Одбор за дочек, 13-ти јануари

Статус
Затворена за нови мислења.

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
леле не можам да се изначудам... абе луѓе вие тотално сте одлепиле мајката ???

  • Со тоа што се собирате на кеј, го правите баш она спротивното од она што го сакате - му придавате значење.
A со несобирање, добиваме отворена можност за луѓето кои ме негираат мене и тебе како Македонци да веат знамиња и да слават среде нашата земја.
  • Дали не сметате дека со собирање на кеј, не само што му се придава значење, туку може и дел од Македонците да се прикажат медиумски како присутни на собирот?
Не можат, бидејќи не би славеле заедно со гостите кои го негираат нивното постоење.
  • Логично е да се претпостави дека би имало насилство, тоа не е пожелно ни за Македонија ни за Македонскиот народ во Македонија, Пирин и Егеј
Ете го Заев.... Наведната глава сабја не сече.
  • Насилството само по себе е доказ за простотилук. Дали сте толку упорни во покажување на нашиот простотилук ???
Не. Ама кога некој е толку упорен во докажување на нашата непостојност преку сопствен простотилук, пркатично е покажано дека е грешка ако бидеме европејци и либерали во прекумерно ниво.
  • Што е Мара Бунева ? Послушник на наредбите на Ванчо Михајлов, кој добро знаеме што е. Без разлика на тоа што е Бугарка, таа има направено дело за македонскиот народ. Во најмала рака - не му има наштетено на македонскиот народ, ако веќе некој тврди дека не му има помогнато
Вие добро знаете што е, кои и да сте тоа вие, освен ако не се самоперсираш. И не би да избрзувам со тврдења дека е бугарка ког ае родена тетовчанка. Точно е дека му нема наштетено на нашиот народ - од мотиви кои се дискутабилни...
  • Ако можат Германците да ги слават фашистите од Втора Светска војна на македонска почва, нека можат и Бугарите да ги слават сите Бугари.
Нека можат Бугарите, кога ќе можеме и ние на Рожен да го славиме Јане. Нека можат и Србите кога ќе можеме и ние на Прохор Пчињски. Итн итн...

  • Ако можат Албанците да слават и величат модерни крвници на Македонскиот народ среде Скопје, зошто да не можат Бугарите да слават Бугарка - која патем речено, според моите познавања не му има наштетено на македонскиот народ.
Повторно за делот Бугарка...кој не е потполно дефиниран - ама да не се држиме до него. Албанците се реалност, Албанците не негираат Македонски народ. Просто, со нив си пуштивме рака и градиме една мултикултурна земја, заедно! Бугарите го имаат тој проблем бидејќи отворено работаат на асимилирање на Македонците - што преку давање гратис пасоши, што преку фалсификување историја... Конечно, не трпам бе некој дома да ми дојде и да каже дека не постојам. Повеќе почитувам со пушка да ми рече: Ајде, да одлучиме кој од нас е во право во смисол на почитување на човекови права и слично.
  • Зошто ова господа не се случи кога Љубе Бошковски беше на панихидата ??
Прашања за што било кога би било, се глупави. Ако не би биле глупави, нема смисол твоето постоење како zoom politikoon.

  • Дотолку повеќе, прашањето е на која морална основа тој присуствувал таму. Јас мислам дека има оправдување. Тоа е, Бугарите чествуаат нивни херои - кои ако не и имаат помогнато на македонија, барем не и имаат наштетено - и Љубе присуствува во форма на гостин. Нема ништо лошо во тоа Бугарите да чествуваат нивни херои во Скопје - под услов истите да не се крвници на македонскиот народ ( а богами во последно се практикува чествување и на крвници - албанците)
Веќе одиме во тафтологија. Одговорот (барем мој) го имаш погоре.

  • Конечно, ние можеме да се бориме за националниот идентитет и националната самобитност, ама тоа не значи убивање на сите историски врски. Колку и да не се слагаме со мислењата на официјалната бугарска историја за македонскиот народ - што впрочем и треба да е тема не дебата (во смисла убедување на бугарите дека македонската нација е - факт)- историските врски не можеме туку така лесно да ги убиеме. Значи, луѓето од одринско и луѓето од македонија некогаш соработувале за да дигнат заедничко востание, тие тогаш биле блиски. Ирелевентно е што мислат сега бугарите за македонската нација, историските врски не смеат туку така да се уништуваат.
Значи, да ги УБЕДУВАМЕ бугарите дека не сме делузионистички психосоматски случаи кои замислиле дека глумат држава и народ?!?!?!?! СО КОЈ УМ БЕ ГО ПИШУВАШ ОВА?!?!?!?!?!
Позз.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Внимавајте, голема група на кеј, може да се претстави во бугарски весник како група која ја слави бугарката. Како што грците направија со “нападите“ на амбасадата. Убавината на модерното новинарство. :pipi:
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
Здраво, Serbico. Jа славиш ти Мара Бунева што го скинала Прелиќ?
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Здраво, Serbico. Jа славиш ти Мара Бунева што го скинала Прелиќ?
Здраво Bumbum. Аха. Арно му сторила на копилето.

Нешо друго?

Едит:

Слипер, јеботе таинственост, кажи збор два барем на темава!
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
Здраво Bumbum. Аха. Арно му сторила на копилето.

Нешо друго?
Првин нели велиш Македонка е, родум од Тетово. Се согласуваш добро го скинала гнасата садистичка. Што смета ти и друштво да ставите плоча па да одете таму да го славите неjзиното дело?
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Првин нели велиш Македонка е, родум од Тетово. Се согласуваш добро го скинала гнасата садистичка. Што смета ти и друштво да ставите плоча па да одете таму да го славите неjзиното дело?
Не ми смета славата на некоја жена која направила добро дело за Македонците. Ми сметаат гнасите кои ме негираат да слават рамо до рамо со мене.

Разбираш или се правиш тотално глуп?
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
87
Поени од реакции
7
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=4AB5ED4C5F3C1E45A2A45E91AF3903DB

Пофалба на изродот

Никола Гелевски

„Изродот“ го води онаа славна реченица на германскиот протестантски свештеник
Мартин Нимелер (1892-1984):
„Кога нацистите ги собраа комунистите молчев, оти не бев комунист.
Кога ги затвораа социјалдемократите молчев, не бев ни социјалдемократ.
Кога ги собраа синдикалците, молчев, бидејќи не бев член на синдикатот.
Кога дојдоа по Евреите молчев, не бев Евреин.
А кога ме собраа мене, веќе не постоеше некој што ќе може да протестира“...
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
Не ми смета славата на некоја жена која направила добро дело за Македонците. Ми сметаат гнасите кои ме негираат да слават рамо до рамо со мене.
Не гледам каj тебе желба да го славиш делото неjзино, во било какви околности. Таму е проблемот. Секогаш ќе се трудиш да наjдеш причина вниманието си во друг правец да го туркаш. Што ако ниту еден Бугарин не доjде на 13-и во Скопjе, тогаш ќе одиш ти, посебно, македонскиот патриот, на кеjот да го прославиш чинот на Мара Бунева?
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Не гледам каj тебе желба да го славиш делото неjзино, во било какви околности. Таму е проблемот. Секогаш ќе се трудиш да наjдеш причина вниманието си во друг правец да го туркаш. Што ако ниту еден Бугарин не доjде на 13-и во Скопjе, тогаш ќе одиш ти, посебно, македонскиот патриот, на кеjот да го прославиш чинот на Мара Бунева?
Фала за психоанализата.
И не е таму проблемот.

Проблемот мој е со оние кои ме негираат...просто ко грав (боб).

Ти, шо проблем имаш со тоа?
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
Фала за психоанализата.
И не е таму проблемот.

Проблемот мој е со оние кои ме негираат...просто ко грав (боб).

Ти, шо проблем имаш со тоа?
Боб Хоуп, ако ти сметаат Бугарите да jа славиш Мара Бунева, дали си спремен тоа посебно од нив да го направиш?
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Боб Хоуп, ако ти сметаат Бугарите да jа славиш Мара Бунева, дали си спремен тоа посебно од нив да го направиш?
Абе Бум Бум Флинстон, би и да нацртам во пеинт некоја слика набрзина... ама ме мрзи во моментов:

Дали јас ќе ја славам Мара како Македонка е едно прашање. Дискутабилна личност од историјата на која допрва и следи негирање или рехабилитација.

Сеедно од она што нејзе и следи, било да е хероина или одродена македонка, без оглед на нејзиното дело.... кога доаѓа некој во Македонија да ја слави неа а тој истиот ме НЕГИРА мене во сам поим, тогаш имам проблем.

Не мора повод да е Бунева, нек е поводот било кој.... Кирил и Методиј, Гоце, Петко, Трајко...ако некој ден се користи како повод/празник/панихида од страна на надворешен гостин во мојата земја, а истиот гостин не прифаќа дека јас постојам како единка со право на самоопределување во мојата земја во која сум роден и ќе умрам... тогаш имам проблем.

Пак ли не е јасно нешто?
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
Дали јас ќе ја славам Мара како Македонка е едно прашање. Дискутабилна личност од историјата на која допрва и следи негирање или рехабилитација.
Што има дискутабилно? Доjден е Шумадинац непожелен во Македониjа народот прави Срби да го прави. Му излегува една Тетовчанка и го отерува у пм. Исто им правел Иван Наумов на четниците порано. Што има дискутабилно во чинот неjзин?

Сеедно од она што нејзе и следи, било да е хероина или одродена македонка, без оглед на нејзиното дело.... кога доаѓа некој во Македонија да ја слави неа а тој истиот ме НЕГИРА мене во сам поим, тогаш имам проблем.
Никако добар збор да речеш за таа жена.

Не мора повод да е Бунева, нек е поводот било кој.... Кирил и Методиј, Гоце, Петко, Трајко...ако некој ден се користи како повод/празник/панихида од страна на надворешен гостин во мојата земја, а истиот гостин не прифаќа дека јас постојам како единка со право на самоопределување во мојата земја во која сум роден и ќе умрам... тогаш имам проблем.
Еве, пак ќе те прашам. Дали си ти спремен на било каков начин да го прославиш чинот на Мара Бунева? Посебно од Бугарите. Нели добро направила и заслужува почит?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Bум Бум не се прави наудрен и не тролувај.
Последна опомена.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Што има дискутабилно? Доjден е Шумадинац непожелен во Македониjа народот прави Срби да го прави. Му излегува една Тетовчанка и го отерува у пм. Исто им правел Иван Наумов на четниците порано. Што има дискутабилно во чинот неjзин?

Никако добар збор да речеш за таа жена.
Диксутабилна е перцепцијата. Секое време носи свое толкување, јас не би избрзувал премногу со судовите јавни за нејзиното национално чувство и мотиви за делото / или други мотиви.

Реков добар збор бе бате, арно му направила на крвникот.

Еве, пак ќе те прашам. Дали си ти спремен на било каков начин да го прославиш чинот на Мара Бунева? Посебно од Бугарите. Нели добро направила и заслужува почит?
Посебно од Бугарите во смисол индивидуално, како Македонец? Сум спремен де, како за почеток, не би дозволил да и присвојуваат дело некои негатори на мојата посебност, некои кои со ништо не се разликуваат од Прелиќ - бидејќи и таа се борела за истото и умрела за тоа (според една верзија).

В ред? Заведе во досието таму? :pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom