Бадник и останатите пагански обичаи

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Нормално дека е голем празник..Рагањето на Месијата е еден од најголемите празници за Христијаните..
Ај да ве прашам што е со кршењето паричка? И то а е Хриситјански прзник? Го практикувале Апостолите Исус..?
 

jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
Незнам дали тие, ама верниците, ние(бар јас и мојата фамилија), да, и ако може и знае некој да ми подобјасни за ова, отприлика знам ама пак ако има некој поискусен нека каже.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Нормално дека е голем празник..Рагањето на Месијата е еден од најголемите празници за Христијаните..
Ај да ве прашам што е со кршењето паричка? И то а е Хриситјански прзник? Го практикувале Апостолите Исус..?
оди поназад и побарај некој мој пост
таму добро стои дека кршењето паричка е обична српска традиција
тоа го нема во ниедна православна земја освен во Србија и од поново време т.е после српската окупација и во некои градови во Македонија
 

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Абе ако убаво е да се слушнат други мислења.
Јас па и не би рекла дека е пагански, си ја сакам верата и убаво ми е до сега како што си верував, така и ќе си продолжам и никој не може да ми ги смени милењата бар во тој поглед.
Ако каже МПЦ дека е у ред и јас се сложувам, затоа што сум православна Христијанка!
А денес и утре, бил, е и ќе биде голем празник за мене!
ете ја психологијата на стадото...ако кажела МПЦ дека е во ред значи дека е во ред
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
оди поназад и побарај некој мој пост
таму добро стои дека кршењето паричка е обична српска традиција
тоа го нема во ниедна православна земја освен во Србија и од поново време т.е после српската окупација и во некои градови во Македонија
Добро..темата е за паганските обичаи и Бадник..би било добро некој да објасни од каде доаѓа таа традиција(кршењето паричка) со што е поврзна..
 

jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
ете ја психологијата на стадото...ако кажела МПЦ дека е во ред значи дека е во ред
Извини а ти на кое стадо му припаѓаш?
Па кој да ми каже ти или некој на улица што ќе го сретнам?
Па сигурно МПЦ ти реков православна сум кого да слушам друг?
Муслиманиве оџата си го слушаат, други религии друг, мора некој, неможеме сите да бидеме теолози и попови и да бидеме целосно упатени во религијата.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
од Владиката Наум:
Обичајот на бадниковото гранче е препознатлив обичај на Србите и на Српската Православна Црква и на ниту една друга православна Црква и народ. Овој обичај е насилно воведен во нашите цркви после утврдената српска окупација на Вардарскиот дел од Македонија по завршетокот на Првата светска војна. Мене ми е разбирливо зошто овој обичај се задржал или се обновил во Скопје и на некои други места, односно во делот на Македонија каде што според последниот попис живеат околу 40.000 Срби, но не ми е јасно зошто истото се случува и во некои други делови од Македонија и зошто еден туѓ обичај од незнаење да прифаќаат Македонците? Дали е во прашање медиумската соблазна на народот или незнаење или среброљубие или сензација или пак некоја друга причина, Господ знае? Знам само дека е ова прашање на национален идентитет и знам дека со медиумското форсирање на ваквите обичаи се дефокусира јавноста од она што е битно, а тоа е исполнувањето на Божјите заповеди, исповедта на своите гревови и причестувањето со Телото и Крвта Христови. Очигледно, многу е полесно да се собираат гранки по шума отколку да се чекори по тесниот евангелски пат.

Бадниковите огнови се во потполна несогласност со Црковното Предание. Палењето оган, печењето колбаси и пиењето ракија се во апсолутна спротивност со Божиќниот пост. Свештенството, за почеток, не треба да дозволи овие појави да се случуваат во црковните дворови. Истото важи и за бадниковата семејна вечера, ако луѓето се откажат од светата Причест заради јадењето зејтин и риба.

Ставањето на паричка во лебот или питата за Бадник е исто така српски црковен обичај. Како и да е, ставањето на паричка во лебот на Бадник нема никаква основа ниту во теологијата ниту во преданието на Црквата. Македонски црковен обичај е паричката да се става во лебот или во питата или во колачот на 14 јануари – денот на свети Василиј Велики, попознат во народот уште како Василица или како Стара Нова Година. Кој сака да знае повеќе за ова нека прочита во житието на свети Василиј Велики, кое може да се најде на македонски во православниот календар на интернет-страницата на Македонската Православна Црква – www.mpc.org.mk.
ова стои на сајтот на МПЦ
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
Ако каже МПЦ дека е у ред и јас се сложувам, затоа што сум православна Христијанка!

МПЦ до лани палеше огнови, по црквите избираа кумови за Бадник, ги благословуваа огновите.Оваа година нешто срамежливо го осудуваат овој обичај, а другата година којзнае што ке направат.Не се постојани во своите ставови постојано лутаат.Како човек да се потпре на нивната доктрина кога и самите тие препуштиле народот и пониските свештеници по чин да си прават христијанство како им одговара?

Самата МПЦ забегала од Библиското учење и сега незнаат или несакаат да се вратат назад кон Библиското учење.

Мора реформи да направат односно назад кон Христовата наука.Инаку овој народ ке лута и верата во Христос ке ја темели врз основа на кажувања од баби, дедовци и комшии.

Заради вакво свештенство секое село си има некое свое христијанство и мисли дека е најисправно, а пак сите тие варијанти немаат врска со Библиското.
 

jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
Да, да, има луѓе кои прават мислам и за Бадник и за Василица лепче.
Многу луѓе си играат сезнајкковци, самоуки и најпаметни па си праат по своја волја наместо Господова, ама тоа е ќе ни прости Бог и нека им прости на сите што незнаат.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
МПЦ до лани палеше огнови, по црквите избираа кумови за Бадник, ги благословуваа огновите.Оваа година нешто срамежливо го осудуваат овој обичај, а другата година којзнае што ке направат.Не се постојани во своите ставови постојано лутаат.Како човек да се потпре на нивната доктрина кога и самите тие препуштиле народот и пониските свештеници по чин да си прават христијанство како им одговара?

Самата МПЦ забегала од Библиското учење и сега незнаат или несакаат да се вратат назад кон Библиското учење.

Мора реформи да направат односно назад кон Христовата наука.Инаку овој народ ке лута и верата во Христос ке ја темели врз основа на кажувања од баби, дедовци и комшии.

Заради вакво свештенство секое село си има некое свое христијанство и мисли дека е најисправно, а пак сите тие варијанти немаат врска со Библиското.
Реформација?!Такво нешто и враќањето кон изворното Христијанстово овде се нема случено..Застанало некаде на Дунав..Затоа и се случуваат вакви работи за кои дискутираме..
 

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Извини а ти на кое стадо му припаѓаш?
Па кој да ми каже ти или некој на улица што ќе го сретнам?
Па сигурно МПЦ ти реков православна сум кого да слушам друг?
Муслиманиве оџата си го слушаат, други религии друг, мора некој, неможеме сите да бидеме теолози и попови и да бидеме целосно упатени во религијата.
Извини не мислев да те налутам...инаку јас сум од фамилијата на светлината...и во едно сум сигурен дека не сум дел од "аморфната маса на случајно поврзани атоми" :helou:
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
Значи МПЦ не си ја врши својата примарна задача, да го проповеда Божјото Слово, а пак тоа е запишано само во Библијата.Како пастири на ова стадо верници сносат голема одговорност, само веројатно не им значи мнигу тоа што овој народ го носат надвор од Христовото учење.
 

jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
Тука е спорот помеѓу Македонската и Српската православна црква, па и двете се правослани но ете со разични обичаи, не ми сметааат вакви за мене безначајни работи, како што се обичаите.(мислам за религијава беззначајни, не за општеството)
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Тука е спорот помеѓу Македонската и Српската православна црква, па и двете се правослани но ете со разични обичаи, не ми сметааат вакви за мене безначајни работи, како што се обичаите.
Обичаите не можат да бидат дел од Христијанството..тука е прблемот..
 

jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
Добро ама можат да бидат дел од човековите навики и начини за прослава и обожување на некој.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom