Да и помогнеме на Јулијана!

P

Princ

Гостин
Нов апдејт: денес ми стигнаа потребните капсули. Планирам наредната недела да отидеме неколкумина да ја посетиме. Бидејќи претходно треба да се најавам, убаво е да се договориме кои ќе одиме и да договориме ден/време.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Аиде пошо не е активна темава, а треба да ја видат што повеќе луѓе... повторно ја лепам како важна.
 
Член од
23 октомври 2008
Мислења
23
Поени од реакции
1
kade da donirame be prijatel na koja ziro smetka? broj ili bilo kako.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Шо испадна со капсулите, и ги однесовте? Ако не, ај да договориме нешто.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Не уште... сам сум, никој не сака да ме дружи изгледа :kesa:
Јас искрено би дошол, ама премногу обврски имам, и цел ден ќе ми треба за таа работа едноставно не можам.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Не уште... сам сум, никој не сака да ме дружи изгледа :kesa:
Брат ми каде е, имаш број да го известиш или да му кажам јас? До недела е таму, па имате време да појдите пак до тогаш. Извести ме ...
 
P

Princ

Гостин
Почнавме муабет со Betty Boop за во петок... И мене и нејзе ни одговара тој ден. Утре ќе му се јавам да го прашам дали брка женски во петок низ Скопје. Ако не, се надевам и тој ќе не дружи :)
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Ја би дошла ако идеме сабота било кога, или петок после 15h.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Тогаш да се чекаме петок негде околу 15.30 во Центар?
Ќе пишеме на темава за да може да дојде секој што ќе сака (тоа секако нема да бидат многу луѓе, па не би дошло до гужви).
 
P

Princ

Гостин
Се слушнав со Ортаче, и он ќе дојде утре... Дај да договориме точно време.
Би се чекале кај бившото пазарче во Ѓорче. Точно време кога? Може во 16:00 кај поранешното пазарче во Ѓорче да се чекаме (новиот трговски)?
 
P

Princ

Гостин
Ахам :)
Бевме ортаче, бети буп и јас.
Инаку, отидовме ненајавени, што ради брзање, што ради малер (петок 13ти беше :icon_lol:) па го заборавив бројот дома... Како и да е, тоа испадна на крај сосема добра работа.
Јулијана не изненади, а и ние нејзе. Во многу поведро расположение ја најдовме, и со здравјето ни се виде подобра (јас и ортаче можевме да направиме некаква споредба дека бевме нели заедно и првиот пат). И однесовме блокови за цртање, боички, сложувалка една (така да ја наречам... знаете, се вадат бројките и буквите од таблата и после треба да ги вметнеш пак во исечокот) за да ги вежба рацете, едно срце кое на стискање писка I LOVE YOU (ден на вљубените, знаете како е :)), и капсулите.
Се загрижиле дека толку било од нас, не можеле да ми го најдат бројот дека минатиот пат јас само ги барав нив па заборавивме да им го дадам, ама вчера го запиша тетка Виолета, сино (такво беше пенкалото) на бело.
Јас искрено и отворено, презадоволен сум од напредокот кој го направила од последниот пат кога бевме, до денес. Се надевам и верувам дека ќе има многу поголем напредок до наредниот пат кога сакаме да ги посетиме, а тоа првично (и јако флексибилно доколку има интерес и потреба) е некој убав сончев Мартовски ден, за да сркаме кафенце надвор.
Инаку, би сакал наредниот пат кога ќе одиме да им однесеме анатомски душек. Навистина има потреба од тоа бидејќи цело време минува на тој пуст обичен душек, а за човек кој го минува целото време на него значи опасни болки и дополнителни проблеми.
Сакам во понеделник да прашам низ продавнициве за ортопедски помагала (така ли ги викаа?) која е цената на еден таков душек стандардна големина. Потоа веројатно би преминале кон собирање на средства за да го купиме. Не сакам веќе да лежи на него и се трудам некако да ја убедам да стане, ама тоа не е воопшто лесно, па немаме друга опција освен да му дадеме вода на жеден човек а не да го тренираме како подолго да издржи без вода.
Со дополнителни информации, во понеделник ќе пишам :)
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Одлично!
За душекот постои друга варијанта, ќе видам што може да се извлече, па ќе ти кажам. Ако не, ќе побараш ти таму каде може да се купи за да не влечкам од тука, па ќе го купиме. Тој е најмал проблем. Се надевам ќе можам да ве дружам и јас тогаш, на тоа кулирачко кафенце во двор.
До тој ден, се` најдобро мои ретки хумани луѓе ... ми го разубавивте денот.:back:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom