Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

Z

zmej gorjanin

Гостин
Брат ако се гради нека се гради нешто салам, не да се враќаме у 16-17 век... И во Струмица ќе се реконструира плоштадот, али нема такви споменици и коцки и слични срања, туку се иде на нешто поново и помодерно, ова у Скопје е булшит.

Еве во Струмица какво ќе биде, а градењето почнува после карневалите
Има политичка порака пошто е пред изборите, немам видено само од проектот...
Искрено јас не гледам на кој начин ова може да се нарече асална архитектура, барем јас не можам да ја наречам според некои мои критериуми макар и лаички. На клипов освен што имаше коцки згради и плоштад плочка не видов ништо посебно, ако ова е футуристичка архитектура алал вера.
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Брат ако се гради нека се гради нешто салам, не да се враќаме у 16-17 век... И во Струмица ќе се реконструира плоштадот, али нема такви споменици и коцки и слични срања, туку се иде на нешто поново и помодерно, ова у Скопје е булшит.

Еве во Струмица какво ќе биде, а градењето почнува после карневалите
Има политичка порака пошто е пред изборите, немам видено само од проектот...
па не знаев дека од Струмица доаѓаат палмите:toe:
но освен подземен премин и реновирање на плоштадот(и игралиштата) не видов нешто ново,но сепак убава замисла се надевам дека ќе се реализира
 
Г

Грејвдигер

Гостин
@/gone/87
Палми има низ булеварот има многу одамна... Ренвирање се прави само на плоштадот, тоа игралиштата се во гимназијата, а чисто сумњам дека влегуват во проектот...

@wannabe happy
За разлика од Скопје и моменталниот центар во Струмица, овој што ќе почне да се гради после карневалот е топ... Али да не забегуваме, темата е за Скопје.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Не знам дали Кире ќе дозволи овде да прашам (пошто е спомената Струмица)
а сега видов нешто од можните промени во Струмица, но не ги знам постоечките објекти напамет па...
дали може накратко струмичани да кажат што се би се променило со новиот план (проширување на улици, нов/и објект/и или слично) за овој град?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И јас сакав да прашам дали има слични планови и за други градови,освен овие два?
Би сакала да ги видам,ако ги има :smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
И јас се прашував дали и каде се гради или се планира. Од она што прочепкав

- Во Битола се планира/поставува споменик на Филип Втори (инфо од 2008, дали е поставен не знам)

- Во Автокоманда -Скопје се планира плоштад на општината (ај погодете го името :) секое камче македонско ќе му го носи името) Филип Втори (податок од 2008)

- Во Прилеп Итар Пејо
Споменик и плоштад на „Итар Пејо“ во срцето на старата чаршија


- Куманово Батко Ѓоргија



- да го додадам плоштадот Илирија во Тетово кој според проектот останал недовршен


А овде сме Македонија и пошироко во мало па може некој да се осврне и на другите градови :smir:

Грејвдигер напиша:
Тоа е од општината, од владата некои споменици и слични ствари нема најавено, а не ми ни требат...
Хаа, вам Грејвдигер за да минете низ плоштадот хеликоптери нема да ви требаат :)
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Во Струмица освен плоштадот оваа година нема ништо друго да се работи, тоа ќе одземе цела година и големиот дел од буџетот е испланиран само за плоштадот, нешто друго ќе се работи во случај да дојде до некој дефект или нешто слично во градот па да се интервенира таму...

Во Банско (Струмица) ќе се гради СПА центар (незнам точно кога) и тоа е се што знам...

Тоа е од општината, од владата некои споменици и слични ствари нема најавено, а не ми ни требат...
 
Член од
21 август 2008
Мислења
376
Поени од реакции
27
И јас сакав да прашам дали има слични планови и за други градови,освен овие два?
Би сакала да ги видам,ако ги има :smir:
Како не мислиш ние покусо ќе останеме?
Еве некои од работите предвидени за во Прилеп

Споменичиот комплекс ,,карпалак,,



Монументално плато кај ,,слонот,,



Стаклена пирамида со планетариум

 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Во Струмица освен плоштадот оваа година нема ништо друго да се работи, тоа ќе одземе цела година и големиот дел од буџетот е испланиран само за плоштадот, нешто друго ќе се работи во случај да дојде до некој дефект или нешто слично во градот па да се интервенира таму...

Во Банско (Струмица) ќе се гради СПА центар (незнам точно кога) и тоа е се што знам...

Тоа е од општината, од владата некои споменици и слични ствари нема најавено, а не ми ни требат...
толку се срамиш од сопствената историја???
зашто да не се направи споменик за струмичките студенти Мирко Пецев, Стево Топчев, Борис Белев, Ѓорѓи Костуранов и Ѓорѓи Јармов??????
 
Г

Грејвдигер

Гостин
толку се срамиш од сопствената историја???
зашто да не се направи споменик за струмичките студенти Мирко Пецев, Стево Топчев, Борис Белев, Ѓорѓи Костуранов и Ѓорѓи Јармов??????
Има мал споменик во малиот парк кај собранието, не се срамам ниту сум против, али НЕ НА ПЛОШТАДОТ! понастрана од таму...
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Има мал споменик во малиот парк кај собранието, не се срамам ниту сум против, али НЕ НА ПЛОШТАДОТ! понастрана од таму...
можеби плоштадот го чувате за во иднина да се изградат споменици на Заев,Бонева,Црвенкоски,Груевски,Георгиски,Глигоров, говедата кои за само 20 годи независност успеаа да не доведат до сиромаштија...
и ако не си знаел секаде низ светото низ плоштадите и парковите се прават споменици на херои,борци,уметници т.е. на СЕКОЈА ЛИЧНОСТ КОЈА ДОПРИНЕЛА ЗА СВОЈАТА ТАТКОВИНА.....но тоа е СВЕТОТ а ние сме Македонија нели..:smir:
 
Г

Грејвдигер

Гостин
За споменици на политичари па ич да не правиме муабет, иако Заев ја има мојата поддршка... А доволно споменици има кај нас во паркот, во светот тие споменици низ плоштадите се направени од кога е граден и плоштадот, а не сега...
 
M

marsovka

Гостин
Ајде на здравје, Скопје



За изградбата на новите објекти и споменици во центарот на Скопје власта ќе потроши народни пари доволни за изградба на трамвајска мрежа и на градските автопати, кои се од извонредно значење за граѓаните на метрополата. Грубите пресметки покажуваат дека за изградбата на десетината објекти, споменици и за обновата на фасадите околу плоштадот Македонија ќе бидат потрошени 200 милиони евра.

Процените на инженерите и градителите, давани со години се дека 100 милиони евра ќе бидат потребни за да се изгради примарната сообраќајна мрежа, без која во 2020 година не само потесниот, туку и поширокиот центар ќе доживее тотален сообраќаен колапс. Толку пари би биле доволни и да се изгради поголем дел од планираната трамвајска мрежа, а ова се два значајни инфраструктурни проекта, кои реално ќе ја зголемат функционалноста на градот и ќе ги подобрат стандардот и секојдневното живеење на скопјани.

Забетонирани 200 милиони евра

Според информациите од Министерството за култура, кое учествува во дел од проектите за разубавување на центарот, за објектите што тие ги градат досега потрошиле 17,5 милиони евра, односно последниве три буџетски години 5,5 милиони евра се потрошени за обнова на Стариот театар, два милиона евра за изградба на Музејот на македонската револуционерна борба и 10 милиони евра за досегашната изградба на Филхармонијата. Се очекува дека за довршувањето и за внатрешното уредување на овие три објекти ќе бидат потребни барем уште 20 милиони евра. Изградбата на Уставен суд ќе чини 25 милиони евра, а на објектот на МНР - 13 милиони евра. Владата ќе гради уште два објекта на левиот брег, за Агенцијата за електронски комуникации и канонада од столбови, а двата хотела на плоштадот ќе ги гради приватен инвеститор. За надградба на Собранието со уште еден кат и три стаклени куполи ќе отидат 10 милиони евра.

За леење на спомениците досега Владата потроши 17 милиони евра, а во парите не се пресметани трошоците за постаментите. Овие 17 милиони се за спомениците на Александар Македонски, Даме Груев, Гоце Делчев, Никола Карев, цар Самуил, Јустинијан, Ченто и за четирите лава, а се' уште не е познато колку ќе чинат другите предвидени споменици, како обелискот во Паркот на жената-борец, гемиџиите, просветителите, Карпош и другите што беа презентирани. За изградба на мостот „Око“ се предвидени 1,5 милион евра, а за поставување на скулптури на неговата ограда Општина Центар ќе потроши 600.000 евра. Се очекува дека и Мостот на уметноста ќе има слична цена сосе скулптурите, околу 2 милиона евра. Не е познато колку ќе чини изработката на триумфалната капија, изградбата на фонтаната на плоштадот, обновата на фасадите. Но, грубите пресметки покажуваат дека за изградбата на објектите на плоштадот ќе бидат потрошени 200 милиони евра народни пари, а во оваа сума не се влезени изградбата на црквата „Свети Констатин и Елена“, чиј инвеститор ќе биде МПЦ, и трите хотела на плоштадот.

Според Општината Центар парите за реализацијата на проектите не се големи во споредба со користа што ќе ја има градот.

- Парите искористени за изградба на објекти и споменици изнесуваат 0,037 проценти од буџетот за 2007 година, 0,27 проценти од буџетот за 2008 година и 0,58 проценти од буџетот за 2009 година. За годинава за реализација на овие проекти се предвидени 0,5 отсто од буџетот, а сличен обем ќе биде инвестиран и во наредните години - велат во Општина Центар.

Нереален третман на реални проблеми

Не стивнуваат реакциите по презентацијата на новиот изглед на Скопје во 2014 година, кои ги преплавија интернет-форумите, страниците за дружење и блоговите. Позитивните коментари се движат главно во насока дека Скопје конечно ќе добие оформен плоштад и доизграден центар по примерот на европските метрополи, а негативните критики најмногу се однесуваат на естетската вредност на објектите, на неразумното трошење на парите, на пренатрупаноста на центарот, на скратената можност пред светот да излеземе со наша автентична архитектура наместо со копии итн.

- Не може мене некој Скопје да ми го направи град од кој ќе се срамам! Да не зборуваме што ниедна од овие згради не носи никаква продуктивност и не го олеснува живеењето на граѓаните. Како ова би придонело за подобар живот? Незамисливо и недопустливо е парите да се фрлаат на вакви работи при ситуација кога во Скопје нема јавен превоз, а градот се задуши во сообраќај. Зборуваме за десетици згради, мостови, фонтани и споменици, кои чинат неколку стотици милиони евра! - коментира *Андреј_Љ. на специјализираниот интернет-форум за градежништво и урбанизам *буилд.цом.мк.

Неговиот соговорник Архитектон додава дека тоа што подземните сообраќајници и трамвајот не нашле место во видеопрезентацијата, а има место за двокатниот автобус е трагедија сама по себе, што укажува на третманот што го има власта кон реалните проблеми во градот.

- Сакам да додадам дека е особено интересно што вакво извонредно видео, кое бара многу време за изработка, се лансира нецела недела по усвојувањето на последните измени на Детаљниот план за Малиот ринг. Значи, видеото ги има сите градежни маркички од последните измени, со разработени објекти во рамките на тие маркички. Или имаме ѕверови аниматори или некој веќе конечно треба јавно да каже дека се укинуваат урбанизмот и архитектурата - пишува тој.

И граѓаните што ги анкетиравме на плоштадот се незадоволни од енормното трошење народни пари.

- Да бидам искрен, ми се допаѓаат сите градби што ги предвидува Владата. Но, имам морална дилема, а тоа е кога гледам на телевизија дека луѓето немаат греење во болниците, кога за децата немаат место по градинките, кога пензионерите немаат пари ниту бонбонче да купат за внуците. За жал, нашата Влада не го гледа тоа - вели пензионерот Михајло Мишев.

Студентката Рада Стојановска смета дека граѓаните од другите делови на Македонија треба да се побунат, зашто се' се вложува во Скопје, а во другите градови, особено во источниот дел на земјава, има цели гратчиња без улици, вода, канализација.

- Потекнувам од едно гратче и искрено мака ми е да гледам како во Скопје никнува и се гради на големо, а моите блиски со години немаат работа. Одат во Грција амали да бидат, берат по плантажите или ги чистат апартманите по грчките летувалишта. Спомениците им ги наполнија џебовите само на уметниците, но со парите од сиромасите. Оваа држава не е социјална, не знам каква е - вели Стојановка.

Нов дух на просторот

Општина Центар, која изминатиов период служи како портпарол на проектите на Владата за Скопје, вели дека придобивките од овие проекти се нов имиџ на главниот град, физиономија карактеристична за европските цивилизации и квалитативни синоними за препознатливост.

- Во секој главен град централното подрачје изобилува со културно-историски споменици кои го епитетираат државно-правниот развој и етаблирањето на мапата на државите. Центарот и содржините кои ќе бидат конципирани во него ќе бидат синоним за распознавање на Скопје во светот. Најголем дел од туристите од странство ќе ги овековечуваат своите посети фотографирајќи се токму пред содржините во центарот. Со тоа, од друга страна, се обезбедува зголемување на интензитетот и фреквенцијата на туристи во центарот на градот - се вели во матетеријалите кои меѓу другото беа поделени од страна на Општина Центар за време на презентацијата на новиот изглед на Скопје.

Покрај ова, според Општината, придобивка е и обновувањето на голем дел од содржините кои од различни историски или природни причини биле уништени во различни историски фази, со што во исто време се врши и облагородување на центарот и комплетно пополнување на плоштадот.

- Тоа е израз на конструктивната и сериозна урбанистичка мисла. Скопје, засега е единствениот главен град во Европа во кој централното градско подрачје не е комплетно заокружено и пополнето. Новите објекти даваат нов дух и амбиент на просторот, со што на позитивен начин се подобрува перцепцијата за центарот, и општо перцепцијата за Скопје и Македонија - потенцираат општинските власти.

Во нивните поенти со кои го оправдуваат проектот се вели

дека се решава и горливиот проблем за соодветен работен простор за голем број државни институции.

- Досега голем број од државните институции немаа сопствени објекти и простории. Тоа предизвикуваше финансиски импликации. Во моментов за сите државни институции за кои се плаќа кирија, од Буџетот се издвојуваат околу 1,5 милион евра годишно - образлагаат од Општината Центар.

Оттаму сметаат дека со проектот „Скопје 2014 година“ значително би се зголемиле прометот и економската добивка за големиот број локали кои се наоѓаат во строгиот центар, а ќе се создадат и услови за отворање нови работни места.

Според општинските власти, се пополнува една значајна историска празнина во развојот на културно-уметничката и културно-урбанистичката мисла во Македонија.

- Во Скопје е скокната една голема историско-урбанистичка фаза, во која се чувствува отсуство на градби карактеристични за тој период на европската цивилизација. Сме биле под Отоманската Империја и под влијание на таа култура која има свои квалитети што ги почитуваме, но треба да го дополниме со изгубениот период, да направиме симбиоза од стилови. Во времето на Југославија, Скопје не бил приоритет при градбите, како што биле Белград или Загреб. Дополнително со земјотресот се уништија сите содржини што беа синоними за распознавање на градот. Во светот и денес се градат градби во овие стилови, зошто да не се градат и во Македонија.

(екипа на Дневник)

Со месеци без плоштадот

Од Општина Центар велат дека прават подготовки за дислокација на подземната инфраструктура за потребите за изградба на фонтаната на плоштадот Македонија. Тие не прецизираат колку пари ќе потрошат за овој зафат.

- За три месеци треба да заврши дислокацијата на подземната инфраструктура, а плоштадот ќе биде заграден се' додека се завршат сите градежни работи - велат во Општина центар.

Фонтаната ќе се гради цела година, а лизгалиштето на плоштадот ќе остане до април, што значи дека скопјани со месеци ќе останат без централното шеталиште.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6BB02CFCFC29D047987801E9203E3D51
:не заебавај:

Овие не се со сите градот ќе колабира од сообраќај они се фатиле склуптури да градат што е следно наместо колектор за преработка и собирање на отпадни води ќе изградат лизгалиште на кое ќе се лизгаат луѓето 24/7
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.356
Поени од реакции
8.459
Незнам што да му речам на овие соросоидите абе љуѓе вие сте нормалани или не ?......
како можи да не сакаат да се прави градот па досега единствено само плоштадот го правеја и преправуваа сите власти сега овие ќе ви прават нешто вие не сакате па уште реферндум па нели некој прашања не заслужуаат одговор односно тие не сакаат да има рефендум за името а за плоштадот сакаат :tapp: а за парите па тие пари одат во доброто за сите за век и векова ќе ви останат градбите до сега сте немале ништо и парите што биле се трошеле за глупости од кои никој не видел ама баш ништо :kesa:
Единствено мие криво што ова не го прават во Битола а го прават кај вас а вие го неќите кај нас да го понудат со двете раце ќе го приватиме и никој нема да протестира :salut:
ps.марсовака ако беше на протестите денес едно пршање дали ти платија и колку ?ако сакаш да одговориш а ако не ти платија :tapp:
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
За споменици на политичари па ич да не правиме муабет, иако Заев ја има мојата поддршка... А доволно споменици има кај нас во паркот, во светот тие споменици низ плоштадите се направени од кога е граден и плоштадот, а не сега...
тие што граделе некогаш,кај нас е сега..еднаш мора да се почне,за да идните генерации го зборуваат истото што ти го зборуваш сега,за другите што граделе некогаш..


треба сите ние да се гордеме со тоа што ќе се гради,не е важно која партија е на власт..ако веќе ги снема парите тогаш нека се изгради барем нешто,а не како во последните 20 години,парите ги снема но ништо не се изгради..само направиле една голема грешка,требало спомениците да ги нарачат во уште поголеми димензии...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom