Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

T

Tetro

Гостин
На шмизлата во парк и' ги ампутираа рацете






На шмизлата со куче во Градскиот парк деновиве и' беа отсечени рацете. Непознати вандали ја оштетиле скулптурата на која сега ќе и' следуваат поправки. Ова не е прв случај на оштетување на новите скулптури, кои почнаа да се поставуваат од минатата година. Да се надеваме дека ќе биде и последен. (С.Н.)

#
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРИСТИГНАА КРАЈ КАМЕНИОТ МОСТ
Спомениците на словенските просветители Свети Кирил и Методиј и на нивните ученици Свети Климент и Наум Охридски денеска се поставуваат покрај Камениот мост на левата страна на реката Вардар.

Поставувањето на спомениците, кои се дел од проектот „Скопје 2014“ започна рано изутрината околу шест часот.

Спомениците се лиени во бронза во леарницата Фрокаро арте Виченца во Италија.

Авторот на споменикот на Свети Кирил и Методиј е Жарко Башески и тој чини 540 илјади евра, а на Свети Климент и Наум е Перо Кованцалиев и тој чини 580 илјади евра.

Во рамките на проектот Скопје 2014 досега беа поставени спомениците на револуционерите од илинденскиот период Гоце Делчев и Даме Груев, како и на првиот претседател на президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто.(Макфакс)


http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=1284
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Да, да... Сигурно Груевски го шкрташе Гоце во парк, и уште мал милион споменици низ градов. До културата на народот е, истите тие што крадат шахти од улици и шини од пруги, ги исекле рацете од статуата. Барај ги во одпад.

Да сакаше Груевски да ја нема таа статуа ќе ја снемаше цела, а не само рацете, ќе измислеше нешто противзаконско и ќе ја снемаше истата.
А1 ствара теории на заговор за глупости.
Брука сме бе.. брука..не навлегувам кој е крив,може и власта е незнам, тежок примитивизам е да уништиш скулптура,па кој и да е аворот..:tapp:

--- надополнето ---

КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРИСТИГНАА КРАЈ КАМЕНИОТ МОСТ
Спомениците на словенските просветители Свети Кирил и Методиј и на нивните ученици Свети Климент и Наум Охридски денеска се поставуваат покрај Камениот мост на левата страна на реката Вардар.

Поставувањето на спомениците, кои се дел од проектот „Скопје 2014“ започна рано изутрината околу шест часот.

Спомениците се лиени во бронза во леарницата Фрокаро арте Виченца во Италија.

Авторот на споменикот на Свети Кирил и Методиј е Жарко Башески и тој чини 540 илјади евра, а на Свети Климент и Наум е Перо Кованцалиев и тој чини 580 илјади евра.

Во рамките на проектот Скопје 2014 досега беа поставени спомениците на револуционерите од илинденскиот период Гоце Делчев и Даме Груев, како и на првиот претседател на президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто.(Макфакс)


http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=1284

Стигнале учителите :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Требе да се гради државата а не обележја за вашето владеење.Плукате по претходниците кои и да биле а ги надминувате во се што било како обележување на една ( револуционерна ) епоха.Триумфална Капија, триумф на глупоста. Децава не виделе по светот она што го има или не прочитале па сега дај да го доселиме светот тука ( од пред стотина години), и тоа како кич изданија.
Интересно е што низ белиот свет се практикува као нешто сосем нормално, а австралијанци им текнало па се запрашале што значи поимот public art па...
What is public art?

There are many parts of our built environment that display great craft and are artistically pleasing but are not necessarily labelled as 'art'. On the other hand there are many objects which show little craft or depth of thinking but are funded by an arts budget or are labelled by their creators as 'art'. (It is worth noting that anything that has to label itself xxxx Art such as Mural Art or Graffiti Art is already indicating that it has not generally been recognised as art and therefore using xxxx Art as a marketing label.) Some art destroys the art that went before it. So what constitutes public art?
Since long before the existence of Melbourne the question "what is art?" has sparked fierce debate. At White Hat we don't claim to have a definitive answer and will leave it for you to decide what belongs under the label Public Art.
Заклучокот го оставаат на читателите/граѓаните. Оние бикови, девојчиња, чистачи на чевли се дел од она што е класифицирано под поимот civic art (не сум сигурен за превод -можеби граѓанска уметност)

Како илустрација за глупавоста, незнаењето и појманемањето од уметност...слики од вакви скулптури (со посочени имиња на градови -од Кина до Австралија, преку Америка, Шведска, Будимпешта...), какви се бизарни скулптури постојат. Намерно не ставам слики пошто ги има стотици од цел свет.

http://www.weirdomatic.com/strange-statues.html

http://www.webofentertainment.com/2009/07/really-strange-and-amusing-statues-from.html

Што се однесува до оштетувањето на скулптурата во Градски Парк, еве како се справуваат со таков вид криминал (истото важи и за споменикот на Гоце Делчев кој стално беше прскан и фарбан)
http://latimesblogs.latimes.com/lanow/2008/11/a-man-was-sente.html
Justice for Carthay Circle statue thief

November 7, 2008 | 1:24 pm


A man was sentenced today to 16 months in prison and ordered to pay restitution of $31,700 for stealing outdoor sculptures, including a 7-foot bronze statue of a gold miner taken from its longtime home in the Carthay Circle community of Los Angeles.
Sebastian Solis Espana, 22, of Los Angeles was one of two men who pleaded no contest June 12 to grand-theft charges stemming from the string of thefts in the Wilshire and Beverly Hills areas. His codefendant, Jessie Guzman Hernandez, 24, also of Los Angeles, was previously sentenced to 16 months in state prison, and today was also ordered to pay restitution of $31,700.
The two were arrested Feb. 14 by detectives from the Los Angeles Police Department's Commercial Crimes Division after the life-size, 512-pound bronze statue of a miner panning for gold, valued at $125,000, was recovered in two pieces from a local scrap yard, which had paid them about $900, authorities said.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
На шмизлата во парк и' ги ампутираа рацете






На шмизлата со куче во Градскиот парк деновиве и' беа отсечени рацете. Непознати вандали ја оштетиле скулптурата на која сега ќе и' следуваат поправки. Ова не е прв случај на оштетување на новите скулптури, кои почнаа да се поставуваат од минатата година. Да се надеваме дека ќе биде и последен. (С.Н.)

#
Поставување на камери на околните згради и огромни казни за идиотите кои ги оштетуваат скулптурите.
Ако веќе се направило, тогаш зошто да се руши и нагрдува :toe:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Ту бе луѓееееееееееее, како не им текна еден ваков Бунар за желби да напраат- туку и бунарот ко народот -нема функционира без пари


--- надополнето ---

 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
На шмизлата во парк и' ги ампутираа рацете






На шмизлата со куче во Градскиот парк деновиве и' беа отсечени рацете. Непознати вандали ја оштетиле скулптурата на која сега ќе и' следуваат поправки. Ова не е прв случај на оштетување на новите скулптури, кои почнаа да се поставуваат од минатата година. Да се надеваме дека ќе биде и последен. (С.Н.)

#
Можда, на овој начин ќе послужат за нешто корисно...кој знае што све може да се направи со (од) две раце?
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Коњот на Александар нема да стигне на Плоштад
четврток, 01 јули 2010




Спорни се објектите на левата страна на Вардар - уставниот суд, државниот архив, обвинителството и министерството за надворешни работи. Сега засега нема да се прави ни фонтаната со Александар Македонски и Триумфалната порта на плоштадот, а ниту пак катните
гаражи

Зградите од Скопје 2014 ќе се рушат, а Александар Македонски нема да стигне на Плоштад. Уставниот суд ја стопираше градбата на дел од објектите од владиниот проект поради неуставно донесените измени во деталниот урбанистички план на општина Центар. Спорни се објектите на левата страна на Вардар - уставниот суд, државниот архив, обвинителството и министерството за надворешни работи. Сега засега нема да се прави ни фонтаната со Александар Македонски и Триумфалната порта на плоштадот, а ниту пак катните гаражи.

- Нема да можат да се поставуваат спомениците во паркот Жена борец и на мостот. Измените на планот се донесени во скратена постапка која не е пропишана со новиот закон кој е на сила. Има формална повреда на постапката за еден предмет што за жал е исполнето со политика“, вели Трендафил Ивановски претседател на Уставен.

Во општина Центар велат дека одлуката на Уставниот суд ќе ја почитуваат. Имаат две опции - да ги урнат започнатите градби и споменици или пак во редовна постапка да донесат нов ДУП.

Доколку се одлучи за втората опција тоа значи дека во општината Центар планот за Малиот ринг ќе мора повторно да помине нацрт фаза, јавна расправа и презентација.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=51668
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Противуставни? И ШТО Е СЕГА ТОА БИТНО? Ееее, цепидлаки.
50 посто од населбиве во Скопје се изникнати без дозвола за градење, вие за еден центар.

Дали сега градителот и архитектот, ќе ги препродадат циглите и ќе ги вратат парите во државната каса?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Трумфалната порта ќе се гради на плоштадот и покрај одлуката на Уставниот суд
Нема отстапки од предвидените градби во проектот 2014 –та. Триумфалната капија сепак ќе се гради соопшти министерството за култура, и покрај одлуката на Уставниот суд да се укинат измените на Деталниот урбанистички план за Малиот Ринг што Општина Центар го усвои во јануари годинава.

-Скулптурата „Порта“ ќе продолжи да се гради затоа што Министерството за култура има добиено одобрение за градба пред да се донесе одлуката од страна на Уставниот суд, изјави за Радио Слободна Европа министерката Елизабета Канческа Милевска.За другите објекти кои се дел од одлуката на Уставниот суд таа не сакаше да коментира, затоа што само т.н. „Триумфална порта“ е во надлежност на министерството.

И во дописот од министерството се вели- одлуката на Уставниот суд нема да се рефлектира врз изградбата на скулптурата –„Порта Македонија“, бидејки министерството добило одобрение за градба пред да се донесе одлуката на уставниот суд.
Уставен го укина измените на Малиот Ринг затоа што биле донесени во незаконска, односно скратена постапка, што е спротивно со новиот закон. Од Општина Центар рекоа дека ќе ја почитуваат одлуката на судот.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=62261
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Да, да не одиме Цитро натаму со муабетот...но еве ова девојче, дали не му смета Тифани како е изградена (штета на буџетот од пола милион евра), дали не му смета што лани септември
Наместо црква во Дебар Маало ќе никне зграда


дали не му смета плашилото од зграда на бивша Југобанка у центар карши кината, не ли смета спомен куќата на Мајка Тереза (многу грдо делува), дали не и засметало како е реконструиран Камен Мост, зошто не го пофали проектот со подземна улица или со катната гаража...има многу што да се каже за старите заборавени проблеми со објектите во центарот на кои сме навикнати и не ги критикуваме.

Или е учено од своите постари дека едноставно не смее да постои макар и еден споменик на некој наш револуционер или историска личност? Ок, можеби делува пренатрупано, но да видиме што ќе излезе од сето тоа. Она што досега се постави не ми е грдо воопшто.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Абе види, тоа можеби се граничи со...нема да го кажам зборот, ама барем е ситно. Она што е вложено во плоштадот сеуште го немаме видено, а го критикуваме по дифолт...негативистички настроени кон проект или кон оној кој го иницира? Мене ми личи на она второто. Или на одбивање на својата историја. Зошто впрочем не ги критикувавте киксевите со зградите и проектите претходно наброени?

"А кој е за тука? Според стручност двајца? тројца? колку се?"
За ова сум пишувал, не се согласувам со тоа дека само професорите треба да имаат мислење за архитектурата. Мислење треба да дадеме сите ние, не од аспект на пристрасност или навивање кон Божиновски или Грчев, напротив. Ова досега што се постави дали делува грдо? ПО мене не. Делува грдо Камен Мост...и стотиците градби кои постојано никнуваат ама никој не ги спомна.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Епаа, кога ќе не избрише Кире, цацко ќе ни е виновен...муабетов одамна нема воопшто врска со архитектура.
И ја сакам да дискутираме за архитектура, да дискутираме какво треба да биде идното Скопје, за скулптурите, дали треба да бидат од мермер или бронза,дали треба портата да биде кај ЕВН или на друго место,дали треба театарот да биде со зелен или друга боја кров..ама едноставно многу политика се меша во нешто што треба сите да се радуваме..јбг..многу политизирана држава сме
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Сме и тоа во темиве (во сите теми) некако ме кочи. Да седнам и размислам, дали мене ми смета она што сега се гради...хм, јас многу ретко уште од млади години сум се движел и задржувал на плоштадот. Едноставно немаше ништо за што мислам дека треба да подзастанам (ако ги изоставам книжарницата и кафеаните). Претрчувањето набрзина за да стигнам преку мост до другиот дел од Скопје не го сметам за задржување и занимација. Поготово откако ги снема киосците, кои мислам дека требаше да постојат, човек нема зошто да се задржува. Се прават напори со одредени активности да го заживеат централниот дел, но премалку за некое поголемо задржување. Можеби ниту споменик нема да биде некому занимлив, но фонтана, Градската Куќа, други институции и објекти...малку од малку сепак ќе се раздвижи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom