TpH_Bo_OkO
Трноризец
Ќе дојде ли ден на обединување на граѓаните на Р. Македонија во едно одлучувачко тело некогаш, за конечно да се одлучи по кој пат ќе оди државата која ја градиме? Да одлучи како ќе ја градиме својата економија и стопански просперитет? Ќе постават ли граѓаните на Р. Македонија некогаш рокви пред себе за изградба на својата држава и својот менталитет според современите начини на работа и стремежи за развој, или ќе молиме ЕУ да не прими за да им се закачиме како крлеш повторно створувајќи од самите нас паразити? Ќе има ли некогаш национално помирување?
Скоро да имаме полнолетна држава која ги има сите карактеристики на терминот „банана држава“, која најболна точка и е скршениот `рбет. Наместо македонска национална доктрина имаме партиски програми и поделба според нив, а воедно мешање на истите фигури и бои во секаква ситуација, па колку и да е таа аполитичка.
Имаме дијаспора од која немаме сеуште видено ништо конкретно, а за тоа кој е кривецот? Јас го гледам во матичната земја. А не во нив.
Сеуште виреат носталгии и национални митови, а секогаш кривиците се на некој наш сосед или на некоја поголема сила која „не натерала“ на нешто.
Решете се веќе еднаш, ќе имаме наша држава, или да капитулираме?!