Меѓународна кризна група: Прифатете "Република Северна Македонија"

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Brat aj ne zaebaaj...ti barem imas kaj da se vratis,...koga ke ti "zdodee" eksploatacijata i robovskata rabota :)......,a sto da kazat tie vo VIZNOTO GETO....koi nemaat ni rabota, a ako ja imaat so platata edvaj smetki da plakjaat , a kamo li krediti, da ne zborime za kazni ........kaj tie da se kerdosaat?????
Sekoj den pak nekoj gi maltretira so izbori, gubenje na drzava, istoriski odluki ............kaj tie da se kerdosaat?????
Onaka obeseni na Evropskata zelezna ograda ...mozat da ti pluknat pod EU pendzereto i ti zaviduvaat :You lucky, lucky bastard.....:vozbud:
Јас сум отиден на студирање, а не бегање од Македонија.

А условите ми се такви да морам да работам за да си платам и ќирија, и храна и презвоз и кредит. И не се жалам кога го спомнувам ова, туку ги воочувам нештата какви што се.

Во што сум понапред од оној кој што живее во Македонија?

Ако било кој е способен и сака да работи, никој не му стои на патот, ни во Македонија ни во ЕУ.

Нека направат муабет со еден просечен Полјак, како живее, нека направат муабет со еден земјоделец или пензионер, да им каже како преживуваат.

По влезот во ЕУ на Полска и беше забрането домашното производство на млеко, наеднаш стануваат увозници на продукт кој самите го произведуваа.
Поради ЕУ планирањето на насади со култури, лани останаа со 80% помала производство на компир. Па мораа да увезуваат по поскапа цена.

А во меѓувреме, добија само извинување од аналитичарите во Брисел, “извинете згрешивме во проценките„.

Т.е. еве подобра идеја, нека ги прашаат Грците, средната и долната класа како живеат. И онака они беа актуелни последно време со нередите.
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Многупати сум пишувал тука, сум зборел и секогаш сум излегувал ретрограден, незнам каков ли се не...анти-ЕУ, предавник и слично...
Нема врска. Предавници се оние кои сакат во НАТО и ЕУ :)
И пак ќе кажам:
Замислете сега, таква каква што ни е државата, влеземе во ЕУ...
Што ќе стане?
Економски не сме спремни...ќе се претвориме во колонија и извор на ефтина работна сила. Стандардот најверојатно ќе ни падне уште, и она малку што остана македонско ќе стане...европско...фирмите ќе ни пропаднат од конкуренцијата која ќе биде и поквалитетна а и поефтина...
Струмикс а ти мислеше дека доколку направиме компромис со грција, веднаш следниот месец ќе влеземе во ЕУ ?
Е сега, дали нашиве лидери сметаат на пари од ЕУ, тоа е веќе друго прашање...да не бидеме бетер и од Бугарија со фондовите...
Наше е да создадеме силна, пред се економски, држава, а потоа се би си дошло само по себе.
..
Точно. А имаш идеа како би го направиле тоа без јасно трасиран пат кон НАТО и ЕУ ?
Ова е суштинското прашање.
Па сега, размислете си уште еднаш дали треба да се откажеме самите од себе за да бидеме дел од ЕУ.
Јас прв ќе се откажам од подршката за НАТО и ЕУ, доколку барем еден политичар, барем еден интелектуалец, институција....што и да е, испадне со план за перспективна и напредна Македонија, надвор од Евроатланските интеграции, кој ќе се заснова на реални согледувања и анализи.

Имаш нешто слично слушнато во изминативе 18 години ?
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Јас сум отиден на студирање, а не бегање од Македонија.

Т.е. еве подобра идеја, нека ги прашаат Грците, средната и долната класа како живеат. И онака они беа актуелни последно време со нередите.
За бегање или не ќе збориме....подоцна...:)...незнам некој да се вратил...:vozbud:
Кога те чита вака човек да се расплаче...при здрава памет Македонија запнала да влезе во ТЕМНИЦАТА НА НАРОДИТЕ...:)
Не ми е само јасно што ова ЕУропевциве, па запнале да не не САКААТ, дубат бре и на трепки , измислуваат и глупости невидени, само да не не пуштат да ja одмениме Бугарија во функцијата ќенеф на ЕУ.:vozbud:
Или се мноогу ПОДУШЕВНИ одколку што ги знам, или некаде има некој " куршлус "
......и велиш Пољациве глупи до тука бидува...ни компир не си посадиле...не ги знам како такви...за пијани да, ама глупи НЕ...:)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
12
Поени од реакции
1
Dete ke ne primat vo EU i nato razberii. samo znaes li koga ke ne primat?
Koga na vlast ke ima nekoj sto stvarno saka da ne primat ne samo so zborovi, tuku i so dela. E sega druga rabota e ako ne sakas ti licno da ne primat toa e drugo, ili samo ti e isperen mozokot
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
@concrete

Ќе садиш тоа што ќе ти речат.

А според сите проценки се очекуваат најлошите 4 години тек да дојдат.

И интересот е колку “грла“ има твојот пазар. Полскиот со 40 или Бугарскиот со 5-6 се веќе предмет на интерес.
Плус другите геостратешки интереси.

Но ти си одвише интелегентен за да се бавиме со вакви “објаснувања“.
Башка си го поминал своето време, затоа доживеј си го по свое без да убедуваш друг како би требал да си го живее неговиот.
Ако не, понуди им работа и престој на 10 изгорени македончиња да дојдат во Аусбург, па пружи им шанса за боље живот.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Нема врска. Предавници се оние кои сакат во НАТО и ЕУ :)
Нека ме викаат како што сакаат, ич не ме интересира.
Струмикс а ти мислеше дека доколку направиме компромис со грција, веднаш следниот месец ќе влеземе во ЕУ ?
Не веднаш, повеќе си правев бајрам со умот во стил што-би-било-кога-би-било...
А, веќе стана јасно што е всушност проблемот со нас...т.е. нивниот проблем со нас.
Точно. А имаш идеа како би го направиле тоа без јасно трасиран пат кон НАТО и ЕУ ?
Патот одамна го трасиравме, се знае дека припаѓаме кон тие интеграции...АМА КАКО МАКЕДОНЦИ!
Јас немам намера да се самоукинувам, ни по која цена, па ниту да виткам кичма и да бидам понижен.
Туку...кој тоа во изминатите 18 год. поработи на економијата, освен систематското уништување на истата?
Ние закони носиме, шетаме за Брисел и назад, ја градиме куќата почнувајќи од кровот...
Економски силна држава немаше да ги трпи овие заебанции кои ги трпи Македонија сега.
Ова е суштинското прашање.
Јас прв ќе се откажам од подршката за НАТО и ЕУ, доколку барем еден политичар, барем еден интелектуалец, институција....што и да е, испадне со план за перспективна и напредна Македонија, надвор од Евроатланските интеграции, кој ќе се заснова на реални согледувања и анализи.
Имаш нешто слично слушнато во изминативе 18 години ?
Постои во Македонија јасно дефиниран став околу иднината на Македонија.
Но, со дволичноста и ороспилакот на ЕУ, а богами и НАТО, би требало некој сериозно да мисли и за евентуална алтернатива...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Нема врска. Предавници се оние кои сакат во НАТО и ЕУ :)
Струмикс а ти мислеше дека доколку направиме компромис со грција, веднаш следниот месец ќе влеземе во ЕУ ?
Точно. А имаш идеа како би го направиле тоа без јасно трасиран пат кон НАТО и ЕУ ?
Ова е суштинското прашање.
Јас прв ќе се откажам од подршката за НАТО и ЕУ, доколку барем еден политичар, барем еден интелектуалец, институција....што и да е, испадне со план за перспективна и напредна Македонија, надвор од Евроатланските интеграции, кој ќе се заснова на реални согледувања и анализи.

Имаш нешто слично слушнато во изминативе 18 години ?
Абе реален.. не му беше тоа муабетот....на Струмикс

Никој нема ништо против евро и нато интеграциите.....

Човекот сакаше да каже дека овде сите се запениле за еу и нато а во меѓувреме на домашен план не има фатено дебел повеќе годишен зимски сон, ко да ако влеземе таму преку ноќ се ќе се реши само од себе, видовме што се случи со земјите кои изнасилено и прерано влегоа во еу.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.335
Поени од реакции
18.208

Никој не вели дека треба да седиме со скрстени раце, најмалце јас, ниту пак сакам влез во ЕУ и НАТО со променето име.

Ама да ми кажува некој дека е лошо Македонија да влези во ЕУ, а пак посебно ако дотичниот е веќе сместен во ЕУ земја, е тогаш почнувам да повраќам од такво ЛИЦЕМЕРИЕ.

Инаку БРАТУ на едноставно прашање ШТО Е ТОЛКУ ПОЛОШО ВО ЕУ, ОД КОЛКУ ВО МАКЕДОНИЈА, објасни баш како што објасни Сара Пелин, кога ја прашаа за Економија. Почна да раскaжува за Soccer Moms и како се чувствуале загрижени кога оделе да ги гледаат своите деца кај што играат фудбал :vozbud:?!?

Типичен одговор за политичар кој го лажи својот народ!
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Не веднаш, повеќе си правев бајрам со умот во стил што-би-било-кога-би-било...
А, веќе стана јасно што е всушност проблемот со нас...т.е. нивниот проблем со нас.
Значи ако денес ги решиме сите пречки кои ни се на патот, не чека период од најмалку 7 години (во зависност од залагањето на гарнитурата која е на власт) за приспособување и конечен влез во ЕУ.
Тоа ми беше и поентата на твојата констатација. Муабетите каде брзаме со ваква држава....не држат вода.
Патот одамна го трасиравме, се знае дека припаѓаме кон тие интеграции...АМА КАКО МАКЕДОНЦИ!
Како Македонци да, за ова компромис нема. А искрено, мислиш ли дека некогаш ќе влеземе во таа Европска унија без договор со грција ?
Постои во Македонија јасно дефиниран став околу иднината на Македонија.
Но, со дволичноста и ороспилакот на ЕУ, а богами и НАТО, би требало некој сериозно да мисли и за евентуална алтернатива...
Проблемот сите го знаеме. Решението никаде го нема :toe:
Абе реален.. не му беше тоа муабетот....на Струмикс
Никој нема ништо против евро и нато интеграциите.....
Човекот сакаше да каже дека овде сите се запениле за еу и нато а во меѓувреме на домашен план не има фатено дебел повеќе годишен зимски сон, ко да ако влеземе таму преку ноќ се ќе се реши само од себе, видовме што се случи со земјите кои изнасилено и прерано влегоа во еу.
Токму на тоа и целев. И да не постои никаков политички проблем, преку ноќ не бива да скокнеме таму.

Затоа и постои одреден временски период за приспособување.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Na makedoncencinjata vo GETO-to im treba SLOBODA NA DVIZENJE, za EU-nificiranje ke vidat kako um odi ...malku podocna..
Ama toa kako veli Brat-ot ne e moja rabota... :) a iden "politicar" mora da se slusa... :vozbud:
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ама да ми кажува некој дека е лошо Македонија да влези во ЕУ, а пак посебно ако дотичниот е веќе сместен во ЕУ земја, е тогаш почнувам да повраќам од такво ЛИЦЕМЕРИЕ.

Инаку БРАТУ на едноставно прашање ШТО Е ТОЛКУ ПОЛОШО ВО ЕУ, ОД КОЛКУ ВО МАКЕДОНИЈА, објасни баш како што објасни Сара Пелин, кога ја прашаа за Економија. Почна да раскaжува за Soccer Moms и како се чувствуале загрижени кога оделе да ги гледаат своите деца кај што играат фудбал :vozbud:?!?

Типичен одговор за политичар кој го лажи својот народ!
Типичен политичар во случајов испаѓаш само ти, со продавање нереални очекувања.

Кој рекол дека е лошо Македонија да влезе во ЕУ?

Реков дека нема да биде подобро отколку што е сега.
А доколку јас незнам тогаш што ме прашуваш.

Сара Пејлин велиш, епа ајде Обама би те замолил сепак еве ти да ми одговориш:

Дојди па ќе знаеш.

Ќе видиш дека кај и да си, Македонец ќе си бидеш.

Кој има шанса за подобра иднина, оној кој веќе поседува свој стан или оној што живее под ќирија?
Оној што има своја кола или оној што се вози со месечна карта во јавен превоз?

Додека ти или ја се трудиме да го купиме првиот стан и кола, тој другиот веќе има по два стана и две коли.

Тоа е разликата, подобро да сум во Македонија и да имам нешто свое, отколку да сум без ништо а да сум во ЕУ.

Секаде треба да се работи, секаде треба да се отплаќа кредити, да се плаќа даноци, да се заврши образование итн.
Незнам дали е доволно прост примеров за да го сфатиш.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Значи ако денес ги решиме сите пречки кои ни се на патот, не чека период од најмалку 7 години (во зависност од залагањето на гарнитурата која е на власт) за приспособување и конечен влез во ЕУ.
Тоа ми беше и поентата на твојата констатација. Муабетите каде брзаме со ваква држава....не држат вода.
Хипотетички, немаме проблем со Грција, сега ќе имавме преговори, а државата ваква каква што е, а и не верувам во некаков економски прогрес...влезе во ЕУ...посиромашни ќе сме и од сега...па нека мојот муабет не држи вода пак.
Како Македонци да, за ова компромис нема. А искрено, мислиш ли дека некогаш ќе влеземе во таа Европска унија без договор со грција ?
Кога ние би станале интересни за ЕУ, а тоа ти е економски силна држава, тогаш влегуваме и без договор со Грција. Вака, излегува дека сме голи кучиња и се шлепуваме во надеж за подобро.
Проблемот сите го знаеме. Решението никаде го нема :toe:
Токму на тоа и целев. И да не постои никаков политички проблем, преку ноќ не бива да скокнеме таму.

Затоа и постои одреден временски период за приспособување.
Точно, се согласувам...ама економски силна држава за брзо време се приспособува, а ваква како нашата...долго време ќе мизерува.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Може да сакаат да се викаме северна,јужна,источна,мала,голема Македонија,ама за истото може и само да си сонуваат.Затоа што ние имаме само едно име МАКЕДОНИЈА.

Картата во прилог е една од 4-те мермерни мапи што се наоѓаат во рим на ѕидна плоча на страната на улицата Via
Imperiali која што води од Colloseo Romano до римските форуми (Foro Romano, Foro Traiano i dr.).
Четирите мапи се означени со различни временски периоди кои го означуваат појавувањето и подемот на градот-држава Рим од најрано време од некаде 700-800 години пред Христа па наваму.
Интересно за нас е тоа што барем на 3 од овие 4 мермерни мапи стои јасно испишано името МАКЕДОНИЈА(и тоа во времето кога римската држава се состоела само од градот Рим),Воедно МАКЕДОНИЈА е означена настрана,различно од името Грција која во најголем дел од мапите не е ниту наречена како Грција туку Епир,Егел и сл.
Значи вистината за МАКЕДОНИЈА и за нас МАКЕДОНЦИТЕ кои живееле и живееме во неа лежи на дофат на раката,со бројни артефакти и историски цртежи и записи од дамнина,само треба да се потрудиме тие факти да се соберат,систематизираат и соодветно презентираат како такви на сите во светот.

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
Никој не вели дека треба да седиме со скрстени раце, најмалце јас, ниту пак сакам влез во ЕУ и НАТО со променето име.

Ама да ми кажува некој дека е лошо Македонија да влези во ЕУ, а пак посебно ако дотичниот е веќе сместен во ЕУ земја, е тогаш почнувам да повраќам од такво ЛИЦЕМЕРИЕ.
а зошто не сакаш да влезиш во ЕУ ако мислиш дека не е лошо??ете без промена на името...никој не е за промена се знај..фала богу..Bratot е во ЕУ земја и знај како е и ти објаснува дека не е на арно...не знам зошто тоа го сметаш за лицемерие......
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Хипотетички, немаме проблем со Грција, сега ќе имавме преговори, а државата ваква каква што е, а и не верувам во некаков економски прогрес...влезе во ЕУ...посиромашни ќе сме и од сега...па нека мојот муабет не држи вода пак.

Кога ние би станале интересни за ЕУ, а тоа ти е економски силна држава, тогаш влегуваме и без договор со Грција. Вака, излегува дека сме голи кучиња и се шлепуваме во надеж за подобро.

Точно, се согласувам...ама економски силна држава за брзо време се приспособува, а ваква како нашата...долго време ќе мизерува.
Ништо повеќе не би додал кон она што претходно го наведов.

За се' друго постои concrete card.

И неговото големо срце да земе 10тина аргати млади во Германија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom