Дали вредноста на филмовите ќе паѓа?

M

marsovka

Гостин
Оваа тема ја отворам откако ми се смачи од глупостите што ги гледам мислам на новите филмови кои излагаат во последно време(последниве 5 години најмалку)
Комедиите се сведоа на меко порно полно со глупи девојки и цицки.
Акцијата на куп специјални ефекти.
Трилерот тука некаде полн со застрашувачка музика која гради напнатост за без врска.
Драмите се поретко се појавуваат и тие не се нешто добри.
Хорорите се натпреваруваат кој погадна слика ќе покаже па не се нешто поинакви едни од други пуно крв и пак по некој пар цицки

Прашањето е до коа вака ќе се тера и уште колку ќе гледаме глупости и едни исти приказни само друг манекен манекенка која глуми и различна позадина?
 
Член од
9 октомври 2008
Мислења
186
Поени од реакции
3
абе тоа има и добри фолмови и талети ама од холивуд нема.
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Е многу ми е мило што си отворила ваква тема. Јас стварно сум незадоволен од ова ѓубре што Холивуд ни го сервира. Сите филмови почнаа да ги прават по шаблон. И многу ме нервира. Хоророт стана крвишта и органи расфрлани и гадотии (под впечаток на Hostel сум). Тоа не е страшно, тоа е ГАДНО. Страшен филм беше The Ring, The Grudge. Поготово последиов... не можев да се опоравам. И утредента, другаров ми крцка онака како во филмов... човече ме извади од кожа. И сеа ми иде страв, сам в соба, темно... Упм, таков филм нит имало нит ќе има.
А сај-фај уште еден мој омилен жанр, уште поомилен од хорор, во последно време се сведе на шит. Се некоја фантазија глупости. Хари Потер, Госп. на Прстените, Нарнија, Трансформери... Што стана човече со чистата акција-сајфај? Кај се филмовите како Ејлиен? Тоа беше за мерак. Имаше бар повеќе смисла од јбнте Трансформери.
Стварта е... ХИПЕРПРОДУКЦИЈА! Се додека ја има, квалитетот ќе паѓа и ќе паѓа и ќе паѓа... Но, од друга страна, тоа е и добро зашто те тера да ја сватиш вредноста на некои филмови.
 

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
сите се надеваме али тешко оти самиот/ата си кажа веќе 5 години со исклучок на некои филмови нема добар филм сите напумпани со ефекти.
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Хм во последниве години точно е дека повеќето филмови се..како да ги наречам, подпросечни, но има доста исклучоци.Има некои филмови кои се излезени неодамна и доста се издигнуваат на врвот на филмските остварувања на сите времиња, нешто како The Dark Knight, Ironman, Taken.
Но како што велиш тешко дека ќе излезе некоја драма како The Godfather, The Usual Suspects или пак Orange Clocwork, некој трилер како Sillence of The Lambs, хорор како The Ring или The Grudge.Да оставиме времето да покаже, но факт е дека Холивуд се почесто прави или некоја хиперпродукција или се повеќе се ориентира кон акциите,научната фантастика одколку на драмите или трилерите.
 

Lorddd

Титула - Лорд
Член од
18 март 2007
Мислења
1.067
Поени од реакции
53
Јас повеќе сум сконцентриран на поновите филмови, ок, се случува да си земам да гледам некој филм од 80тите, 90тите ама само оние што навистина се добри, имаат добри оценки и сл. Сакам да кажам, оваа сега е нова филмска ера, па како и секоја друга си има свои одлики. Како што е, еве според мене сум забележил филмовите од 90тите имаат една посебна и скоро секојпат иста музика особено кога дејството е во Мајами, Лос Ангелес, така и оваа ера се одликува со динамичност, многу ефекти...
Јас лично не се согласувам со тоа дека вредноста на филмовите паѓа, туку се менуваат времињата, сега други филмови се на мода, а штом блокбастерите се полнат со пари изгледа супер им оди.
 
Член од
9 октомври 2008
Мислења
186
Поени од реакции
3
od holivud nisto dobro.a od drugi mesta i drugi produkcii da. holivud vise ide samo na komerciaal i nisto posie ne im dava sansa na pravite taleti .i ne vredi vise i da se spomenuva a vidis holivudska produkcija znaj ne cini. i ako celiot svet e opadat nema talti kako porano kako legendite sto bea i ako se uste ima filmovi i luge koi ke bidat naredite klasick ali pomal e brojot. mislam na pomladi avtori ne misam na zivite postari.i nema menuvanje na vreminjta. sekoj si si go iskazuva svojot talet od svojta dusa a ne spored vremeto pa i tehikta taa samo mu pomaga po usovrseno da go izrazi. i da bil neznam koj od legdite eve hickok vo ova vreme pak bi pravel isti filmpvi moze so povise tehnicki efekti. a ima i avtori sto od stilot na drugi avtori pa malu idat na nivniot stil ali taoa ne znaci deka se isti. i nema ovaa era se odlikuva so va ili ona nema ere ima avtori moze se pojavile 2-3 slicni avtori ali nema ovaa era se odlikuva so ova ili ona. ima samo branovi na rziseri i stilovi kako sto se porano film nora ili crn film ili movit frcuski bran ali toa ne znaci deka se isti i deka erata se odlikuva so toa pa mora da se menuva nesto.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Исти приказни гледаме во сите филмови ради то шо досега веќе скоро се е снимено на филм. Последно време сите филмови се или продолженија на веќе започнати проекти, преработки на постари филмови или пак филмови напраени според стрипови. Од сите овие ми изгледа дека најмногу успеаа последните (Hellboy, Iron Man, Sin City, X-Men ...) и одвај чекам да излезат втор и трет дел од Sin City и новиот проект Ghost in the Shell (кој сум прилично сигурен дека ќе го зае*ат).

Kреативноста и фантазијата во Холивуд се на многу ниско ниво во моментот, a и така ќе остани се дури има дебили шо ќе изгледаат некое срање од филм како Транспортер 3 и после ќе дат 6+ оцена на IMDB.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Бидејќи работите тргнале од лошо на полошо, процесот самиот ќе си се повторува... вака гласеше еден од Марфиевите закони, кој апсолутно важи и за Холивуд.

Не се согласувам дека Холивуд не труе со ѓубре а останатите продукции биле што ти ја знам што... напротив, европските филмови, Боливуд итн се уште поголемо ѓубре. Едноставно лошите филмови квантитативно се во огромно мнозинство, квалитетот е реткост. А со оглед на тоа дека сакаме да изгледаме се и сешто, нормално е дека крајниот впечаток ќе биде лош.

Бидејќи имам прилично голема колекција на филмови од 30-тите на минатиот век па до денес, можам по нешто да кажам за квалитетот на филмовите низ годините.

Некои жанрови отидоа по ѓаволите, или се во тешка креативна криза на која не и се гледа крајот. Комедиите на пример, во споредба со комедиите од 80-тите и 90-тите, се движат кон чист идиотизам. Она што беше комедија за сите генерации денес е претворено во голотија, сексуално ориентирани фори и идиотизми на кои човек треба со сила да се насмее за да не пропадне филмот. Со ретки исклучоци, овој жанр станува навреда за човечката интелегенција.

Хоророт од култните остварувања во 70-тите и 80-тите се сведе на кофи крв, духови кои не можат да уплашат ни мало дете, и згодни полуголи жени кои се единствена утеха за изгубеното време. На прсти се бројат добрите хорори во последниве 10-тина години.

S.F. филмовите имаат голем потенцијал со оглед на техничките можности денес, но иако после првиот The Matrix (1999) очекувавме вистинска револуција, почнаа да не замараат со сите можни јунаци од стрипови и да прават филмови за чие гледање е доволна интелегенција на мајмун.

Акцијата е во слободен пад. Од Сталоне, Шварценегер, и Брус Вилис некако стигнавме до гад демн Транспортер за кој нашироко се дискутира како да станува збор за филм. Tango & Cash (1989) беше акција. Cobra (1986),
Commando (1985), Lethal Weapon (1987), Die Hard (1988)... Ликови кои ги обожававме, вистински акциони сцени, хумор и 2 саати кои стануваа незаборавни. Ова сега, е проклет кошмар.

Енивеј, има и добри работи. Има добри драми изминативе години.Тој жанр не изгуби ништо, дури станува и се подобар. Исто и добри романси. Историски спектакли. Добри трилери со неочекувани заплети, кои поставија нови стандарди. Има филмови за публика која сака да размислува, филмови кои носат добри пораки и правилни размислувања за светот во кој живееме.

Има сеуште филмови во кои може да се ужива. Се што треба е да го препознаете ѓубрето. И да го прескокнете, по можност.
 
Член од
9 октомври 2008
Мислења
186
Поени од реакции
3
ma nemas vese ne deka van holivud nema dzubre ali mngu e mal procentot. ova so sigurnost vi go kazuvam posto studirav rezija i tolku filmovi sum iznagledal sto ne ste ni svesni site filmo od sekade od pocetokot na kinematografijata do denes.i sum ragovarl so reziseri i so nagolemite iminja taka da.ke vidi me i od mene sto ke izleze seuste ne se falam.ali za filska krita sum taka mata. i nemoze da se kaze deka zanrovite se vo kriza.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Гледачите се тие шо го оценват филмот па то дали си режисер или забар не менва многу, а според коментарите досега филмската индустрија е во криза.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
ma nemas vese ne deka van holivud nema dzubre ali mngu e mal procentot. ova so sigurnost vi go kazuvam posto studirav rezija i tolku filmovi sum iznagledal sto ne ste ni svesni site filmo od sekade od pocetokot na kinematografijata do denes.i sum ragovarl so reziseri i so nagolemite iminja taka da.ke vidi me i od mene sto ke izleze seuste ne se falam.ali za filska krita sum taka mata. i nemoze da se kaze deka zanrovite se vo kriza.
Со сигурност не можеш да ни кажеш ништо затоа што си студирал режија. И тоа што е оценето како ѓубре и отфрлено, и тоа го направиле режисери. Кои мислеле дека е добро.

Сме гледале и ние обичните смртници по некој филм.

Се надевам дека од тебе ќе излезе режисериште, ама сепак за тоа ќе одлучат гледачите, тие се тие што ќе те фалат.

За жанровите, ние обичните гледачи кои не сме студирале режија, правиме проста споредба помеѓу она што сме го гледале и она што ни се нуди денес. И не сме многу задоволни. од “напредокот“

Ако си за критика “тата-мата“, има теми за рецензии на филмови, повели слободно, баш би било добро.

Ти реплицирам не за друго туку затоа што не можеш да се поставиш: “јас сум студирал режија познавам режисери тата-мата сум вие не знаете...“ Ако е така кажи што имаш да кажеш за филмовите и да ја затвориме темава.

Сите си го кажуваме своето мислење, онака како што ги гледаме работите.

Гледачите се тие шо го оценват филмот па то дали си режисер или забар не менва многу, а според коментарите досега филмската индустрија е во криза.
Точно така!
 
Член од
9 октомври 2008
Мислења
186
Поени од реакции
3
ne go ocenuvat gledacite filmot nego pravite kriticvarite i vrmeto ja potvrduva vrednosta na nesto a ne gledacite. i se sto kazav stojam za toa i toa ke se dokazuva deka e taka pa vie sakale se slozele skale ne.ako e taka togas holivud vadi najdbori filmovi posto se gledacite gi falat kako sto znaeme se se sranja a ni eden ne ostanuva so vremeto i pak site ama bas site od zabari kako sto velite do umetici kriticari genilaci i reziseri se navarkaat pak na najdobrite i toa ostanuava a drugoto e zaboraveno . i jas rekov deka denes procentot na mladi talenti e pomal vo sporedba so starite maljstori ali seuste ima dobri talnti ne do tolku da nema slusate sto kazav.ne mislam na postarite seuste zivi reziseri i scenaristi ali mislam na pomladite.i ne treba gledacite da odlucat ako mi kazat pravite kriticari i reziseri deka sum dobar togas e dobro moze i site gledaci da me kritikuvaat i da ne me gledaat a uostalom ne e bitno bitno nisto bitno e dali ke ostane niz vremto vremeto e najgolem pokazatel za sekoe delo kako sto rekov pa i za moeto taka da moze i nema da bidam ziv koga ke me falat i anliziraat il kudat i zaboravt i ne spomenuvaat. taka da kolu da falis nesto ili sam sebe iili obratno kritikuvas ako e dobro ili loso ke si dojde do izras prvta vrednost koga togas dzbe ti e se .
 

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Оваа тема ја отворам откако ми се смачи од глупостите што ги гледам мислам на новите филмови кои излагаат во последно време(последниве 5 години најмалку)
Комедиите се сведоа на меко порно полно со глупи девојки и цицки.
Акцијата на куп специјални ефекти.
Трилерот тука некаде полн со застрашувачка музика која гради напнатост за без врска.
Драмите се поретко се појавуваат и тие не се нешто добри.
Хорорите се натпреваруваат кој погадна слика ќе покаже па не се нешто поинакви едни од други пуно крв и пак по некој пар цицки

Прашањето е до коа вака ќе се тера и уште колку ќе гледаме глупости и едни исти приказни само друг манекен манекенка која глуми и различна позадина?
Sci fi не ги спомна.. тие ок се :)?
Мене супер ми се.. transformers movie.. i am legend..
А од акцијата.. што му фали на transporter 3 :)?

Не се сите филмови лоши.. постојат некои што се ремек дела.. ако еден е промашен незначи дека сите се :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom