат!И во изминатиов период во моето опкружувње пукнаа многу врски од 5,6 години , започнати токму во средно . Вие дали се согласувате со констатацијава и ако се согласувате што мислите кои се причините???


Па и јас сум во тој процент кој го потврдува ова, после две години врска која започна во средношколските денови па продолжи и потоа, но како и да е...се прекина :wink:

Сепак, мислам деке ова би се однесувало на возраста нели, вака се стекнува она веќе... “опипливото“ искуство, созреваме.. психички..емоционално.. и со секоја наредна врска.. учиме.
 
Друже, ако пропаднала една, две.... пет врски во твоето друштво, немора да значи дека е така кај сите. Ако земеш да гледаш, и земени се разведуваат. И тоа повеќе од колку што мислиш.
 
Друже, ако пропаднала една, две.... пет врски во твоето друштво, немора да значи дека е така кај сите. Ако земеш да гледаш, и земени се разведуваат.

Да, но навистина е интересна појавата. Зашто и јас знам многу примери и од блиски луѓе и од подалечни. Ретко која врска од средношколските денови опстанала... ретко. Не знам, можеби е тоа затоа што потоа факултетот, работа, се менуваат перцепциите, ставовите, гледиштата кон животот, се менуваат партнерите како луѓе.

Не велам дека тоа е правило со печат, ама Е честа појава.
Иако средношколските sweethearts како што би рекле во америчките филмови се најслатки. За тие што го осетиле тоа, супер искуство е. Јас и не баш толку. Уствари ич, ама сум сведочела.:)
 
Јас па познавам примери од средно кој се заедно до брак.И после 3 години во брак,развод поради трета x особа.
Искрено верувам дека некој се родени да бидат заедно цел живот,но неможам да гарантирам дека љубовта е вечна,бидејќи незнам што ме чека утре.Но ако размислуваме така,дека долгите врски кад тад ќе пукнат,зошто воопшто би губеле години со некој:)
А многу од средно останаа пар и на фах,со летечи замени додека никој не гледа.
 
Колку ли само врски ќе има и после средношколските денови...
Секој сака да смени малце :)
 
Не мора да значи дека секогаш доаѓа до раскинување на врска која започнала во средношколските денови. Ако ти си раскинал немора да значи дека 90 посто раскинале. Инаку, луѓето се менуваат во врската нели, тие промени не одговараат на другиот партнер во врската. Поголеми обврски, проблеми и помалку време за другиот се основните причини за прекин. Монотоност и досадност во врска, опседнатост со други проблеми. Али знам многу врски што завршија со брак или уште идат и им е супер. Имам другарка што оди од основно со дечко и и секој ден и е прекрасен :) Едноставно како што од секоја врска постои страв од обврска, така и во овој случај постои страв од продолжување на истата во друг правец. Сум имала неколку долги врски кои заврувале со крај поради стравот од сериозност во истите. Раскинав долга врска пред некое време, иако дечкото ми предлагаше брак и заедничко живеење, не се наоѓав повеќе во истата поради тоа што сакав да напредувам во друг правец, сакав да се посветам на работа и школо. Тоа секогаш ми било во прв план и ќе ми биде. Раскинот на таква врска е и поради созревањето на партнерите и сфаќање дека нивната детска љубов не е истата, работите се смениле и го нема жарот што бил порано.
 
Се зависи од тоа колку постоела страст и почитување помеѓу партнерите.Познавам доста врски кои биле прекинати, некои кои завршиле со брак, но не можам да не го споменам примерот на вујко ми кој веќе 30 години оди со жена со која започнал врска во прва средно и сеуште не се земени и сите ги зафркаваме дека се само за на рипли. Тоа дали врската ќе заврши со брак или заеднички живот на некои воопшто не им значи.
 
Има секакви примери. Јас пак, знам за 3 пара кои идат уште од основно, биле заедно во средно(учеле во исто школо) и уште се заедно.:nesvest: И мислам дека немаат намера да раскинат :icon_lol: Не, шала на страна, не им мислам ништо лошо.:nesum:

Се согласувам со тоа дека скоро сите врски што проникнале во средно школо, завршуваат со раскинување поради причина што кога ќе завршат со средното им светнува дека 3-4 години од најубавите години во животот поминале со една иста личност. Обично тогаш и невиноста ја губат, па им светнува и дека ако се земат ќе останат цел живот само со тој/таа...

Но, има и исклучоци кои не забележуваат никаква монотонија во нивната врска, кои не им доаѓа ни на момент гушење во врската, ниту пак сакаат да се испукаат за одреден период. Едноставно се заљубени до уши и можеби баш тој/таа со кој идат повеќе години им е сродна душа.:wink:

Се` и индивидуално и зависи од парот, каква спојка се, нивната врска, сплетот на околностите и други икс фактори.
 
Деновиве неколку пати низ муабет со другари ми падна у очи едно прашање за кое испадна дека е дискутабилна тема. Средношколска љубов , поточно, најголемиот дел од сериозните врски кои започнале уште во средношкоските денови се раскинуваат!И во изминатиов период во моето опкружувње пукнаа многу врски од 5,6 години , започнати токму во средно . Вие дали се согласувате со констатацијава и ако се согласувате што мислите кои се причините???

Јас почнав врска крај на основно, летото пред средно.... И раскинав... Значи, и јас спаѓам во тие повеќето веројатно... Иако, незнам дали се повеќето :) За твојов случај е коинциденција можеби...
Многу, ама ептен многу зависи од луѓето... Јас знам за многу примери што раскинале, или пак се земале па за кратко се развеле... Ама знам и многу што и ден денес се заедно и се сакаат како пред многу години...
И искрено, незнам што е подобро :) Често тие врски се осудени на пропаст заради тоа што од доста рано почнуваат проблемите и врската станува премногу сериозна за таа возраст... Баш во тие години кога треба да се забавуваат највеќе и да не се замараат, они решаваат љубовни проблеми :) И кога тогаш се појавува желбата, па и потребата да се искуси нешто ново... Не секогаш и не кај сите, али не сме пингвини :) (ваљда знаете дека пингвините си го наоѓаат партнерот/партнерката и остануваат заедно до крајот на животот)....
Стварно ми е жално што завршуваат.. И им се дивам на оние што успеваат да си ја сочуваат... Не е воопшто лесно...
 
Скоро секогаш е истата приказна....

Врска од средно .... НЕ УСПЕВА ....

некој погоре спомна после 5-6 години, горе-доле тој е интервалот....
ќе ќариш девојче во втора средно, ќе се забавувате, ќе ви биде интересно.....
.....и после упис на факс....раборите се распаѓаат.....побрзо или побавно....
причините се едноставни....
нова средина, нови луѓе, нови можности за дружба, презаситеност од предходниот парнер, едноставно потребата за промена итн. итн.
средно, факс, период на "застанување на нозе и осамосталување" кога ќе ги собереш годините кои си ги поминал со партнерот, сваќаш дека цел живот ( 10-12 години, и тоа најубавите) ти поминал со него.....
мислам дека од 100 примери дали 10 завршиле со брак....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom