Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
многу е бел, или не сум наспан доволно?
Па бел е, од мермер е. Не се секирај, ќе потемни за година дена од надворешни влијанија... Сите скулптури се бели на почеток.
Инаку, убава скулптура. За останатото, не ми се дискутира...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
многу е бел, или не сум наспан доволно?

можда ќе го фарбаат после, којзнае/
Бел е...мермер... али можеле да му дадат малце друга нијанса...нешто као оваа,мада незнам што материјал е ова roundtheglobe.1201703760.more-sculpture.jpg
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Бел е...мермер... али можеле да му дадат малце друга нијанса...нешто као оваа,мада незнам што материјал е ова Прегледај го приврзокот 30139
Нашиве кровови што прават последно време се од некој таков материјал, мислам дека е бронза која со тек на време ради оксидација си ја добива бојата која што ја има на сликата.
Но изгледа и цената му е повисока
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Не ми е јасно за што ќе служи оваа градба:

1.JPG

Колку што разбирам, колонади се подредени римски столбови, нешто слично како кружно подредените столбови на плоштадот Св. Петар во Ватикан:

 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Знае некој нешто за ова? Овие се дизајнери на пешачкиот мост?

http://www.crabstudio.co.uk/
четврти ред, четврта колона
Skopje Footbridge
The Jewel
Footbridge with Kiosk
We extended the simple brief for a footbridge to connect a new downtown shopping centre with the suburbs on the other side of the River Vardar with an extended vision of the river experience. A small sales kiosk with an upper deck that opens at night to serve as a slivovic bar could be an asset. That this could also be powered to act as a very slow moving time-marker (the whole length of the bridge in six hours) could be a wonderful tease!
Design: Peter Cook/ Gavin Robotham/ Stefano Pessari/ Jean-Baptiste Ruat/
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Е вака сега...

Ченто е бел, затоа што е изработен од бел мермер, камен со карактеристика на полупорозност - впива одредено количество на влага, притоа менувајќи ја бојата од бела до темно-кремаста. Позитивната работа, кај овој материјал (затоа и се користи за скулптури) е тоа што со менувањето на бојата, контурите на делото стануваат појасни и подобро отцртани, и самото дело повпечатливо и полесно приемливо за око. Сепак, ова е материјал кој, одкако ќе прими одредено количество на влага во себе, останатиот дел го задржува на самата површина, со што се затемнува и се добива впечаток дека каменот е „исфлекан“. Од таа причина, бара повремено одржување и чистење на површинскиот слој. Пример за тоа е катедралата Дуомо во Милано, Италија, изработена од мермер од слично потекло и карактеристики. Поради големината на тој објект, одржувањето се одвива непрекинато и во фази, така да во секој момент може да се забележи разликата на делот кој е исчистен и освежен, и контрастот со неисчистениот дел.

Цитро, скулптурата која ја имаш постирано е дело на зрелата (касната) ренесанса, и е изработена од бронза. Зелената боја, е патината која ја добива бронзата во допир со атмосферска влага и кислород, односно оксидиран површински слој.

ФилипМакедон, мислам дека колонадата е позади овој објект, и претставува некакво партерно уредување на преостанатиот простор, меѓу објектите. Убаво си постирал, колонада (од колон - грч. столб) е редица од столбови, која првпат почнува да се користи како обележување на тремовите на објектите кои ги затворале античките агори. Како и да е, мислам дека ова е објектот на Финансиската полиција, според она што јас можев да го забележам од презентациите.

http://www.crabstudio.co.uk/
Не знам колку ми се допаѓа идејата, а и нема да коментирам за тоа. Ама конструкцијата, алал вера да им е! Макар што, ова нема да се реализира, бидејќи веројатно било за конкурсот за мостот кој ќе води од плоштад до зградата на Архивот (и Музејот, и Судот...), а на тој конкурс веќе е решено дека ќе се гради тој мостот око.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Случајно наидов на информацијата каде пишуваше "Македонија" и "пешачки мост" па затоа (не за проектот, пошто сум лаик туку за дизајнерите) чисто ме интересираше дали е точна и дали истото ќе се гради.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
--- надополнето ---

Е вака сега...

Ченто е бел, затоа што е изработен од бел мермер, камен со карактеристика на полупорозност - впива одредено количество на влага, притоа менувајќи ја бојата од бела до темно-кремаста. Позитивната работа, кај овој материјал (затоа и се користи за скулптури) е тоа што со менувањето на бојата, контурите на делото стануваат појасни и подобро отцртани, и самото дело повпечатливо и полесно приемливо за око. Сепак, ова е материјал кој, одкако ќе прими одредено количество на влага во себе, останатиот дел го задржува на самата површина, со што се затемнува и се добива впечаток дека каменот е „исфлекан“. Од таа причина, бара повремено одржување и чистење на површинскиот слој. Пример за тоа е катедралата Дуомо во Милано, Италија, изработена од мермер од слично потекло и карактеристики. Поради големината на тој објект, одржувањето се одвива непрекинато и во фази, така да во секој момент може да се забележи разликата на делот кој е исчистен и освежен, и контрастот со неисчистениот дел.

Цитро, скулптурата која ја имаш постирано е дело на зрелата (касната) ренесанса, и е изработена од бронза. Зелената боја, е патината која ја добива бронзата во допир со атмосферска влага и кислород, односно оксидиран површински слој.

ФилипМакедон, мислам дека колонадата е позади овој објект, и претставува некакво партерно уредување на преостанатиот простор, меѓу објектите. Убаво си постирал, колонада (од колон - грч. столб) е редица од столбови, која првпат почнува да се користи како обележување на тремовите на објектите кои ги затворале античките агори. Како и да е, мислам дека ова е објектот на Финансиската полиција, според она што јас можев да го забележам од презентациите.

http://www.crabstudio.co.uk/
Не знам колку ми се допаѓа идејата, а и нема да коментирам за тоа. Ама конструкцијата, алал вера да им е! Макар што, ова нема да се реализира, бидејќи веројатно било за конкурсот за мостот кој ќе води од плоштад до зградата на Архивот (и Музејот, и Судот...), а на тој конкурс веќе е решено дека ќе се гради тој мостот око.
Taквата боја највише ми се допаѓа, временски колку од прилика би требало скулптурата даоксидира да фати такво боиче, да не знаеш :)
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
--- надополнето ---



Taквата боја највише ми се допаѓа, временски колку од прилика би требало скулптурата даоксидира да фати такво боиче, да не знаеш :)
За бронзената патина прашуваш? Тешко е да се каже дефинирана бројка. Тоа што позеленува во бронзата, е всушност оксидацијата на бакарот (Cu), кој е составен дел на оваа легура:

На почеток, атомите на бакарот реагираат со воздухот, и создаваат розов оксид, наречен куприт (Cu2O). Тој постепено продолжува со оксидација и доаѓа до стадиум на црн бакарен оксид, наречен тенорит (CuO, со два слободни јони) - истовремено, се формира и црн бакарен сулфид (CuS). Во присуство на влага, црниот слој активира спора реакција со сулфур диоксидот и јаглерод диоксидот (кои се наоѓаат во воздухот), и тек тогаш почнува да се оформува патината. Таа е всушност мешавина од три минерали: брокантит (бакар сулфат хидрооксид), малахит (бакар карбонат) и азурит (бакар карбонат хидрооксид - најзастапен и најдоминантен).

Времето на овој ланец на реакции е големо, а зависи од атмосферските услови - најмногу од влажноста и загаденоста на воздухот.
 

Gunner4ever

Vive la France
Член од
14 ноември 2009
Мислења
663
Поени од реакции
130
Koa ste veke kaj Cento prvicniot skulptor koj go dobil konkursot( Ivanovski Aleksandar Karadare) sakal da bide vo bronza posto polesno se odrzuva(t.e ne se ni odrzuva ostaja i ke stoi), dodeka mermerot so tek na vreme dve do tri god ke potemne ama nekoi sakale toj da bide vo mermer, toj se otkazal i sega negovite dela vo gradskiot park da se unistat proradi negovo ne soglasuvanje? CCC do kaj otide drzavata lele bruka ama toa ti e parite se na narodot pa ic nemaat griza dali ke ja unistat, narodot ja plaka.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Уништувањето на статуетката во парк е само доказ што ѓубре од народ сме.Ги потрошија што ги потрошија парите,приказната е завршена,нема потреба да ги уништуваме сега.Срамота.
 

Gunner4ever

Vive la France
Член од
14 ноември 2009
Мислења
663
Поени од реакции
130
Ja kolku sto ja gledav na a1 storijata svativ edno, edno 80 posto sum siguren deka e segasnata vlast, posto avtorot na cento se otkazal od cento a toa sigurno nekoj povredil od "gornive"( mozda i e gruevski posto se odi preku nego) pa sea da mu se svetat gi unistuvaat negovite dela

--- надополнето ---

a sea procitev ko bozem ke praele nekoja komisija da ja procenat stetata i a kolku moze da se vidi ova i moze da se popravi, a oni sto posto nema da dozvolat i ke naredat da se trgne veruvajte mi
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Ja kolku sto ja gledav na a1 storijata svativ edno, edno 80 posto sum siguren deka e segasnata vlast, posto avtorot na cento se otkazal od cento a toa sigurno nekoj povredil od "gornive"( mozda i e gruevski posto se odi preku nego) pa sea da mu se svetat gi unistuvaat negovite dela
Да, да... Сигурно Груевски го шкрташе Гоце во парк, и уште мал милион споменици низ градов. До културата на народот е, истите тие што крадат шахти од улици и шини од пруги, ги исекле рацете од статуата. Барај ги во одпад.

Да сакаше Груевски да ја нема таа статуа ќе ја снемаше цела, а не само рацете, ќе измислеше нешто противзаконско и ќе ја снемаше истата.
А1 ствара теории на заговор за глупости.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom