delboy
кршач на огледала
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 1.358
- Поени од реакции
- 24
Рејтинг: Груевски - 31, Црвенковски 7 проценти
)
13.01.2009 13:22
На два месецa пред локалните и претседателските избори ВМРО-ДПМНЕ има најголем рејтинг меѓу политичките партии. За владејачката партија би гласале 38 проценти граѓаните, покажува анкета што ја спроведе Американскиот републикански институт - ИРИ од 16 до 20 декември минатата година врз 1.108 испитаници.
Зад ВМРО-ДПМНЕ е нејзиниот коалициски партнер од албанскиот блок ДУИ со 11 проценти. За СДСМ би гласале девет проценти од македонските граѓани, за партијата Нова демократија три проценти, за ДПА два, а за ДОМ и НСДП по еден процент од испитаниците. Два процента од анкетираните би гласале за други партии, а 18 проценти се уште се неопределени.
Најголем рејтинг меѓу политичарите има актуелнио лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски - 31 процент, втор на листата е Али Ахмети со осум проценти, а по него актуелниот шеф на државата Бранко Црвенковски со седум проценти.
По три проценти од испитаниците би се определиле за претседателот на Нова демократија Имер Селмани, за Љубе Бошкоски и за в.д. лидерот на СДСМ Зоран Заев.
За Срѓан Керим, Арбен Џафери и Киро Глигоров се изјасниле по два процента од анкетираните.
Најголем дел од испитаниците сметаат дека Никола Груевски треба повторно да биде избран за премиер - 61 процент, додека негативно се изјасниле 25 отсто од испитаниците.
Граѓаните на Македонија, според оваа анкета на ИРИ, повторно даваат висока поддршка за членството во ЕУ и во НАТО. За членство во Алијансата се 89, а за Европската унија 92 проценти од испитаниците.
Весело весело .....Е сеа на еден друг топик прочитав за заеднички кандидат (Срѓан Керим) за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.Дали оваа понуда пристигнува баш поради фактот што СДСМ гледаат дека некако не им оди со рејтинзиве