Парк посветен на Тоше Проески

  • Креатор на темата Креатор на темата bballfan
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Огромна скулптура на Тоше, вештачки езера, прекрасни плоштади - вака ќе изгледа паркот посветен на Тоше Проески кој ќе се гради во скопската населба Ново Лисиче.
Низ целиот простор ќе доминираат столбови без покрив, кои според трудот на архитектот Филип Богатинов треба да го симболизираат прерано згаснатиот живот на Тоше.
„На централниот плоштад се наоѓаат 26 столба коишто го симболизираат бројот на годините што ги имаше Тодор Проески, пред којшто ќе се наоѓа еден ѕид од кој ќе тече вода и на којшто, според мојата идеја, треба да бидат испишани сите негови текстови“, изјави Филип Богатинов, архитект.
Идејата на Филип едногласно победи на конкурсот за изработка на тематски парк за Тоше, распишан од општина Аеродром.
Почетокот на изградбата тематскиот парк посветен на Тоше ќе почне со изградба на фонтана. Комплексот ќе се простре на една огромна површина на детската улица која сега се вика улица „Тоше Проески“, а тука некаде ќе се наоѓа и централниот плоштад на кој ќе има монументална скулптура на Тоше Проески.


tose-ulici-nlisice2.jpg
tose-ulici-nlisice.jpg




Граѓаните велат дека се задоволни од проектот.
„Треба да се гради, а што ќе добиеме, поубаво ќе биде. Убава е идејата, нема каде народот да шета“, рекоа граѓаните.
Од општината Аеродром сепак се уште не знаат кога луѓето ќе уживаат во паркот посветен на Тоше.
„Не можеме да кажеме точно за година-две-три, меѓутоа знаеме дека постапката е веќе почната“, рече Милена Бошковска, односи со јавност на општина Аеродром.
Претседателот на Комисијата која го избра проектот, трудот го споредил со њујоршкиот Централ Парк.
________________


Конечно нешто добро и во Ново Лисиче да се изгради.. мислам да се надеваме ке се изгради...:helou:
 
јас подржувам се што ќе се изгради во спомен за ТОШЕ, тоа е најмалку што можеме да направиме за него
само нека се реализираат работите навистина , не само да се ветуваат:love3:
 

Attachments

  • tose angel.jpg
    tose angel.jpg
    14,2 KB · Прегледи: 3
Јас сум од Ново Лисиче,и фала богу нешто да се изгради и кај нас,имаме само 2 игралишта и толку само,имаме толку многу паркови што се неискористени,како што гледам на сликиве ќе биде добро би требало некаде да биде во близина на Булеварот и Полициската Станица тука има неискористен простор или до училиштето Лазо Ангеловски,и да се надеваме дека ќе напраат фонтана на ова место(да тече вода) имаме многу фонтани а не работат да се надеваме дека ќе има па да се напиеме вода
 
Браво за Аеродром, а еве го и видеото од А1, интересно изгледа.
 
сега го видов виедеото што го стави Јован ќе биде плоштадот во центар на Ново Лисиче не како што мислев во мислењето погоре сепак одлична идеја е ова барем ќе имаме каде да шетаме вака имаме само една улица долга 1.5км и толку,ај да видиме што ќе напраат
 
Ми се свиѓа идејата и како е замислен целиот проект, а посебно што е посветен на Тоше.
 
браво за идејата
ваљда на некој и у кисела вода ќе му текне да напраи нешто вакво,нешто да не потсетува на ТОШЕ
 
Се е убаво што е посветено на една легенда
Да има една голема склуптура или плакат со неговиот лик, а тие 26 столбови незнам колку долго ке останат убави и заштетени од графити:uvo:
Интересно би било да има и ѕид каде фановите ке пишуваат пораки за него..но доволно е и ова

Само незнам колку ке можат луѓето да уживаат на ова место:(
 
Се што е поврзано со Тоше е убаво :smir:
Поддржувам ова...
 
Паркот на Тоше ќе личи на Централ парк

Два тркалезни плоштада, фонтана и повеќе содржини со симболично значење ќе го красат ова место, кое се уредува во чест на македонската легенда. Улицата посветена на Тоше Проески во скопската населба Ново лисиче ќе биде уредена како њујоршкиот Централ парк. Тоа е идејно архитектонско решение на Филип Богатинов, според чија замисла ќе има два тркалезни плоштада.

Главна поента во решението претставува главниот плоштад, кој е поставен централно и ја поврзува пешачката улица. На тоа место се предвидени повеќе содржини, кои ќе го симболизираат прерано завршениот живот на Тоше, како и четирите столбови, кои ги симболизираат членовите на бендот на Тоше.

Градоначалникот на општина Аеродром, Кирил Тодоровски, неодамна свечено ги врачи решенијата за наградите од конкурсот за изработка на идејно-архитектонско решение. Освен првата награда од 150.000 денари, која му припадна на Филип Богатинов, втора награда и 90.000 денари доби Снежана Клинчарова, а со трета награда и износ од 60.000 денари беше награден трудот на Марија Павловиќ - Латас и Бранкица Голев.

- Тоше беше и остана идол на младите во цела Македонија, но и на Балканот. Нашата општина е една од најмладите и според времето на своето формирање и според составот на нејзината популација, па затоа и најмногуи прилега да има уреден простор каде што младите ќе го одржуваат споменот за ликот и делото на Тоше. Токму за таа цел идеален простор е до неодамна познатата Детска улица, која сега го носи името на Тоше Проески – изјави градоначалникот на Општината Аеродром, Кирил Тодоровски.

71E92C32D463E24788A405E36C237EF5.jpg
Реализацијата на проектот во чест на Тоше, според планот, ќе почне со изградбата на фонтана.
Инаку, на 25 јануари, на денот на раѓањето на пејачот, во Скопје ќе се одржи и свечена промоција на неговиот последен албум The hardest thing, со англиски песни, а на 12 февруари е закажана и премиерата на филмот, направен по идеја на неговата менаџерка, Лилјана Петровиќ.

План на паркот:

Паркот на Тоше ќе содржи амфитеатар, вештачко езеро, патека за велосипедисти и патека за возење ролери, како и тениски, кошаркарски терени и терен за одбојка, игралиште за деца и скулптура на Тоше Проески.

 
вчера некој отвори иста ваква тема
 
ДА?? Ај сеа ќе проверам...
 
Да јас отворив иста тема на друго место,незнаев дали тука или таму да ја стаам ... Нема везе..
Нека се изгради само..што побрзо.
 
Стварно и јас сум за тоа....таман тука блиску ми е...ќе можам секој ден да си одам...исто ете убаво ќе биде и звучници да се наместат па и песните од Тоше да се пуштаат.
 
Стварно и јас сум за тоа....таман тука блиску ми е...ќе можам секој ден да си одам...исто ете убаво ќе биде и звучници да се наместат па и песните од Тоше да се пуштаат.

Мене ми е на 50 метара :helou:... така да..ТОП КЕ БИДЕ,кога ке го направат :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom