Колкава е платата во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата elninokv
  • Време на започнување Време на започнување

KOLKU IZNESUVA VASATA PLATA

  • pod 10.000

    Гласови: 42 11,7%
  • 10.000-12.000

    Гласови: 45 12,6%
  • 12.000-15.000

    Гласови: 47 13,1%
  • 15.000-18.000

    Гласови: 50 14,0%
  • 18.000-24.000

    Гласови: 55 15,4%
  • nad 25.000

    Гласови: 119 33,2%

  • Вкупно гласачи
    358
Просечна мислам дека е некаде околу 15 000 ден.Смешно ако ги споредиш со оние на Запад.Ама оптимист сум во врска со ова,се надевам дека во иднина ќе се стабилизира државава на економско-социјален план а со тоа и платите ќе се качуваат.
 
Има многу луѓе кај нас што земаат и повеќе од 60000 денари, посебно од финансискиот сектор, па би можеле и таа ставка да ја ставите во анкетата. Почнува и кај нас полека да се расслојува општеството (капитализам, нели).
60.000? Па таа плата ја зема речиси секој дипломиран електро-инжинер и секој економист кој е вработен во добра фирма. Просечната плата во Македонија за месец Октомрви беше 17.020 денари. Е сега тука влегуваат и некои астрономски плати од 600.000 денари во месецот, како и некои минимални плати од по 5-6.000 денари.
 
60.000? Па таа плата ја зема речиси секој дипломиран електро-инжинер и секој економист кој е вработен во добра фирма. Просечната плата во Македонија за месец Октомрви беше 17.020 денари. Е сега тука влегуваат и некои астрономски плати од 600.000 денари во месецот, како и некои минимални плати од по 5-6.000 денари.
Во право си за средната плата, ама не и за тоа дека секој економист или електро инжинер во добра фирма земаат по 60.000. Земаат по околу 30-40.000 во најдобрите фирми ( можеби си во право само за една-две фирми). Во другите кои се сметаат за добри фирми кај нас не земаат ни 30.000. А тоа дека има и плати од 600.000 има, ама 4-5 луѓе ги земаат, претежно странци кои се поставени за директори( или советници). Да не бидам погрешно сватен, знам луѓе што земаат и над 100.000, ама многу се ретки таквите.
 
Во добри фирми знам луѓе и без факултет што земаат по 30.000 :)
Исто во тие добри фирми луѓето кои имаат факултет земаат минимално 60.000 денари.
Еве за пример ќе го земам Телеком, таму дипломираните електро-инжинери и економисти земаат одлични плати.
 
Да ама не земаат 60.000 (барем не поголемиот дел). Знам луѓе што се дипл. инж. таму и не земаат 60.000, поблиску се до 30.000. А за економистите не знам, немам познати економисти таму :wink:.
 
дете данеја утна рачуницава хранарина и превоз не се 9.000 денари :pos2: смалиги малце тие 25,000 денари нека дојдат докај 18 400 и тие се многу пошто превозот зависи каде е од 1000 до 1800 денари а хранарината е максимум 2300:vozbud:

Брат не можеш ти мене да ми кажуваш колку пари зема татко ми.
Еве ќе ти откријам работи во Македонски Железници и главата ја оставам дека месечно зема 25 000.
Сакаш кладба ???
 
Брат не можеш ти мене да ми кажуваш колку пари зема татко ми.
Еве ќе ти откријам работи во Македонски Железници и главата ја оставам дека месечно зема 25 000.
Сакаш кладба ???
Ми имаат кажано дека во Железници земаат добри плати :smir:
 
дете данеја утна рачуницава хранарина и превоз не се 9.000 денари :pos2: смалиги малце тие 25,000 денари нека дојдат докај 18 400 и тие се многу пошто превозот зависи каде е од 1000 до 1800 денари а хранарината е максимум 2300:vozbud:



nee e tocno jas vo sumarstvoto zemam hrananrina od 3500-3750 pa ti vidi sea,taka a treskas izgleda
 
Храна и превоз во фирмите се движи од 3.200 па до 5 илјади и нешто.

rosoneri, најверојатно (не се лути што правам претпоставки во твоите финансии) платата е околу 20.000 за да цел приход му се израмни на 25.000. Инаку навистина нема храна и превоз над 5 ипол илјади (или 6.000, според пресметките). Прво и законски е неможно (мислам дека хранарината беше 25% од просечна плата, ако во меѓувреме не го измениле). Во одредени државни фирми сеуште е храна и превоз заедно 3.200, а во некои (погоре спомнато) 3.000 до 3.500 е само хранарина.

Инаку земам 23.000 (од тоа 3.200 храна и превоз).
 
Плата што беше то?????
Со платата можеш да купиш половина од неопходните работи, другата половина ја зајмуваш.
Лошо е што многу луѓе се навикнаа на ваков живот, тоа е многу страшно.
Најстрашно е кога човекот мисли дека не заслужува подобар живот од овој што го живееме сега.
 
Просечна плата 8.000 ден е сеа ни за леб ни за вода.а башка дома 5 души.
 
Oва анкетава не е баш реална, ист процент и тие со под 10000 и тие со над 25000 а всушност најбројни се тие измеѓу т.е. со околу 15000 бидејќи толкава е просечната плата у државава а тоа колкава плата земаш зависи од фирмата во која работиш, ако имаш среќа да работиш во некоја голема фирма плус и успешна ќе земаш плата над 25000 ама таму тешко се влегува ако немаш врски, најубаво да си сам свој газда така имаш и флексибилно работно време и флексибилна плата.:nesum:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom