Го прочитав огледало и се согласувам со неговото мислење.
Меѓутоа...македонскиот народ е заситен од радикалност,која за жал е присутна веќе 100год. барем во поновата наша историја.
Да бидеме реални....во поглед на “европска политика“ ние сме многу слаба држава...тоа е според нивните критериуми...доколку разгледате како се одвиваат работите во ЕУ, ние и не сме така далеку од нив.Пример: просечна плата во Романија,која е 20 милионска држава со 2 години членство во ЕУ е 300 евра.Секако просекот од 300 е. е по заслуга на администрацијата исто како и кај нас...ние имаме просек од 220 ако не се лажам(2 милионска држава).Законите донесени кај нас,кои ни се чинат иронични за нашите “стандарди“ се ЕУ закони , донесени на истите дати како и кај нас.
Каде е овде разликата.Радикалноста ни е непосакувана која е дело на ЕУ политиката а се бориме за ЕУ интеграции.ИРОНИЈА...
Националната доктрина односно идеја или јас бија нарекол “мудрост на еден антички народ“ се надевам не звучи пренатрупано, е она што може да ги одреди нашите идеали.Збунувачки...И кога би знаел дека сите ке го прочитаат ова би образложувал, меѓутоа да оставам простор за индивидуални размислувања од страна на други форумџии...каде продолжува националната доктрина одовде???