Поучни текстови

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Не знам дали е за на темава ама ај да не стои за џабе у комп:

6 животни вистини:

1. Неможеш да си ги допреш сите заби со јазикот;
2. Сите будали кои откако ке ја прочитаат првата животна вистина пробуваат да го направат тоа;
3. Првата животна вистина е лага;
4. Сега се смееш бидејки си будала;
5 .Наскоро ке им го пратиш ова на останатите будали
6. На твоето лице сеуште има глуп осмех
Хаха ја почнав да пробувам без да ги читам тие доле.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Извинете што е на англиски, али така го најдов, а преубаво е, морам да го цитирам.

[FONT=&quot]One day . . . a wealthy family man took his son on a trip to the country, so he could have his son see how poor country people live. [/FONT]
[FONT=&quot]They stayed one day and one night in the home of a very humble farmer. At the end of the trip, and when they were back home, the father asked his son, "What did you think of the trip?" [/FONT]
[FONT=&quot]The son replied, "Very nice dad." [/FONT]
[FONT=&quot]Then the father asked his son, "Did you notice how poor they were?" [/FONT]
[FONT=&quot]The son replied, "Yes." [/FONT]
[FONT=&quot]The father continued asking, "What did you learn?" [/FONT]
[FONT=&quot]The son responded, "I learned that we have one dog in our house, and they have four. [/FONT]
[FONT=&quot]Also, we have a fountain in our garden, but they have a stream that has no end. [/FONT]
[FONT=&quot]And we have imported lamps in our garden . . . where they have the stars! [/FONT]
[FONT=&quot]And our garden goes to the edge of our property. But they have the entire horizon as their back yard!" [/FONT]
[FONT=&quot]At the end of the son's reply the father was speechless. [/FONT]
[FONT=&quot]His son then said, "Thank you dad for showing me how poor we really are." [/FONT]
[FONT=&quot]Isn't it true that all depends on the lens you use to see life? [/FONT]
[FONT=&quot]One can ask himself what would happen if we give thanks for what we have instead of always asking for more. [/FONT]
[FONT=&quot]Learn to appreciate what you have. Wealth is all in one's point of view. [/FONT]
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Како Америка ќе останеше "неоткриена"

Единствена причина зошто Кристофер Колумбо можел да ја открие Америка е дека: не бил ЖЕНЕТ! Да бил оженет, Колумбо ќе требал да се справи со следново:
- А зошто мора баш ти да одиш?

- А зошто не пратат некој друг? Што си ти?

- Тебе се ти е тркалезно! Дали си ти глуп или луд?

- Уште моите не ги знаеш а ти би да откриеш нов свет!

- Што криеш? Не ни знаеш каде одиш!

- А што, на брод само машки ќе бидете? Ма немој!

- А зошто не можам и јас да дојдам, ако си ти шеф таму? Мене никогаш не ме земаш на патувања!

- Стоко, не знаеш веќе што да измислиш само дома да не си!

- Ако излезеш од врата јас си одам кај мајка ми!

- А која е таа Марија? Што сака она? Девојче а? Цркни... педофил еден!

- Сè си испланирал, бесрамник! Си се договорил со тие курвите индијански.

- Не можеш мене да ме измамиш!

- Што? Кралицата ќе го продаде својот накит за ти да можеш да патуваш? Што мислиш дека јас сум глупача? Што има меѓу тебе и таа старката?

- Не ти давам никаде да одиш! Секогаш нешто смислуваш само за да ме оставиш сама!

- Ништо нема да се случи ако светот и понатаму е рамен.



- Немој да се облекуваш, затоа што ти НЕ ОДИШ!!!
 
Член од
12 април 2007
Мислења
21
Поени од реакции
4
Како настанала песната за Калино моме
Еден ден на еден човек му се присакало и што да прави се мисли се мисли и ајде си вика ке одам во соседното село да најдам некоја така никој нема да ме разбере што сум правел.... Кога стигнал во соседнот село ја сретнал Калина...Биднало се што биднало и следниот ден тргнал човекот да си бега за дома .Тргнал тој тргнала и Калина по него...Кога ја здогледал и рекол:
-Немој да идиш Калино по мене кај нас има висока гора,
ама Калина тврдоглава
-Е нема ке идам ако има гора
пак човекот
-Немој да идиш Калино по мене кај нас има длабока река
-Е ке идам гајле ми е дека има река ке идам по тебе
Се мисли човекот како да ја одкачи и и вика
-Немој да идиш Калино по мене имам жена деца
а Калина
-Гајле ми е дека имаш жена деца се ке ти сотрам и ке дојдам по тебе
Поука од приказната:
Ако ти се присака да напрајш нешто настрана не мора да одиш до следното село оти можи да тргнат по тебе најдобро е да одиш до кај комшите оти и да ја види женати комшивката кај вас дома на гости нема да и е сумливо :):):)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Зошто нечини да си терорист во Македонија?


Двајца терористи од една блискоисточна земја дошле во Македонија со намера да ја спроведат "Алаховата казна над македонските неверници. Еве како тоа изгледало:

Недела, 20:47

Стигнуваат во Скопје. Го напуштаат аеродромот Петровец по 8 часа од слетувањето, бидејќи багажот им се изгубил. Нивната авиокомпанија не ја презема одговорноста за багажот а еден аеродромски службеник им предложил на терористите да дојдат утредента, па со малку среќа, можеби...

Седнуваат во такси. Само со еден поглед во ретровизорот, таксистот сфаќа дека се странци па ноќе ги врти во круг едно саат и пол. Откако терористите не приговориле дури и кога таксиметарот покажал 2.000 денари, таксистот решава да собере уште еден ортак кај Белви. Одма ги претепуваат и ограбуваат и ги оставаат некаде пред Арачиново.


Понеделник, 10:30
Откако се освестиле, двајцата терористи некако успеваат да дојдат до Скопје, во хотел. Нарачуваат рент - а- кар. Се упатуваат повторно кон аеродромот Петровец но попат се блокирани од штрајковите на просветните работници и земјоделците.


Понеделник, 15:45
Сепак стигнуваат на Петровец, цврсто решени да свртат авион од својата рута и да го срушат врз Собранието на РМ. Но, пилотите и стјуардесите на МАТ штрајкуваат барајќи поголеми плати а во знак на солидарност, им се придружуваат и луѓето од контролата на летање. Единствениот расположлив авион е оној на албанската компанија која има силни врски со функционери во ДУИ. Во меѓувреме доаѓа делегација од ДПА која сака да лета во Швајцарија. Настанува гужва меѓу нив и персоналот. Во општата тепачка најмногу страдаат двајцата Арапи.

Понеделник, 19:05
Конечно се смируваат страстите а МАТ во меѓувреме престанува со штрајкот откако од министерот за сообраќај и врски добиле уверување дека нивните барања сериозно ќе бидат разгледани на некоја наредна седница на Владата. Облиени со крв, терористите доаѓаат до шалтер на кој им продаваат два билета но им премолчуваат дела летот е одложен.


Понеделник, 20:07
Терористите веќе почнуваат да се расправаат дали да продолжат со планот или не. Во текот на расправата се појавува и прашањето дали уништивањето на Собранието е терористички чин или акт на милосрдие.

Понеделник, 21:00
Изгладнети, решаваат да каснат нешто во аеродромскиот ресторан. Нарачуваат сендвичи со телешка салата.

Вторник, 08:35
Мајонезот бил тотално расипан па завршуваат во Клинички центар каде цела ноќ чекале во ходник некој да ги згрижи. Работата би била готова за неколку дена ако попат не се појавиле сомневања за салмонела.

Недела, 17:20
12 дена подоцна, излегуваат од болница и по мала прошетка доаѓаат до Градски стадион. Вардар штотуку изгубил од Шкендија па лутите комити беснеат наоколу. Двајцата Арапи им заличуваат на противнички навивачи и почнуваат ги каменуваат. Водачот на комитите успева и сексуално да ги злоупотреби двајцата терористи.

Недела, 19:45
Навивачите конечно заминуваат а терористите одлучуваат, иако е грев, првпат во животот да се напијат алкохол. Купуваат ракија од пазар. Им увалуваат вештачка лозова, полна со метанол па завршуваат во Градска. Тестирањата покажуваат дека и двајцата се позитивни на ХИВ.

Вторник, 23:42
Двајацата терористи решаваат пешки да заминат на исток, накај дома. Пред да тргнат на долгиот пат, цврсто му се заколнуваат на Алах дека вакво нешто друг пат нема да им падне на памет.
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Вистинскиот одговор

Се возите со својот Ферари во ужасно олујна ноќ, поминувате покрај автобуска станица на која кмишат:
- Стара баба која изгледа дека нема да издржи долго.
- Стар пријател кој некогаш ви го спасил животот.
- Перфектна девојка/ дечко за кој/а цел живот сте сонувале да имате.
Кого ќе одберете да земете имајќи предвид дека има само едно место во колата? Размислете, па да се дораскажеме...


|
|
|

Оваа етичка дилема била искористена како дел од апликација за работа. Можете да ја одберете старата баба и да спасите еден живот. Можете да решите и да го земете пријателот кој ви спасил живот а ова би било одлична шанса да му возвратите. Од друга страна, така никогаш во животот нема да го сретнете својот партнер по каков сте мечтаеле. Од 200-те кандидати, работата ја добил дечко кој без проблеми го навел своето решение:

"Му ги давам клучевите на пријателот за дa ја одведе старата баба во болница а јас останувам и го чекам следниот автобус заедно со девојката од моите соништа".

НЕКОГАШ СЕ ПОСТИГНУВА МНОГУ ПОВЕЌЕ АКО УСПЕЕМЕ ДА ГИ НАДМИНЕМЕ НАШИТЕ ЗАКОРАВЕНИ ЛИМИТИ. НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА РАЗМИСЛУВАТЕ "НАДВОР ОД РАМКИТЕ".

.... додуша... вистинскиот одговор е да ја прегазиш бабата и да и ги скратиш маките, да ја плеснеш рибата на хауба и да заминеш со пријателот на пиво.



Ама тоа е ептен хепиенд :)
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Една девојка требаше да патува со авион.Бидејќи имаше уште многу време до полетувањето таа реши да купи книга за да може побрзо да и помине времето.Со книгата си купи и кутивче кекс.Влезе во ВИП-чекалницата за да не биде вознемирувана од никого.Седна, покрај неа беше стол со пакетче кекс, во рацете ја држеше книгата, а од другата страна имаше друг стол на кој седеше еден господин, кој читање весници.Кога таа почна да зема кекси и господинот зема еден.Таа се шокира, ама ништо не рече и продолжи да ја чита книгата.
Во себе помисли:"Ама види го ти ова, да имав во себе малку повеќе храброст досега ќе го удрев!"
Секогаш кога таа ќе земеше по еден кекс, човекот спорти неа, не обрнувајќи внимание на ништо, земаше исто така еден.Продолжија така додека во кутивчето не остана само едно кекцче и тогаш девојката помисли:"Баш ме интересира што ќе направи сег!"
Човекот го зеде последното кексче и го подели на две!!
"Ова навистина е премногу"-помисли девојката, шокирана од настанот, ги грабна своите работи, книгата торбата и излета надвор од чекалницата.Кога почувствува дека и е подобро и откако и мина лутината, седна на место каде во близина немаше никој за да избегне други непријатности.Ја затвори книгата ја отвори торбата за да ја стави внатре.Во тој миг го здогледа своето пакетче кекси, кое стоеше во торбата неотворено.
Се зацрами како крадливка и дури тогаш сфати дека кексите беа исти како нејзините, во иста кутија само што му припаѓаа на господинот кој седеше спроти неа, ама кој без нервоза и без шокирање или препотенција, го подели и своето последно парче со неа, тотално спротивно од неа, на која и беа повредени гордоста и чувствата.
Заклучок:Колку пати во својот живот сме зеле туѓ кекс, а тоа никогаш нема на можеме, ниту сме го дознале?
Пред да се дојде до избрзан заклучок и пред да се почне да се мисли на лошо, гледајте ги со внимание деталите;многу често ситуацијата не е таква каква што нам ни изгледа на прв поглед!

Во животот постојат пет работи што не можат да се вратат:
-Камен откако е фрлен
-Збор откако е изговорен
-Можност откако е изгубена
-Време, откако минало
-Љубов, за која не се БОРИМЕ!!
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
Една девојка требаше да патува со авион.Бидејќи имаше уште многу време до полетувањето таа реши да купи книга за да може побрзо да и помине времето.Со книгата си купи и кутивче кекс.Влезе во ВИП-чекалницата за да не биде вознемирувана од никого.Седна, покрај неа беше стол со пакетче кекс, во рацете ја држеше книгата, а од другата страна имаше друг стол на кој седеше еден господин, кој читање весници.Кога таа почна да зема кекси и господинот зема еден.Таа се шокира, ама ништо не рече и продолжи да ја чита книгата.
Во себе помисли:"Ама види го ти ова, да имав во себе малку повеќе храброст досега ќе го удрев!"
Секогаш кога таа ќе земеше по еден кекс, човекот спорти неа, не обрнувајќи внимание на ништо, земаше исто така еден.Продолжија така додека во кутивчето не остана само едно кекцче и тогаш девојката помисли:"Баш ме интересира што ќе направи сег!"
Човекот го зеде последното кексче и го подели на две!!
"Ова навистина е премногу"-помисли девојката, шокирана од настанот, ги грабна своите работи, книгата торбата и излета надвор од чекалницата.Кога почувствува дека и е подобро и откако и мина лутината, седна на место каде во близина немаше никој за да избегне други непријатности.Ја затвори книгата ја отвори торбата за да ја стави внатре.Во тој миг го здогледа своето пакетче кекси, кое стоеше во торбата неотворено.
Се зацрами како крадливка и дури тогаш сфати дека кексите беа исти како нејзините, во иста кутија само што му припаѓаа на господинот кој седеше спроти неа, ама кој без нервоза и без шокирање или препотенција, го подели и своето последно парче со неа, тотално спротивно од неа, на која и беа повредени гордоста и чувствата.
Заклучок:Колку пати во својот живот сме зеле туѓ кекс, а тоа никогаш нема на можеме, ниту сме го дознале?
Пред да се дојде до избрзан заклучок и пред да се почне да се мисли на лошо, гледајте ги со внимание деталите;многу често ситуацијата не е таква каква што нам ни изгледа на прв поглед!

Во животот постојат пет работи што не можат да се вратат:
-Камен откако е фрлен
-Збор откако е изговорен
-Можност откако е изгубена
-Време, откако минало
-Љубов, за која не се БОРИМЕ!!
навистина интересно....:pipi:
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
253
Поени од реакции
12
-Зошто љубовта е слепа?
-Еднаш, многу одамна, сите човечки суштества и сите човечки квалитети се нашле на едно скришно место на Земјата... Кога дошла Здодевноста се проѕевнала по третпат, а Лудоста, како и секогаш луда, предложила: - Ајде да си играме криенка! Кој најдобро ќе се скрие, ќе биде победник меѓу сите чувства. Интригата ја поткренала десната веѓа, а Љубопитноста, не можејќи да се воздржи, прашала: - Криенка? Каква е таа игра? - Тоа е една игра, почнала да објаснува Лудоста, во која јас ќе ги покријам очите и ќе бројам до милион, додека сите не се скриете. Штом ќе завршам со броење, тргнувам во потрага и кого нема да го пронајдам, тој е победникот. Ентузијазмот заиграл од радост, а истото го направило и Одушевувањето. Среќата толку скокала што успеала да ги наговори Сомнежот и Апатијата, кои никогаш и ништо не ги интересирало. Ама, не сакаа сите да си играат. Вистината беше против криењето, а и зошто би се криела? И така неа на крајот сите ќе ја пронајдат. Гордоста мислеше дека тоа е глупава идеја, иако всушност ја измачуваше мислата зошто нејзе не и текна прва да ја предложи играта. Вниманието не сакаше да ризикува. - Еден, два, три... почна да брои Лудоста. Прва се сoкри Мрзливоста, која како и секогаш, само се фрли зад првиот камен на патот. Вербата се качи на небото, Завидливоста се скри во сенката на Успехот, кој со мачење се искачи на врвот од највисокото дрво. Великодушноста никако не можеше да се одлучи каде да се скрие, затоа што секое место и се чинеше совршено за некој од нејзините пријатели. Убавината скокна право во кристално чистото езеро, а Срамежливоста ѕиркаше низ пукнатината на едно дрво. Прекрасноста го најде своето место во летот на една пеперутка, а Слободата - во здивот на ветрот. Себичноста најде скривница, ама само за себе! Лагата се сoкри на дното на океанот (лаже, на крајот од виножитото!), а Стрвноста и Страста - во кратерот на вулканот. Заборавот заборави да се скрие, ама тоа не е важно. Кога Лудоста изброи 999.999, Љубовта се уште не најде скривалиште затоа што сите места беа зафатени. Здогледувајќи една градина со рози, скокна и се пикна меѓу прекрасните пупки од рози. - Милион!, извика Лудоста и почна да бара. Прво ја пронајде Мрзливоста, зад најблискиот камен. Наскоро ја слушна Вербата како расправа за теологијата со Господ, а Страста и Стрвноста скокнаа од вулканскиот кратер од страв. Случајно тука се најде и Завидливоста и, секако и Успехот. Себичноста не ни требаше да ја бараат. Сама излета од своето совршено скривалиште кое се покажа дека е кошница за пчели. Од толку барања Лудоста ожедне, и така во кристалното езеро ја пронајде Убавината. Со Сомневањето беше уште полесно, затоа што тоа не можеше да се определи за својата скривница, па остана да седи на блиските камења. Така Лудоста, малку по малку, ги пронајде речиси сите. Талентот во златните класја на житото, Тежината на душата во изгорената трева, Лагата на крајот (лажеше, сепак беше на дното на океанот!), а Заборавот заборави и дека воопшто нешто се играло. Само Љубовта не можеше никаде да ја најде. Ја пребара секоја грмушка, сите планински врвови и кога веќе беше бесна, ја здогледа градината од рози. Влезе меѓу розите, фати една сува гранка и од бес и изнемоштеност почна да ја удира по прекрасните пупки од рози. Одеднаш се слушна болен крик. Трњата од розите и ги изгребаа очите на Љубовта. Лудоста не знаеше што да прави. Го пронајде победникот, чувството над чувствата, ама Љубовта стана слепа. Плачеше и ја молеше Љубовта да и прости, и најпосле реши да остане засекогаш покрај неа, покрај Љубовта, и да и помага. Така Љубовта излезе победник над сите чувства, ама стана слепа, а Лудоста ја следи на секој чекор.
 

Ada?

мјаууууу
Член од
4 април 2009
Мислења
490
Поени од реакции
54
мммм интересно ...сите ги прочитав и браво секоја чест
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
сите се интересни а мислам дека 2 го иамше на к-15
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Кујнска лекција на денот

Жената му пржи јајца на сопругот за појадок. Одеднаш во кујната улетува мажот, викајќи на цел глас: "Полека, полека. ПОЛЕКА! Стави уште малку зејтин. Ух, за малку."

"Пази, пази, пази. Пржиш премногу јајца. ПРЕМНОГУ! Преврти ги. АБЕ ПРЕВРТИ ГИ ОДМА! Мора да ставиш уште малку зејтин. ОХ ГОСПОДЕ! КАДЕ ќе најдеме УШТЕ ЗЕЈТИН. Ќе се ЗАЛЕПАТ за тава. Пази. ПАЗИ БЕ! Никогаш не ме слушаш кога готвиш! Никогаш! Сврти ги! Побрзо бе! Ало, да не си ЛУДА? Да не ОТКАЧИ во главата? Не заборавај да им ставиш сол. Секогаш забораваш да ги посолиш. Стави сол. СТАВИ СОЛ! СОЛ!!!"

Не можејќи да си поверува, жената гледа во својот сопруг и го прашува: "Па дал си ти нормален бе? Дали стварно мислиш дека не знам да испржам неколку јајца?"

На што мажот смирено одговара: "Не бе, само да видиш како ми е на мене кога возам."
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Перфектно извинување без извинување

Медицинска утка:
Јас жалам ако поради недоразбирање сметавте дека сум оперирал погрешен дел од вашиот мозок. Навистина ми е жал што вашите пријатели и семејството мораа да ве слушаат како јачите од болка и патите, но јас се уште сум за тоа, дури и ако Вие не се сложувате, да се повлече тужбата од 1 милион долари после ова искрено и длабоко извинување.

Крај на врска:
Двете страни може да се сложат дека нашата љубов заврши. Тоа е во контекст на заемното разбирање дека јас искрено жалам и ја делам тагата со твоите пријатели и родители во овој момент на неугодност. Ако, според тебе, твоите чувства се повредени, без оглед што јас претходно се обидов да ти дадам на знаење, верувам дека скорото враќање на мојата колекција од Мајкл Болтон ќе придонесе за затворање на спорот и почеток на заздравување.

Паркинг влезница:
Никому не му е жал повеќе од мене што полицаецот мораше да потроши драгоцено време во пишување на казна за паркирање за мојот автомобил. Иако од моја гледна точка сигурно знам дека мерачот не беше истечен, Ве молам прифатете го моето жалење за овој несреќен инцидент. Се надеваме дека вашето поништување на казната ќе значи крај и нов почеток за двете страни и уверување дека вакви ситуации во иднина ќе бидат избегнати.

Задоцнета семинарска:
Длабоко жалам што одлучивте дека мојата семинарска не е предадена на време, и покрај тоа што фактот дека мојот часовник престана да работи ќе биде прифатен како алиби на било кој легитимен суд. Сепак, сакам да изразам искрено сочувство поради верувањето на универзитетот дека неговите правила се прекршени, и верувам дека како знак на Ваша подеднакво добра волја, мојата семинарска работа ќе биде прифатена.

Враќање на авансот:
Жалиме што Вашиот ракопис беше прогласен за неприфатлив од нашето скрупулозно објективно уредништво, што ја неметнува неопходноста за враќање на нашиот аванс. Ова, во никој случај не треба да претставува навреда, но разбирливо дека може така да се протолкува, и во таков случај би изразиле жалење, веројатно без да употребиме така специфични фрази како “неписмени шкрабаници,“ ако треба сето ова да го повториме.

Гаф во друштво:
Додека цврсто верувам, заради правичност, дека овој настан во никој случај не треба да се поврзува со мојата апликација за клубот кој го водите, сакам да ви кажам колку ми е жал ако сте мислеле дека сте ме чуле како ја опишувам жена ви како стара чанта. Свесен сум дека кога би бил даден таков опис, тој може да предизвика емоционално нарушување на личноста, и ова не би му го посакал никому, дури и ако, како што е во овој, тоа не може да се докаже вон разумен сомнеж дека било кога сум рекол или ќе речам такво нешто.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom