N
NeMiRnA
Гостин
Штитна жлезда
Тироидната, или штитната жлезда има облик на пеперуга, тешка е од 15 до 30 грама и е сместена над долниот преден дел од вратот. Оваа жлезда го произведува хормонот тироксин, што е задолжен за регулирање на метаболизмот во организмот во речиси сите клетки. Поедноставно кажано, тироксинот го регулира создавањето на енергија и внатрешната потрошувачка на кислород.
Ако жлездата произведува повеќе тироксин се забрзуваат сите процеси во организмот, а ако произведува помалку процесите се забавуваат. При зголеменото производство, или хипертиреоза, наречена уште и Базедова болест, се јавува зголемена температура, побрзо согорување на храната, испакнати очи, забрзување на работењето на срцето, слабеење без водење диета,лицето често се поти,рацете често се тресат, се јавува слабост во мускулите, болат мускулите на горните делови на рацете. Хипертиреозата ги истенчува и нервите. Болниот станува нервозен, тешко заспива и лошо спие, во комуникацијата со другите луѓе експлозивно го менува расположението. Всушност, напорниот живот ја принудува штитната жлезда да работи со поголем капацитет од нормалниот.
Хипотиреозата е намалено лачење на хормонот тироксин. Заболеното лице е тромаво, рамнодушно, се дебелее, не покажува волја и иницијатива. Накусо, живее со забавено темпо. Сексуалниот нагон се губи, при подолга состојба кожата станува сува и груба, гласот станува рапав, косата опаѓа.Заболениот е пречувствителен на студено време и често чувствува болки во мускулите. Кај младите жени менструациите стануваат обилни, почести се и траат подолго. Изгледа парадоксално, но и намаленото лачење на хормонот доведува до зголемување на тироидната жлезда.
Најчестиот причинител е недостатокот на јод во исхраната. Во тој случај се погодени сите луѓе, затоа што штитната жлезда ги троши резервите на јод во организмот, се "напнува" да произведе доволно тироксин и така се оштетува.Но освен овој фактор кој е причинител за болести на оваа жлезда е наследниот фактор и забрзаното темпо на живот,константен стрес.
Имено во нашата земја е прилично голем бројот на луѓе со заболувања на тироидната жлезда,особено во делот кај Шар Планина заради обемните дождови кои го измиваат јодот од почвата.Колку се луѓето запознаени за оваа жлезда и нејзиното значење за нормален живот?!Има случаи во кои човекот е заболен долг период,но заради неупатеност не е свесен за тоа.
Прашањето е:Дали некогаш сте имале проблем од овој тип?!Дали сте запознаени за начинот на лечење?Последиците од овој тип на болест на оваа жлезда со важно значење за организмот? Ако има некој со слични искуства нека повели,иако мислам дека темава нема да наиде на многу голема дискусија,но сепак...:smir: .