VOLK2234
еврофоб и хомоскептик
- Член од
- 16 септември 2008
- Мислења
- 5.517
- Поени од реакции
- 4.387
Бугарија симболично е прикажана како примитивен нужник на мозаик кој е дел од изложба што чешката влада ја подготвува во чест на нејзиното шестмесечно претседавање со Европската унија.
Мозаикот, кој официјално требаше да биде претставен утре в Брисел, го изработил контроверзниот чешки уметник Дејвид Черни, кој денеска призна дека ја измамил чешката влада.
„Во договорот со уметникот јасно стои дека изложбата треба да биде заеднички проект на уметници од 27. земји членки на ЕУ“, изјави чешкиот заменик премиер Александар Вондра, најавувајќи санкции за уметникот.
Черни, во меѓувреме призна дека ја изработил изложбата со двајца свои другари, а имињата на останатите уметници свесно ги измислил.
„Знаевме дека ќе се дознае вистината. Но, сакавме да откриеме дали Европа може да се насмее самата на себе“, изјави Черни, кој е познат и по тоа што на почетокот на 90-те години, обои советски тенк во розова боја.
На мозаикот наречен Ентропа,
Франција е претставена како штрајк,
Романија како забавен парк посветен на Дракула,
Холандија како поплавена земја од која навираат минариња, а
Велика Британија, која се смета за една од најголемите евроскептици, воопшто ја нема.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=102992