манипулациите не се само таму туку и ваму, срамота е некогашниот број 2 водовод во Европа сега да се наоѓа во ваква ситуација реално гледано и мене не ми е јасно кај завршуваат парите ама најверојатно нечие конто значително е зголемено последниве 5-10 години
Па затоа и ја отворив оваа политичка тема,факт е дека Прилепчани имаат иако делумно вода од Студенчица за која локалната власт плаќа по максимум по 2 денари од кубик ама граба од народот дури и со судски извршители по 60 денари од кубик.Значи имаме класичен облик на присилна наплата на пари со помош на таканаречено “независно“ судство за основен продукт ВОДА која треба да биде од секого и за секого и по најниски цени доколку ја има,а факт е дека ја има.
Во голем дел Скадинавски земји водата е бесплатна,се плаќа само топлата вода доколку се троши енергија за нејзино затоплување.Во Македонија голем дел од политичките партии се финансираат преку енормно зголемени цени на водата и другите комунални давачки.Ова не е само случај во Прилеп ебаго,сигурно го има и на други места.
Судовите не му обезбедуваат на сопствените граѓани основно право за минимум бесплатна вода според меѓународните конвенции,туку тие се директно инволвирани преку присилна наплата од граѓаните да издејствуваат енормни пари од кој се финансираат политички ограноци и штабови.Најтипичен и флагрантен облик за такво инволвирање имаме во Прилеп,па затоа решив малку да продискутираме на таа тема.
Кон ова погоре би го додал и следново:
Поради намалена штедрост на „Студенчица“ во Прилеп во повисоките места дури и по 20 часа нема вода. Граѓаните реагираат и бараат да им се обезбеди вода, а од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека ако не се добијат дополнителни количества од „Студенчица“ ќе бидат принудени на рестрикции, бидејќи потребите на градот со вода не се исполнуваат ни со дополнителните количества од бунарите.
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=217&ArticleID=10044