а која е логиката судски превод од некој јазик преведен од овластен судски преведувач со печат од судот на чие подрачје работи (со решение издадено од министерство за правда) и со тој печат тврди дека правилно го извршил преводот од странскиот јазик на македонски и дека преводот е верен на оригиналот да треба да биде заверено кај нотар??
посликовито, давам на судски преведувач да ми преведе документ од француски на македонски, тој го преведува, става печат (објаснив погоре каков), одам во институцијата која го бара преводот, и тие ми викаат, додека не ти биде заверен кај нотар, преводот не ти е правно валиден
јас одам кај нотар, го прашувам дали разбирате француски, тој вика - не, потоа го прашувам а дали може да го заверите овој превод од француски, тој вика да, и нормално удира само печат и ми зема одредена сума, која со оглед на 2 минути потрошеното време воопшто не одговара на вложениот труд.
Нагласувам не се работи за копија на документ, туку за превод на оригинален документ со оригинален печат од судски преведувач.
И на крај го прашувам како може вие да тврдите со вашиот печат нешто, што воопшто не го разбирате (бидејќи самиот рече дека не разбирал француски). Одговорот нормално "законот е таков".
што да кажам, освен паразитизам